Култура и туризам

ВО ЛОНДОН – ЗНАЧАЈНАТА СВЕТСКА МЕТРОПОЛА (25)

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Лондон е важно културно, економско и образовно средиште во Европа и во светот, кој, меѓу другото, беше домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година. Заедно со Париз, Њујорк И Токио, Лондон се смета за еден од најголемите и најзначајни светски центри. Лондон е културна престолнина на светот. Тој има 43 универзитети што претставуваат најголема концентрација на високото образование во Европа. Повеќе од 300 јазици се зборуваат во границите на Лондон, кој има околу осум милиони жители што го прават најнаселен велеград во Европската унија.

Во текот на престојот во Лондон посетивме голем број културно-историски споменици. Меѓутоа, треба да се нагласи дека Лондон е центарот на: Лондонската кула, Вестминстерската палата и црквата „Света Маргарета“, потоа, на праисториската населба на Гринич. Други познати знаменитости се: Бакингемската палата, Лондонското Око, Пикадили, катедралата „Свети Павле“, „Тауер Бриџ“, „Трафалгар Сквер“, „Хајд Парк“, „Винбелдон“, театарот „Викторија“ и многу други. Лондон е дом на бројни музеи, галерии, библиотеки, спортски терени и други културни институции, вклучувајќи го, меѓу другите, и Британскиот музеј, Националната галерија, Британската библиотека, бројните театри и други светски институции. Како интересен податок ќе споменеме дека Лондонското метро е најстарата подземна железничка мрежа во светот.

Исто така, нашата посета на Лондон беше врзана со присуството на свадбениот чин меѓу нашата ќерка Дафинка и нејзиниот сопруг Италијанецот од Рим Џампаоло Скатоца што се одржа во Општинската канцеларија на Западен Лондон. На таа свеченост присуствуваа околу триесетина нивни пријатели, Македонци и Италијанци. Таа свеченост остана во трајно сеќавање на младоженците и на нивните роднини и пријатели од Македонија и Италија.

Тоа беше светол чин што остави траги не само по официјалниот чин – свечена англиска регистрација, туку и по свадбените церемонии, обичаи и друго. По свечената церемонија во еден ресторан се слушаше англиска, италијанска и македонска музика. Големо беше задоволството кога под контрола на зетот, кој е музичар по професија се свиреше и пееше песната „Македонско девојче“.

111 copy copy copy copy copy copy copy copy copy


Македонски храм „Свети Архангел Михаил“ во Лондон

Во текот на нашата посета бевме гости на неколку македонски и италијански семејства, при што можеше да се види и почувствува мелодичноста од двете етнички групи и да се заборават неправдите од минатото. Туку, напротив се почувствува љубов, топлина, другарување…

Инаку во Лондон живеат повеќе стотини Македонци, од студенти до професори, од работници до бизнисмени и од бездомници до уметници. Таму постои Македонската православна црква „Свети Архангел Михаил и сите ангели“, во која Македонците од тие британски простори ги задоволуваат своите духовни, црковни и национални потреби. Исто така, во Лондон, меѓу другото, постои Асоцијацијата на Македонците во Обединетото Кралство, Македонскиот совет за унапредување и промоција, Училиште на македонски јазик, Македонското културно-уметничко друштво „Сонце“ и други асоцијации.

При посетата на неколку членови на Македонската православна црква разговаравме за проширување на соработката со Македонската православна црква во Македонија. Притоа, стана збор за одредување македонски свештеник кој ќе биде столбот на сите духовни и црковни активности кај Македонците во Лондон и околните градови.

Исто така, ја посетивме светската новинарска куќа „БиБиСи“ која има локално радио, телевизија, телетекст и онлајн-услуги во Лондон и делови од околината. BBC Лондон може да се гледа во кој било дел на Велика Британија и Европа на дигитален сателитски канал.

Меѓутоа, посетата на Британскиот музеј, кој е посветен на човечката историја и култура беше посебно доживување. Неговата постојана колекција која брои околу осум милиони дела, е меѓу најголемите и сеопфатни во постоењето во светот и потекнува од сите континенти, прикажувајќи документи на приказната за човечката култура од нејзините почетоци па до денес. 

Британскиот музеј е основан во 1753 година, во голема мера врз основа на збирки на лекарот и научникот сер Ханс Слоан. За првпат бил отворен за јавноста на 15 јануари 1759 година. Таму има голем број експонати на културата од Македонската Империја, меѓу кои и Розетата на камен, напишана со коите – писмото на Александар Македонски.

Исто така, го посетивме и „Хајд Парк“, најголемиот од сите паркови во Лондон и еден од најголемите во светски рамки. Исто така, тој е еден од кралските паркови со познатата говорница на слобода на говорот. Тој е место за шетање за млади и стари за бедни и богати, за музичари, натрапници, патеписци, фашисти и ројалисти. Во него се одржуваат голем број музички, театарски, уметнички и друг вид манифестации. Тоа место за средби и разделби.

Еден од најзначајните споменици на Лондон, секако, се Кенсингтоновите градини кои се едни од кралските паркови во Лондон. Тие  се сместени на западната страна  на „Хајд Парк“, а биле дизајнирани од 1728 до 1738 година. Денес, тие како кралски градини се едни од најсовремените и најинтересните природни чуда во светот.

Покрај тркалезното езеро, во нив тече река, има плоштад кој се наоѓа точно во центарот на реката, има фонтани со голем број класични скулптури, разновидни цвеќиња, дрва, со посебна нагласка на украсениот самовилски даб стар 900 години и, се разбира, изобилство англиска трева, која служи за пример како треба да се негува тревата. За овој парк се поврзани голем број легенди, вистини и литературни творби. Но најважно од сè е тоа што таму е сместена кралската палата и други јавни објекти на Велика Британија.

Кенсингтоновите градини се отворени само за време на часовите на дневна светлина, додека „Хајд Парк“ е отворена од пет часот наутро до полноќ, во текот на целата година.

По неколкудневниот престој, по посетите и на други споменици од културата, уметноста, државните, кралските и други знаменитости го напуштивме Лондон. Од плоштадот „Викторија“ се упативме кон аеродромот „Гетвик“, а оттаму повторно кон Париз, за во вечерните часови  да пристигнеме во Скопје.

Продолжува

 slavek 1

Пишува: СЛАВЕ КАТИН  

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top