Култура и туризам

Јубилејно издание на фестивалот „Илинденски денови“

ilindenski-denovi-bitola
Во организација на Центарот за култура Битола и под покровителство на Собранието на Република Македонија, вечер во овој град по 40-ти пат ќе се одржи државниот фестивал на народни песни и игри „Илиденски денови“.

– Четири децении овој фестивал има цел да мотивира, инспирира и презентира традиционални културни вредности. Фестивалот воедно стана стожер за духовно поврзување на Македонците од цел свет, огледало на мултикултурната разновидност изразена преку фолклорот на етничките заедници во Македонија, но и мост за поврзување со вљубениците на народната култура од сите медридијани, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.
ilindenski-denovi-bitola
Првата фестивалска вечер ќе почне со орото „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, а потоа на сцената на ракометното игралиште во Битола ќе настапат Русалиска фолклорна група „Русалии“ од Секирник, ФА „Гајда“ од Ињево, КУД „Панче Пешев“-Куманово, КУД „Копачка“ од село Габрово, АФ „Гоце Делчев“-Битола, КУД „Каршијака“-Скопје, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје, а вечерта ќе ја заокружат клубот „Леб и вино“ од Сандански-Бугарија и „Мелитис“-Мелити, Грција.

– Првпат годинава, а со цел да се отстапи повеќе простор за презентација и афирмација на вокално-инструменталниот сегмент на народната традиција, ја востановивме манифестацијата „Ехо од дамарите“ која ќе се одржи во битолската Магаза, веднаш по завршувањето на првата фестивалска вечер, најави Димитровски.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ е со натпреварувачки карактер и настапот на учесниците ќе го следи стручно жири во состав Блаже Палчевски, Тофе Дракулевски и Кире Стојчевски, потврдија од оваа национална установа.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top