Култура и туризам

ВО МАДРИД – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ПИРИНЕЈСКИОТ ПОЛУОСТРОВ (5)

231

231

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Мадрид е престолнина на Шпанија. Во него, само во централното подрачје живеат над три милиони жители, додека, пак, тој со урбаниот дел и предградијата брои повеќе од 6 милиони жители. Затоа се смета дека Мадрид е трета најнаселена општина во Европската унија, по Париз и Лондон, а трет по големина по Лондон и Берлин.

Градот се наоѓа на реката Мансанарес и во чиј состав се издвоени и проширени предградија и села. Тој како општина се граничи со автономните заедници на Кастилја и Леон и Кастилја – Ла Манча. Освен тоа што е главен град на Шпанија и седиште на Владата, тој е и престолнина на шпанскиот монарх, што го прави и политички центар на Шпанија.

Поради своето економско производство, животниот стандард, како и големината на пазарот, Mадрид се смета за главен финансиски центар на Пиринејскиот Полуостров; домаќин е на седиштата на мнозинство од главните шпан-ски компании, како и седиштето на три од 100-те светски најголеми фирми. 

Освен тоа, Мадрид бил рангиран на 10-то место заедно со Хонгконг за најмоќните градови во светот, пресметани во топ 20 градови во 5 од 6 категории.

Иако Мадрид поседува модерна инфраструктура, сепак, го задржал изгледот и чувството на многу од неговите историски градби, населби и улици и на традиционалното шпанско живеење. Во тоа се уверивме при нашата посета и прошетките со професионалните разгледувања на градот со отворен туристичкиот автобус.

Во неговите обележја се вклучени огромната Кралска палата на Мадрид, Кралскиот театар со неговата обнова во 1850 година, во оперска куќа, паркот Буен Ретиро и величествената зграда на Националната библиотека. 

Исто така, во него се сместени: Шпанскиот историски архив, Археолошкиот музеј, како  и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, во кој е сместена една од најдобрите уметнички колекции во светот, Националниот музеј и Музејот на современата уметност. 

Го пропатувавме Мадрид за неколку дена и посетивме и други споменици на културата, уметноста, архитектурата и религијата. Посебно доживување беше посетата на спортскиот стадион на Фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, каде вриеше како во кошница од посетители.

Таму се запознавме со многу интересни кажувања од спортот, и спортското живеење во оваа престолнина на фудбалот и коридата. Исто така, го посетивме и универзитетскиот град на Мадрид, кој е во непосредна близина на стадионот.

2312


Палата во Мадрид

Го напуштивме Мадрид во попладневните часови и се упативме кон Тенерифе, патувањето на Канарските Острови со џамбоџетот на Авиокомпанијата „Иберија“ траеше повеќе од два часа. Без ниту трепет од турбуленција, се движиме надолу кон синилата на океанот, ѕиркаме љубопитно од прозорците, додека под нас ги врвевме копнените пространства, а потоа се најдовме над водите на Атлантикот.

Брзо слетавме во Тенерифе, кое е атрактивна дестинација како дел од некоја митска приказна. Пред нас се распослаа планини и рамнини, вулкански предели и камени стрмнини. Чист е воздухот од струите кои донесуваат пријатна клима во ова парче земја, чиниш изникнато од длабочините на океанот.

Канарските Острови, всушност, се некаков, веројатно, африкански архипелаг, кој според сплетот на историските и други околности е под управа на Кралството Шпанија. Потопени во морето, овие острови се состојат од седум поголеми, два помали и неколку малечки острови. Сите се со вулканско потекло и се наоѓаат на стотина километри од брегот на африканскиот континент.

 Канарските Острови се автономна област. Имаат 2 милиона жители, а како главни градови што ја делат оваа улога на метропола се Санта Круз де Тенерифе и Лас Палмас де Гранд Канарија.

Има многу што да се каже за овие острови. Од нивната почва, флора и фауна, до нивните цивилизациски траги и други посебности. Сепак, основната и носечка гранка е туризмот. Со самото тоа што годишно доаѓаат околу десетина милиони туристи од сите страни на светот, е доволен показател колку е привлечна оваа дестинација, каде реки од народ од сите меридијани, доаѓаат, престојуваат и заминуваат секој по својот пат.

Канарските Острови како дел од шпанското кралство, припаѓаат на Европската унија, но, тие не се вклучени во царинската и даночната шема на старата европска дама. Пријатната клима, сончевината и условите на овие места, токму се создадени за да успеваат голем број егзотични растенија, или агропроизводи и овошја, кои со своите еколошки и други квалитети се барани на пазарите. Особено тоа важи за лимоните, портокалите, смоквите, кајсиите, праските и др.

Со модерните сместувачки капацитети, со хотелските комплекси од највисока категорија и со вонпансионската богата понуда, Канарските Острови имаат за секого по нешто, за намерниците што доаѓаат на визита. Песочните плажи и чистата вода, бурниот ноќен живот, вкусната храна се доволна причина и повод да се помине подолг пат ама да се стаса до Островите.

Ги прокрстаривме некои од островите, но се чини дека вулканот. Отидовме најблиску што можевме до дел од планинските врвови, се спуштивме надолу до морскиот брег, каде што брановите удираат високо и силно, за да се почувствува онаа исконска магија на Канарските Острови.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top