Култура и туризам

ВО КИЕВ – ГРАДОТ НА ПОЛИТИКАТА, РЕЛИГИЈАТА, КУЛТУРАТА… (18)

21 copy

21 copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА  „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Да се биде неколку дена во Киев значи да се доживее нешто ново, недоживеано. Тоа се потврди со мојата посета на овој велеград, кој често го на­ре­куваат: град на контрастите, на цвеќето, на сту­дентите, на минатото, на сегашноста, на иднината, на љубовта… Овие епитети Киев ги добил зашто во него се измешало и старото и новото, од исток и од запад, од север и од југ; зашто неговите жители со љубов негуваат цвеќиња по прозорците; зашто нај­големиот број студенти се школуваат токму тука; зашто во него се случиле бројни историски собитија; во него се потврдила древната историја, денешната вис­тина и иднина на Киев; зашто намерникот во него до­живува дел од животот единствен и карак­те­рис­ти­чен за украинскиот народ и држава.

Според податоците на голем број ана­ли­ти­ча­ри, Киев започнал да се развива уште во 9-от век, а е запишан во една повелба на летописот Нестор во по­четокот на 12-от век. Така, во тој документ се вели след­ното: “Си биле тројца браќа; едниот се викал Киј, другиот Шчек, третиот Хорив, а името на нивната сестра било Либед. Тие си живееле сложно како браќа и живееле во планините: Киј живеел кај Борич, Шчек живеел во денешното место Шчековица, а Хорив на третата планина која се викала Хоревица. Овие тројца браќа создале град на кој му го дале име­то на најстариот брат и го нарекле Киев. Градот се развивал до околната шума од високи борови дрвја во која царувале голем број ѕверови”…

Ова е само легенда. Определен број ис­торичари се склони да го прифатат мислењето дека Киј бил историска личност, а можеби е првиот ки­ев­ски кнез. Меѓутоа, за ова има и спротивни мислења. Но, се знае дека од 9-от век Киев почнал да се раз­вива како средновековен центар на Словените и се из­дигал како културен центар благодарение на прос­ве­тителската дејност на св. Кирил и Методиј, сло­вен­ските просветители. За тоа сведочат многу до­ку­менти и аргументи.

Киев го посетив по втор пат. Првиот беше во сеп­тември 1986 година, во времето кога Украина беше во состав на Советскиот Сојуз и кога преку Киев летав до тогашниот Ленинград (денешен Санкт Пе­тербург), а оттаму за Москва и назад за Бел­град, две престолнини преку кои беа насочувани кон­­так­ти­те на културно-историските врски меѓу Ма­ке­­до­ни­ја и Украина. Затоа и денес на двата народи им е заед­ничко малото познавање едни со други, а чес­то и непознавањето на сопственото минато. Вто­рата по­сета, пак, ја остварив по една деценија, во сеп­тем­ври 1996 година, кога на покана на Ка­би­нетот на министрите учествував на ме­ѓународната кон­фе­рен­ција на тема: “Религијата и црквата во пос­т­­ко­му­нис­тичкиот период” што се одржа во Ук­ра­ин­ската ака­де­мија на науките и уметностите во Киев.

Инаку, Украина по територија е 24 пати по­голема од Република Македонија. Таа е неколку де­се­тици илјади квадратни километри поголема од це­лиот Балкански Полуостров. Зафаќа простор колку Франција, Белгија и Холандија заедно или колку Гер­манија, Швајцарија, Австрија, Унгарија и Данска заедно. Или, повеќе од Шпанија и Португалија, а рам­но двапати повеќе од Италија. Таа е индустриски раз­­виена земја со огромни капацитети и суровини, но со транзициони проблеми и тешкотии.

Македонија и Украина имаат многу заеднички нешта. Двете земји се наоѓаат на стратегиски прос­тори и имаат богато културно-историско наследство интересно и за соседите. Освен тоа, обете земји има­ат богата почва за земјоделство, овоштарство и сто­чар­ство што во минатото било исклучително зна­чај­но за завојувачите. Обете земји биле предмет на рас­парчување, туѓа доминација, а и на дена­цио­на­ли­зација на нивните народи. И обете стекнале др­жав­ност со заминувањето на социјалистичката ре­во­луција и пренесувањето на суверенитетот на фе­де­рацијата: СССР и СФРЈ, од кои, по оса­м­о­сто­ју­ва­ње­то, си ја вратија самостојноста и сувереноста.

Исто та­ка, Република Македонија со години беше при­сут­на во Украина (сега со намалена динамика) во гра­деж­ништвото и туризмот, а Украина во Македонија, глав­но, со челикот за Скопската железарница. Ме­ѓутоа, се чини дека и двете држави имаат слични не­пријатности: економско-политички блокади и цр­ков­но-верски оспорувања, главно од старите кру­го­ви во престолнините на претходните федерации.

Прашањето, пак, во однос на црквите, се дол­жи на традицијата и толкувањето која е “мајка”, а која “ќерка” црква. Факт е дека директните врски биле Охрид – Киев, почнувајќи од 9-от век кога од Ох­ридскиот универзитет почнал протокот на идеи, пи­с­мо и култура на североисток, исток и север. Киев­скиот кнез Владимир во 987 г., според академик Вла­ди­мир Мошин, “прв испратил пратеништво кај Са­моил во Охрид со предлог за сојуз и молби за орг­а­ни­зирање на христијанска црква со словенска бо­го­служ­ба”. Како резултат на тоа од Охрид бил ис­пра­тен во Киев епископот Леон на функцијата мит­ро­по­лит на Киевската Русија. Тој таму заминал со мно­гу­бројни мисионери – свештеници и ѓакони – со голем број богослужбени книги кои се основа за преписи и за создавање своја книжнина.

Откако се покрстил бла­жениот Владимир, како што е запишано во рус­киот летопис на новогородските владици од 991 го­дина, продолжило просветителското ширење на Све­тото писмо на третиот црковен јазик во Европа из­лезен од Македонија, старославјанскиот, што бил раз­бирлив наспроти дотогаш грчкиот и латинскиот. Така Киев, што ќе рече Украина, станал ново кул­тур­но зрачиште, пандан на Охрид како “православен Еру­салим”, односно Киев како “втор Охрид”, а врс­ки­те, со повратен стремеж, траат во сите следни векови, и особено се изразени во 18-от и 19-от век, по Илинденското востание во 1903 година и во најново време.

212 copy

Киев

Според историските податоци се знае дека охридските архиепископи, односно патријарси, се интитулирале со името на Јустинијана Прима од 535 година. Затоа е уште повозвишено значењето на ма­­ке­донската културно-духовна престолнина. Јус­тинијана Прима со едикт на Јустинијан Први, роден во Таор кај Скопје, била прогласена за прва по ранг црква по Романија која го опфаќала просторот и на пропаднатото Западно Римско Царство. Тој примат траел 10 години, по што Јустинијана Прима била прогласена за еднаква на Рим и Константинопол “за сите времиња”, што никогаш не е отповикано.

Од Охридската архиепископија неканонски во 1219 година се отцепи Смедеревската епархија која прераснала во Српска православна црква. Аналогно на тоа прераснување се случи и со Руската пра­во­славна црква. Поради тоа сега постојат обиди за присвојување на двата “Охрида” или “двата пра­во­славни Ерусалима”, со сето културно, ис­то­рис­ко, умет­ничко и книжно наследство од страна на Рус­ката и Српската православна црква.

При посетата на Киев намерникот се среќава со старата традиција преку црквата “Св. Софија” што ја подигнал киевскиот владател Јерослав Муд­ри во 1037 година. Црквата е вистински спо­меник и пре­кра­сен монумент чии 13 куполи покриени со 19 кг злат­­­­ни листови ги симболизираат 12-те апос­то­ли за­ед­но со Исус Христос и 13-те области што ги обе­ди­ну­ва Украина. Внатрешниот дел на црквата е многу ин­тересен, особено мозаиците кои се из­ра­­ботени со един­ствена техника која до денес ос­та­­нува неиз­ме­не­та, а мозаиците воопшто не се рес­та­врирани. Во цен­тралниот внатрешен дел на ку­по­лата доминира све­та Богородица, а во долниот дел на црквата се чу­ва саркофагот на големиот гра­дител владетелот Јарослав Мудри.

Во текот на престојот ја посетив на далеку познатата Киевско-печарска ларва која е изградена во 1051 година во текот на владеењето на на­пред­ниот владетел Јарослав Мудри, кој бил вљубеник во уметноста и културата. За посетителот на овој ма­­настир многу се интересни старите пештери, за кои се верува дека во една од нив се наоѓа и гробот на познатиот руски патописец Нестор, кој ја за­бе­ле­жал и легендата за градот Киев. Овој стар интересен ма­настир во 1926 година бил претворен во голем ис­то­риско-културен музеј. Денес тој е дел од Киевската пат­ријаршија и во него започнал да се развива цр­ков­но-духовен живот.

Во текот на одржувањето на Конференцијата остварив бројни средби, и разговори со претстав­ници на министерствата, дирекциите или ко­ми­си­ите за религија на Албанија, СР Југославија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Украина, Чешка, Бе­лорусија, Молдавија, Русија, како и со прет­став­ни­кот на Ерменската православна црква со седиште во Киев. Потоа остварив контакти со прет­став­ни­ци на Интернационалната академија за слобода на ре­ли­гијата и верата, Советот за слобода на ре­ли­гијата, двете од САД и Велика Британија, како и со Укра­ин­ската асоцијација за испитување на ре­ли­гијата, со пре­т­ставници на Институтот за религија и на Ака­демијата на науките и уметностите на Ук­раина. Во разговорите беше нагласена улогата на Ма­ке­дон­ската православна црква, како и правата што ги ужи­ваат црквите, верските заедници и ре­ли­гиозните гру­пи согласно со Уставот на нашата држава и Законот за правната положба на верските заедници во Република Ма­ке­донија.

Меѓутоа, се чини дека од сите средби нај­воз­буд­лива беше средбата со патријархот киевски и ук­раински, неговата светост г.г. Филарет, човекот кој со својот изглед, харизма и православен дух остава впечаток кај соговорникот. Приемот се одржа во не­говата резиденција, при што, на негово барање, раз­говорот го водев на украински и македонски. Со тоа ги потврдивме и проширивме охридско-киев­ските врски од пред десет века. Во разговорот, кој траеше еден час, патријархот г.г. Филарет зборуваше за состојбата на Украинската православна црква и проблемите што ги имаат со Руската православна црква. Притоа, патријархот г.г. Филарат изрази под­гот­ве­ност да воспостави христијански, православни кон­такти со Македонската православна црква и да при­ми нејзини свештени лица кои со украинските вла­­дици би сослужувале во некоја украинска црква, што ќе претставува де факто признавање на двете цркви во Република Македонија и  Украина.

За време на срдечната средба, на патријархот ки­е­в­ски и украински г.г. Филарет му подарив ли­те­ра­тура која го осветлува историскиот развој на Ма­кедонската православна црква и на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД. Тој изрази голем интерес за македонските цр­ковни општини во дијаспората, бидејќи, како што рече, и Украинците имаат бројно иселеништво во САД и Канада.

 А, тие преселници од Украина, кои има­ат иста или слична судбина како и Македонците, се добро организирани во дијаспората. Така, во Канада и во САД имаат свои редовни училишта, ко­леџи и други институции, додека поголемиот дел од исе­леништвото припаѓа на Унијатската црква. И на тие простори Македонците и Украинците си нашле заедничка љубов и христијанско зближување преку нив­ните цркви, црковни општини, културно-умет­нич­ки друштва и други асоцијации, кои имаат заедничка цел да бидат поблиски како многу сродни пра­во­славни народи.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top