Култура и туризам

ПРИКАЗНА ЗА СВЕТИ НИКОЛА МОРЕПЛОВЕЦОТ

Marija Vodenska

Marija Vodenska copy copy copy

Марија Воденска

Убав ден за празнување!
Денес е СВЕТИ НИКОЛА ЗИМНИ Морепловецот! 

Во старо време имало Царства. 

Царските деца ги праќале да се учат во големите прочуени школи кај прочуени учители.
Така се случило во еден голем град покрај морето, еден прочуен цар да го прати својот син, во таа школа да изучи повеќе науки од прочуени учители.
Од друг крај на светот, еден друг цар ја пратил својата миленица, ќерка си да учи во голем град, во високи школи со прочуени учители.
Во тој град покрај морето се сретнале двете царски деца да научат повеќе знаење од прочуени учители.

Со времето по години поминати заедно, децата порастеле, учеле и почнале да се дружат. Кога не биле во големото школо на учење, тие биле слободни и оделе на прошетка во градот. Често пати кога било морето мирно, оделе заедно на прошетка крај морето и често ангажирале лотки да се повозат по морето.

Еден ден, било Недела и заедно се упатиле кон градот да се прошетаат низ улиците и долго се загледувале по излозите во светлиот град.
По пат кон градот забележале еден стражар кој чува мртовец скраја од патот.
На враќање од градот го забележале истиот стражар крај мртовецот, со пушка преку рамото, а било студено и скоро пред зајдисонце.
Девојката и момчето заминале по патот, но се почудиле зошто мртовецот не е погребан и зошто стражар го чува. Девојката и момчето се вратиле назад и го запрашале стражарот зошто мртвиот старец, легнат крај патот се’ уште не е погребан како што е редот?
Стражарот му одговорил со следните лафови: “Старецот е должен три лири на човек, на кој треба прво да му го врати борџот а потоа ќе биде погребан…
Момчето ја чул причината за мртовецот зошто не е погребан, а веќе се стемнувало и студените денови станувале уште по куси. Момчето извадил од своите пари и го платил борџот за стариот мртовец, на стражарпот-војник со пушка на рамото.

По многу години во еден убав и сончев ден, девојката и момчето решиле да одат и да се повозат со лотка по морето. Го најмиле најблискиот лоткар, влегле во лотката и заминале кон отвореното море.
По некое време, бидејќи биле многу оддалечени од крајбрежјето на градот, кај што учеле во големите школи при прочуени учители, момчето и девојката се обеспокоиле и го прашале лоткарот каде ги вози и зошто се толку далеку од градот, дури ниту брегот не се гледа?
Лоткарот ги успокоил покажувајќи им еден мал остров сред морето и дека таму ќе се прошетаат а потоа назад ќе се вратат.
Дошле до островот сред морето и лоткарот му рекол на момчето, прво тој да излезе од лотката, а потоа девојката…
Момчето се симнало и во тој миг лоткарот ја свртел лотката и брзо отпловил кон спротивната страна низ отвореното море. Девојката викала, цикала и плакала на цел глас, но лоткарот ја насочил лотката кон далечните пристаништа на морето,
Момчето останал осамотен на пустиот остров. Ниту жива душа немало низ целиот остров, кој бил мал и невидлив за просторот на отворено море. 
Почнал да се храни со тревки и диви плодови што се раѓале на пустиот остров опколен со морските далги, оддалечен и невидлив од сите страни кон отвореното море. За цели три години станал коски и кожа од тагување по неговата друшка, со која го планирале заедничкиот живот.

Лоткарот ја имал забележано девојката многу поодамна и само се мислел како да ја присвои за себе.
Ја  однесол далеку, далеку покрај морето и таму изградил голема меана за патниците крај морето. На сред меана имало изградено кружни скали, по кои девојката се качувала секоја вечер и од таму пеела по желба на лоткарот, за расположение на гостите. Таа ги пеела сите песни што ги знаела и научила, само една песна никогаш не ја испеала. Песната што си ја пееле заедно со момчето, за кое мечтаела и тагувала. Таа песна никој не ја имал чуено од никаде, само двајцата ја знаеле и пееле оти била нивна песна.

За три години на пустиот остров ниту патник не поминал покрај островот, ниту пиле не пролетало над морето. Момчето секој ден се загледувал во далечини, не би ли некој заскитан лоткар да помине крај овој пуст остров.

Sveti-Nikola-spašava-brod

Еден ден како во магла од силното, сјајно сонце и одблесокот од зраците, надалеку здогледал нешто како лотка низ морето. Возбуден и растреперен, почнал да мавта со рацете, и со својата единствена кошула која останала до тоа време.
Викал силно колку што глас го држи, мафтал непрестајно, не би ли го забележал некој, кој сигурно е заскитан патник  низ отвореното море.
По некое време пристигнал старец крај пустиот остров, го прибрал во својата лотка и заминале  заедно по отвореното море. За тоа време. момчето му ја раскажал на старецот тажната приказна за себе и девојката. Му раскажал за неволјата што му се случилао и понизно му благодарил што, ете, го спаси од погибија.

Старецот го ислуша момчето и му предложи да работат заедно на варовникот со договор што ќе спечалат на половина да си поделат. Момчето беше задоволен и прифаќаше се’ што старецот предлагаше.

Спечалија доста пари и еден ден решија да се одморат и да пропатуваат по морето. Патуваа, пловеа долго покрај крајбрежните меани и гостилници. Се стемни и тие отседнаа во една од тие гостилници. Порачаа јадење за вечера и вино за пиење по вечерата.
Беа уморни,  но тивката песна која се слушаше од некаде ги расположи да поседат повеќе време во меаната. 
Момчето не можеше да види од каде идат тие гласови со мелозвучно пеење.
Девојката  која беше затскриена меѓу зеленило и цвеќе го забележа момчето и старецот кои порачуваа вечера. Тогаш во себе си рече: “Ќе ја запеам нашата песна, ако даде внимание може би тогаш…”  

Запеа како никогаш до тогаш толку жално и таговно во гласот кој трепетливо се разлеваше во гостилницата.
На момчето  му затрепери срцето и му светнаа очите, почна да се врти наоколу, но ништо не можеше да види од каде доаѓа тој мил, препознатлив, спокоен, наплив од песната.
Тогаш девојката полека се симна од кружните скали, обвиткани со зеленило и цвеќе, отиде во кујната и посака сама да ги послужи пристигнатите патници.
Не прозбори ниту збор, само со послужавникот го остави и писмото во кое им кажа каде да ја паркираат својата лотка.
Откако си заминаа и последните гости од крчмата, девојката дојде до скалите кајшто секоја вечер се качуваше на горниот кат за спиење, но во овој момент скрша кон задниот излез и влезе во лотката која беше укотвина до заниот влез.
Без шум замина далеку, далеку кон местото на варовникот кајшто живееја старцот и момчето.

Утрдента старецот му рече на момчето: ” Според договорот сега е време да го поделиме спечаленото на половина!”
“Така е Дедо, ќе делиме на половина!”
“Но и девојката ја спечаливме заедно и таа ни припаѓа по една половина!”
“И неа Дедо ќе ја делиме на половина,” со насмевка од се’ срце изговори момчето.
Тогаш старецот му се кажа кој е! Му рече: ” Да сте ми здрави и благословени! Парите и девојката се твои!”

Јас сум оној старец што мртов го чуваа на патот во градот, додека не си го плати борџот на земјата, а вие ми го исплативте тој борџ. Ти му ги даде лирите на војникот стражар со пушката, кој беше задолжен да ме чува и да не ме погребат додека не си го платам борџот на земјата….”
“ЈАС СУМ СТАРЕЦОТ СВЕТИ НИКОЛА МОРЕПЛОВЕЦОТ!”

п. с.
По многу години за време на мојот престој во Торонто, во една свештеничка фамилија, покрај другите книги во библиотеката, имаше една стара, изветвена книга со пожолтени и по рабовите извиткани и изабени страници. Таа книга ми го привлече вниманието и таму го прочитав животописот за Светецот Никола. Свештеник од четврти век од н.е. кој служел и живеел во градот Бари во Италија.

По желба на Ирена се зафатив да ја напишам легендарната приказна од мајка ми, по прикажување од баба и´ Неда, грижлива сопатничка  од Цакони, омажена за дедото Јованче од Солун.

Приказната за Светецот НИКОЛА и неговото упокојување, мајка ни ја раскажуваше повеќе пати пред спиење, а потоа продолжуваа приказните од баба ни Марија_ Муша комитката од Kронцелево, Воденско.
Бевме избегани од Граѓанската Војна во Егејска Македонија под Грција, дојдени во село Три Чешми, Штип, Република Македонија

Зима во Бостон, 19 декември 2021 година

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top