Култура и туризам

ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА

1112 copy

1112 copy

СЕ ПОДГОТВУВА БРОШУРА НАМЕНЕТА ЗА  МАКЕДОНЦИТЕ  КОИ ДЕНЕС ЖИВЕАТ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

Сведоци сме дека во последно време во егејскиот дел на Македонија се случува вистинска национална преродба на Македонците, кои сѐ поотворено и посмело ја артикулираат својата македонска национална припадност. Тие тоа го прават главно преку масовно посетените народни собири и веселби каде отворено се изведуваат македонски народни песни и ора.

Меѓутоа, од аспект на познавањето на македонската историска вистина нашите сонародници и натаму се оставени сами на себе немоќни да се спротивстават на грчката денационализаторска пропаганда, која ја користи токму историјата за нивно денационализирање. Логиката на грчките денационализатори е во стилот: „Можете да играте и да пеете колку сакате ваши ора и песни, но Македонија отсекогаш била грчка. Александрос Мегалис бил Грк. Античките Македонци зборувале и пишувале на грчки, ги славеле грчките богови и носеле грчки имиња, а вие немате никаква врска со античките Македонци, туку сте Грци славофони…“ За жал, тамошните Македонци  нема од каде да прочитаат податоци со кои успешно ќе опонираат на ваквите пропагандни артикулации со помош на кои се врши нивната денационализација, а причината е во тоа што најголем дел од нив, иако зборуваат македонски, поради добро познатите причини, умеат да пишуваат и да читаат само на грчки.

Имајќи го предвид сето ова, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип подготвуваат објавување брошура во електронски формат под наслов: „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА“ иподнаслов „Прирачник за успешно опонирање против грчката денационализаторска пропаганда што до денес  се води среде Македонците во егејскиот дел на Македонија за нивно грцизирање“.         

Автор на овој прирачник е историчарот и писател  Александар Донски, а брошурата во електронски формат, освен на македонски, ќе биде објавена и на англиски и на грчки јазик и ќе биде бесплатно делена среде Македонците во егејскиот дел на Македонија, но и среде странските субјекти.       

Во брошурата на едноставен, аргументиран и убедлив начин е даден бескомпромисен одговор на фундаменталните  големогрчки артикулации од областа на историјата. Така, на пример, во брошурата ќе прочитате дека:        

– Постојат сведоштва од близу педесет старогрчки и други антички автори кои јасно тврделе дека античките Македонци биле посебен народ во однос на Грците и дека тие зборувале на посебен македонски јазик, кој бил неразбирлив за Грците. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф дури запишал и дека Македонците и Грците во тоа време меѓусебно комуницирале преку преведувачи.  

– Таканаречените „грчки богови“ воопшто не биле грчки! Уште Херодот во 5 век пред Христа  запишал дека Грците ги презеле имињата на тие богови од древниот балкански народ Пелазги, за кој тврди дека зборувале на неразбирлив јазик во однос на Грците. Докажано е и дека над 80% од авторите на делата од т.н. „Грчка митологија“ воопшто не биле Грци, а истото важи и за најголем дел од ликовите од оваа митологија, кои исто така немале грчко потекло. Од своја страна античките Македонци славеле и свои посебни богови кои ги немало кај околните народи. Сето ова во детали е обработено во брошурата.  

– Старгрчките автори вештачки ги грцизирале личните имиња на луѓе од сите народи со кои доаѓале во допир, додавајќи им го во своите записи суфиксот „ос“ за да изгледаат како „грчки“. Ќе прочитате список од стотици лични имиња (но и топоними и други зборови) на Тракијци, Илири, Етиопјани, Асирци, Персијан­ци, Егип­јани, Либијци, Индијци, Итали и други народи, кои во грчките антички извори останале запишани со завршетокот „с” („ос” или „ис”). Па зарем тоа значи дека сите тие народи биле „Грци“? Така треба да се гледа и на личните имиња на Македонците кои во античките извори биле запишани со суфиксот „ос“, кој вештачки им бил додаден. Најголем доказ за ова е името на нашиот најголем цар Александар Велики Македонски. Во старогрчките записи (пишувани со векови по неговата смрт) неговото име е запишано како „Александрос“, но во Вавилонските астрономски записи пишувани со клинесто писмо во 4 век пред Христа, т.е. во времето во кое Александар живеел, неговото име е запишано како – Александар!   Освен тоа, не сите имиња кои ги носеле античките Македонци биле запишани од старогрчките автори. Некои од ове имиња се откриени и на гробни и други натписи што значи дека нив ги запишувале самите Македонци. Добар дел од овие автентични македонски лични имиња воопшто не завршуваат на грчкиот суфикс „с“, па дури некои повеќе асоцираат на имиња изведени од јазик близок до современиот македонски јазик. Некои од ваквите лични имиња се: Дада, Дуле, Заика, Заимина, Ластен, Лика, Мама, Мамина, Мило, Мома, Момо, Нана, Сита, Скрита, Тато, Тате, Татаја, Филина и други. И ова во детали ќе биде образложено во брошурата.

– Во македонскиот фолклор постојат голем број песни, приказни, легенди и преда­нија со античко-македонска содржина регистрирани уште во 16, 18, 19 и 20 век.  Посто­јат и одредени фолк­лорни еле­мен­ти (посеб­но во при­казните), кои влечат ко­ре­ни од времето на античка Маке­донија, а постојат и голем број обичаи, обреди и народни верувања кои останале уште од античките Македонци среде Маке­донците во 19 и 20 век. Сето ова детално е елаборирано во брошурата заедно со докази поткрепени со ДНК анализи за врските помеѓу денешните и античките Македонци.

Ги повикуваме македонските патриоти и пријатели на Македонија да се вклучат во реализацијата на овој исклучително значаен и уникатен патриотски проект, каков што досега не е забележан!  Да им помогнеме на Македонците во егејскиот дел на Македонија успешно да се спротивстават на грчката денационализаторска политика. Ако ние сами не си ја експонираме сопствената историја пред светот и ако не се бориме за правата на нашите сонародници, никој тоа нема да го направи наместо нас.

За повеќе информации обратете се кај Претседателот на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј Душан Ристевски на е-маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или на авторот Александар Донски на е-маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top