Култура и туризам

ВО БЕРЛИН – ГЛАВНИОТ ГРАД НА ЗЕМЈАТА НА ПРОГРЕСОТ (24)

1126

1126

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Берлин  е главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од околу 4 милиони жители, Берлин е најголемиот град во Германија, и е центар на метрополитенската област Берлин-Браденбург, во која живеат луѓе од над 190 земји. Географски, градот се наоѓа во Европската рамница и затоа е под влијание на умерената сезонска клима. Околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера.

Во Берлин човек во поголема мера се соочува и со германската историја – со објекти и споменици на Прусија и на германското царство, со архитектура на Вајмаровата Република, со докази за Третиот рајх со места од кои се вршени прогони на Евреите со покази за едно поинакво време и настан. Ова соочување со минатото, исто така, може да пре­диз­вика политичарите на новата генерација да бидат предводници на сосема друг курс во модерните текови и предизвици

Првите податоци за градот потекнуваат од 13 век. Берлин бил едноподруго главен град на Кралството Прусија), на Германското царство , на Вајмарската Република  и на Третиот Рајх . Во текот на 1920-тите години, Берлин бил трето градско подрачје по големина во светот. По Втората светска војна градот бил поделен на Источен Берлин кој станал главен град на Источна Германија и Западен Берлин, поделен со Берлинскиот ѕид  (1961-1989). По германското обединување во 1990, градот си го вратил својот статус како главен град на Германија и домаќин на 147 странски амбасади.  

Берлин е светски град на културата, политиката, медиумите и науката. Неговата економија првенствено се заснова на услужниот сектор и опфаќа разновиден мозаик на креативни индустрии, медиумски корпорации, конгресни и конвенциски центри. Берлин претставува континентален центар за воздушениот и железничкиот сообраќај, и еден од најпосетените туристички центри во Европа.

Метрополата е дом на светски реномирани универзитети, истражувачки институти, спортски настани, оркестри, музеи, а во неа живеат и многу познати личности. Со своето урбаното и историско наследство, градот ги привлекува и меѓународните филмски продукции. Берлин е познат по своите фестивали, разновидната архитектура, ноќниот живот, современата уметност, јавната сообраќајна мрежа како и по високиот квалитет на живеење. Либералниот начин на живеење и модерниот дух на времето ги привлекува младите луѓе и уметниците од целиот свет.

Според историските податоци триесетгодишната војна од 1618 до1648 година имала катастрофални последици за Берлин. Една третина од куќите биле оштетени, а градот изгубил половина од своето население. Фридрих Вилхем, наследник на својот татко Георг Вилхелм, бил познат како „големиот изборен кнез“ и тој вовел политика на промовирање на имиграцијата и верската толеранција. Со Постдамскиот едикт во 1685 година, Фридрих Вилхелм им понудил азил на француските хугеноти.  До 1700 година, околу 20% од жителите на Берлин биле Французи и нивното културно влијание врз градот било огромно. Уште многу други имигранти дошле од Бохемија, Полска и Салцбург.

Берлин станал главен град на Германското царство во 1871 година, со крунисувањето на Фридрих I во 1701 година,  тоа било успешен обид главниот град да се централизира во распространетото Пруско Кралство и оттогаш, за прв пат, градот почнал да се проширува. Во текот на 19 век, индустриската револуција го променила Берлин; економијата и населението на градот драстично се прошириле и тој станал железнички и економски центар во Германија.

Во  1918 година, на крајот од Првата светска војна , во Берлин била прогласена Вајмарската Република. Во 1929  година, со актот за Голем Берлин, кон градот биле приклучени десетици предградија, села и имоти околу Берлин со што се проширил градот На 30 јануари 1933 година, Адолф Хитлер и Нацистичката партија дошле на власт. Нацистичката власт ја уништила еврејската заедница во Берлин, која пред 1933 година броела 170.000 луѓе.  За време на Втората светска војна, голем дел од Берлин бил уништен во воздушните напади во 1943-1945 година. Градот бил опустошен и во текот на битката на Берлин, кога стотици илјади луѓе загинале, од кои околу 125.000 биле цивили.

По крајот на војната во Европа во 1945 година, во Берлин се населиле голем број бегалци од источните провинции. Победничките сили го поделиле градот на четири дела, соодветно на окупационите зони на кои била поделена Германија.Берлин бил опустошен од бомбардирањето во Втората светска војна, а многу од старите градби во двата дела на Берлин, кои тогаш не биле урнати, биле уништени во 1950-тите и 1960-тите години.

1127

Голем дел од оваа уништување било предизвикано од архитектонските програми на окрузите за изградба на нови станбени или деловни згради, како и за изградба на главни патишта. Во источниот дел, можат да се забележат многу згради што се типични за Источниот блок (Plattenbauten) и сега потсетуваат на него. Целта на таквите згради била да се се создадат комплетни станбени блокови со продавници, детски градинки и училишта. Периферијата на Берлин е покриена со шуми и бројни езера и градот има т.н. океанска клима.

Берлин, главниот град на Гер­манија кој со својата местоположба е исто толку оддалечен од центарот на Германија како и Бон, со тоа што тој се наоѓа во центарот на Европа. Поблиску е до Прага и до Копенхаген, отколку до Бон и одвај да е нешто подалеку од Варшава, отколку од Франкфурт на Мајна. Надежта дека Берлин ќе биде во мож­ност да го добие значењето што го имаше за вре­ме на Вајмаровата Република е оправдана. Тоа мо­же да се случи повторно. Интелектуалниот “лонец за топење” и ковачницата на таленти, кои му ја дол­жеа својата привлечност на судирот меѓу Запад и Исток би можеле повторно да бидат создадени.

Како и во 20-те години, Берлин е меѓународен, кос­мополитски и мултикултурен град со исклу­чи­тел­но жива квалитетна и разновидна театарска, уметничка и музичка понуда.  Заед­но со политичките лидери, “капитените” на ин­дус­тријата, кои живеат не во Бон, туку во Ди­зел­дорф, Келн, Франкфурт, Хамбург или во странство, исто така, ќе се преселат во Берлин. Тоа значи дека по­голема компетентност, експерти за култура и вли­јан­ие ќе се соберат таму како што никогаш тоа не би­ло можно да се случи во Бон. Тогаш можеби би можело да се развие она што денес се поврзува со надежите за остварување “Берлинска република”.

Исто така, Берлин е познат по своите многубројни културни институции, од кои многу уживаат меѓународен углед. Градот има многу разновидна уметничката сцена и во него има околу 420 уметнички галерии. Младите Германци и меѓународните уметници продолжуваат да се населуваат во градот, па затоа Берлин важи за центар на младоста и центар на популарната култура во Европа. Првите знаци за ова се почувствуваа во 2003 година, со најавата дека годишниот Попком (Popkomm), најголемиот собир во Европа за музичка индустрија, по 15 години во Келн, ќе се пресели во Берлин. Кратко потоа, Јуниверзал Мјузик Груп и ЕмТиВи, исто така , одлучиле да ги преместат нивните европски седишта и главните студија на брегот на реката Шпре во Фридрихсхаин. Во 2005 година, УНЕСКО го одликува Берлин со титулата „Град на дизајнот“.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top