Култура и туризам

ВО ХАМБУРГ – ГРАДОТ НА ГОЛЕМИОТ ЈОХАНЕС БРАМС (22)

65

65

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА МЕТРОПОЛИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Повеќе од 800 години Франкфурт е еден од најзначајните интернационални саемски градови. Затоа, и мудриот Германец најнапред започнал да го гради големиот аеродром, чија пристанишна зграда може да прими и послужи десетици милиони патници годишно. Потоа, во таа метропола е изградена најголемата спортска сала, во која се одржуваат бројни европски и светски спортски и други манифестации, се извишуваат разни зданија од уметноста, театарот, науката и други институции што ѝ даваат посебен белег и значење на оваа германска и европска метропола.

Кога го рзгледувавме Франкфурт, чекоревме полека љубопитно набљудувајќи    ги улиците во кои во минатото се одвивал централниот градски сообраќај, а денес се пешачка зона. Царството на пешаците каде човек се чувствува не како во една свет ска деловна метропола, туку како во простран прекрасен парк во кој холтикултурата дошла до израз. Таму има простор за сите: за купувачи, шетачи, и за оние што безделничат. Денес во милионскиот Франкфурт има повеќе улици кои служат како пешачки зони за одмор и рекреација на народот.

Во центарот на градот ја посетивме црквата „Света Катерина“, а потоа се упативме во една авенија на која се лоцирани поголем број кафеани, бистроа, продавници од различен вид и тип и други интересни монументални зданија на овој град. Таму видовме голем број обновени и реставрирани деловни згради и споменици кои, како што ни беше речено, биле оштетени или уништени во Втората светска војна. Во една скромна кафеана, со германско пиво, ги слушавме 35-те ѕвона на црк- вата „Свети Никола“, црква која е градена во 1290 година, во исто време со црквата „Свети Климент Охридски“ во Охрид, што зборува дека во тој период и Германците и  Македонците имале голема почит кон светителите.

Во вечерните часови заминавме од Франкфурт за Хамбург, кој е една од поголемите метрополи во Германија, а и во Северна Европа, со над два милиона жители, распространет на површина од 755 квадратни километри. Град кој има значајно историско минато и сегашност за германскиот народ и град пристаниште со статус на сојузна покраина на Германија, оддалечен стотина километри од лабинската утока, преку која е поврзан со Северното Море.

Хамбург е најголемо пристаниште во Германија за прекуокеански сообраќај, а за увозно-извозната трговија е еден од најголемите центри во светот. Огромни, необични и интересни прекуокеански бродови се укотвуваат во Какехафен, на устието на реката Елба. Исто така, тој е важна сообраќајна крстосница за железничкиот и за авионскиот сообраќај. Во него е развиена машинската, дрвната, авионската, хемиската и други индустрии. Таму има бројни театри, библиотеки, високообразовни институции и институти, цркви и многу други културно-историски зданија и споменици.

Оваа метропола е родното место на големиот светски композитор Јоханес Брамс. Слушајќи ги прекрасните ноти на вечерниот концерт, господинот што седеше до нас нѐзапраша: „Го сакате ли вие Брамс?“ Му одговоривме со еден збор: „Апсолутно, го сакам Брамс!“

Градот го формирал Карло Велики во IX век, градејќи тврдина на истото место на кое е лоциран Хамбург. Старата тврдина се развила во бискупски центар кој заедно со околните места претставувал стратешки објект и предизвик за бројни освојувачи.

66

Така, Викинзите го нападнале градот, го ограбиле, го разрушиле и си заминале, исто како и славјанските племиња што го направиле истото малку подоцна. Затоа, со право се вели дека Хамбург има бурна историја, но и чудна судбина. Сепак, како феникс,- секогаш успевал повторно да застане цврсто и да се обнови.

При посетата на овој убав, современ, значаен и модерен европски центар, бевме информирани дека во XI век на просторот на Хамбург биле изградени два замока еден спроти друг, Алстербург и Неуебург. Меѓутоа, нивната судбина била тажна. Ги зафатил голем пожар и речиси ги уништил. А и бројот на жителите бил десеткуван од колерата, болест што го собирала својот данок низ Европа. Потоа бил освојуван и раз- урнуван од многу племиња, како и од Наполеон, од Германите…

Во почетокот на минатиот век, бројот на неговите жители се зголемил до еден милион, а градот станал значаен германски и севернобалтички центар. Изградени се монументални зданија, обновени се старите архитектонски комплекси со што градот го добива својот вистински имиџ. Меѓутоа, во 1943 година Хамбург ја плаќа цената на фашизмот; сојузничките бомбардери уништиле половина од него.

Според зборовите на нашите домаќини, градот лежел на големи урнатини. Меѓутоа, вредните раце на германскиот човек го направиле своето. Во повоениот период следи силен подем; обнова на разурнатото и изградба на голем број објекти во централниот дел на градот, на бреговите на реката Елба и бројните канали, како и во околните места. Затоа, денес, Хамбург е привлечен за многубројните туристи кои како река се слеваат од целиот свет и е пријатно катче за работа и за живот.

При нашата посета ни беше речено дека Хамбург често го нарекуваат „градот на складиштата“, бидејќи во него се сместени илјадници стоваришта за различни стоки. Има безброј докови, мали пристаништа за прифаќање на бродовите со голем број производи, кои со безбројните големи контејнери се пренесуваат низ Европа и пошироко.

Градот има и еден друг изглед. Имено, вештачкото езеро Алстер, заедно со река та Елба, со бројните канали и паркови што ги поврзуваат и најоддалечените места, му даваат имиџ како на „зелена“ метропола која изникнува од бреговите на водената маса. Таа глетка ја збогатуваат 2. 321 мост со кои се поврзани овие канали и го држат приматот на Хамбург како град со најголем број мостови во светот.

Во исто време тој е град на културата, забавата, познат по многуте изложби, спортски натпревари, концерти… Затоа, дневно околу 150.000 луѓе од други места на Германија и светот доаѓаат да го посетат, да купуваат или да уживаат во сè она што им го нуди оваа германска метропола.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top