Култура и туризам

ВО ЕЛВАНГЕН – НА ГРОБОТ НА СВЕТИ МЕТОДИЈ СОЛУНСКИ (23)

907

907

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Во Франкфурт пристигнавме во попладневните часови, за потоа да го продолжиме патувањето кон Штутгарт, кон Елванген, кај местото, или поточно затворот, во кој темнуваше сесловенскиот и македонски просветител, духовник и учител свети Методиј Солунски – Моравски. Човекот кој ги насочи сите универзални вредности на духовниот, образовниот и културниот живот на општословенскиот народ.       

Во предвечерието го напуштивме Франкфурт и со автобус појдовме за Штутгарт, а оттаму за Елванген, каде се одржуваше чествувањето од смртта на сесловенскиот и македонски просветител, христијански мисионер и рамноапостол свети Методиј, во чија чест и се одржа манифестацијата „Македонија во чест на свети Методиј“. На чествувањето присуствуваше државна и црковна делегација од Македонија.

Патувањето коешто траеше околу четири часа беше пријатно во удобниот автобус, во кој, бидејќи сите бевме паници од Македонија, се пееше, се пиеше и се веселеше. Поминувавме низ голем број населени места на кои со својот еколошки изглед треба да им позавидат многу нации во светот. Целиот пат помина за миг,  како да беше на филмска лента.

При нашата посета на земјите од Европската унија, бевме Делегација во состав архиепископот г.г. Михаил, поглавар на Македонската православна црква; митро-политот Кирил, полошко–кумановски архијереј, митрополитот Горазд, европски архијереј и авторот на овие редови, во својство на потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија

Во доцните вечерни часови стасавме во градот Елванген што се наоѓа во областа Баден-Виртенберг. Таму се наоѓа местото каде свети Методиј Солунски бил заточеник на тогашните услови и прилики. Инаку, Елванген има околу 15.000 жители и е сместен на околу 110 километри југоисточно од Штутгарт. Градот се споменува уште во VII век, додека во IX век е седиште на над-бискупијата, епископијата и црковниот суд. Елванген е општински центар на 11 поблиски села и мали гратчиња.

Градот започнал да се развива околу манастирскиот комплекс кој во средниот век претставувал жариште на христијанството. Елванген е распространет на една блага висорамнина, со бујна вегетација, шуми, родни полиња и лозја. Тој е препознатлив и по прекрасното вино и пиво. Се смета дека граѓаните на Елванген се многу вредни и дека меѓу првите во Германија започнале да го произведуваат пивото. Исто така, е познат и по индустријата за батерии „Варта“ – која го снабдува целиот свет со батерии од секаков вид.

9078


Елвангел

При нашата посета бевме информирани дека црковниот суд во градот Елванген функционирал уште во средниот век и по традиција и во денешно време тој суд е сместен во ова мало гратче. Исто така, за жителите на Елванген посебно е изразено присуството на ликот на свети Методиј и неговото име во народните верувања.  Покрај свети Бенедикт, свети Методиј е прогласен за нивни заштитник и патрон.

Во Елванген е сместен манастирскиот комплекс каде поради ширење ерес Регензбурскиот црковен суд го осудил свети Методиј на три години затвор. Меѓутоа, во вековите што доаѓале, трудот и заложбата на свети Методиј да се шири христијанството, покрај на трите мртви јазици (хебрејски, грчки и латински), и на словенски, бил признат и применет од нивна страна во ширењето на христијанството на германски јазик.

Поради тоа, во народните верувања се среќаваат легенди, како, на пример, дека свети Методиј градот го спасил од големи поплави, невремиња и заразни болести. Имало случаи со поклоненија и молепства кон свети Методиј да им се излечат болестите на мали деца или да им „се отвори среќата на младоженците и да добијат пород“. Затоа на денот на свети Методиј граѓаните од Елванген не работат.

Во непосредна близина на манастирскиот комплекс во Елванген се наоѓа Методиевиот плоштад. До него води Методиевата улица која ја поврзува зградата со Методиевата темница. Малечката тесна уличка е имену-вана како „Методиева темница“. Се верува дека свети Методиј преку ден со часови бил испитуван во манастирскиот комплекс, додека ноќно време бил одведуван во посебна визба, заради безбедност, каде ги минувал затворските маки.

Како резултат на политиката кон сесловенскиот просветител, во црквата „Свети Војт“ на витражна слика е претставен свети Методиј со своите ученици, како ги поучува и воведува во христијанството.

Карактеристично за жителите на Елванген е тоа што тие многу внимание посветуваат на заштитата и уредувањето на животната средина, на древната алпска архитектура. Во разговор со нив дознавме дека се гордеат со името Германи и дека се директни потомци на Германите. Имаат раскошна носија, мелодичен фолклор, исполнет со песни и типични алпски ора и танци.

Инаку, за време чествувањето на свети Методиј, во Католичката црква што се наоѓа во самиот центар на Елванген се одржа богослужба. По службата поворката од неколку  стотини луѓе се упати пред спомен-плочата на местото каде бил затворен свети Методиј Солунски во период од три години.

Таму се изврши осветување на плочата, посветена на свети Методиј, на која пишува: „Почит и вечна благодарност кон нашиот просветител и христијански мисионер, рамноапостол свети Методиј“. Со тоа Маке-донија и македонскиот народ каде и да е во светот изрази  вечна благодарност кон човекот кој ја заорал првата бразда во ширењето на христијанството и просветлувањето на целиот словенски род, оттргнувајќи го од многувековниот духовен мрак.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top