Култура и туризам

ВО МАЛМЕ – НАЈЈУЖНИОТ ГРАД ВО ШВЕДСКА ( 31)

1113

1113

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Беше убав пролетен ден, исполнет со зе­ле­ни­ло и цветови. Сон­цето чии бои се прелеваа во далечините на ис­ток, од каде започнуваше новиот ден, беше како ог­ром­на топка што едвај се движи во прос­то­рот. Глетката беше прекрасна, а автомобилот бр­за­ше од населбата “Ченто” кон аеродромот “Петро­вец”, од каде заминав за Копенхаген, во Данска.

Патувањето кое траеше повеќе од два часа со авионот на МАТ (Македонски авиотранспорт), бе­ше пријатно и просто не почувствував кога ста­сав­ на аеродромот во Копенхаген.

Во главниот град на оваа балтичка земја  беше пладне. Во аеродромската зграда што се нао­ѓа во непосредна близина на морето, вриеше како во кошница, како што доликува на еден голем ае­ро­дром што претставува една од европските крстосници.

Да се биде во Копенхаген, кој е главен административен, политички, културен и економски центар на Данска, чија популација ја до­стиг­нува бројката од два милиони, значи да се по­чув­ствува пулсот, напредокот, престижот и ид­ни­на­та на оваа европска држава.

Копенхаген е престолнина на Данска и морско пристаниште на источниот брег на островот Селанда (Шелана) на мореузот Сунду. Во ова живо трговско место, развиена е бродоградбата и сите други индустрии. Тој е формиран како населба во 1443 година, а универзитетски град е од 1479 година. Има бројни споменици на културата кои се дел од богатата културна ризница која датира од времето на Викинзите. С# до денес е центар со богат кул­турен живот, универзитетски меѓународен цен­тар, престолнина на музиката и убавата умет­ност, поз­нат по школата на наивците, по­ ани­м­и­раните фил­­мови, из­лож­­би, кон­цер­ти, саеми и други манифестации.

Го на­­пуштив овој град и со брод, што превезува пат­ниците од Дан­ска во Шведска и се упатив кон Малме. Бро­дот небаре леташе на површината од морската шир. Се движеше кон исток паралелно со мостот Оресунд кој ги поврзува овие две земји. Имено, мос­тот кој ги поврзува градовите Копенхаген и Малме оди и како тунел, под водата и на две места излегува ка­ко “забревтан кит” кој ги сече морските бранови. Впечатлива глетка од северните води.

Во Малме во Шведска стасав за четирие­се­тина минути, а оттаму заминав на север во Еслев. Повод за моето патување беше фестивалот на фол­кло­рот во Лунд, во организација на Ма­ке­дон­ски­от со­јуз од Шведска, а домаќин беше Македонското кул­тур­но и спортско друштво “Пелагонија” од Еслев.

Оваа значајна манифестација на Маке­дон­ци­те од Шведска се одржува во различни градови ши­рум државата каде се формирани фолклорни групи и ансамбли  кои го негуваат македонското оро и песна, обичаите, тра­дициите и с# она што е поврзано со Македонија. На овој празник на фолклорот во Еслев учествуваа пет културно-уметнички друштва, односно седум иг­раор­ни групи, кои како колоритен букет ја одиграа својата улога на вистински ам­ба­са­до­ри на македонскиот фолклор. Во исто време тие беа иницијатори на младинската и семакедонската за­бава што траеше цели 12 часа, а на која се собраа бли­зу илјада дечиња, младинци, студенти, родители, гос­ти и пријатели, вљубеници во фолклорот, по­чи­ту­вачи на македонската песна и оро, гости и пријатели.

Еслев се наоѓа на четириесетина километри се­верно од Малме. Малку необично за Шведска за тој период во годината, меѓутоа како времето це­лос­но да се изменило и, во мајскиот период без дождови и ветришта, чиниш се нао­ѓаш некаде на југот од Европа. Сонцето чии бои се прелеваа во далечините на Запад, кога завр­шу­ва­ше денот, полека заминуваше зад хоризонтот.

Глетката беше прекрасна. Насекаде зе­ленило. Голем број парцели како килими со жолта боја од цвеќиња на маслиновата репка, стро­го геометриски одредени форми и негде-годе од­ре­ден број ветерници кои се губеа во не­пре­глед­ните прос­тори на јужниот дел на Шведска. Градот кој бе­ше домаќин на 20-от Фолклорен фестивал е ин­д­ус­трис­ки центар. Во него има фаб­рика за пре­хран­бени производи во која  се нај­голем број Ма­кедонци, како и фабрика за “Фер­гусони”, за хар­­тија, за стакло, за филтри.

Во Еслев живеат и ра­­бо­тат околу шестотини Македонци, кои, главно, по­­тек­нуваат од битолскиот крај, а само мал број се­мејс­тва се од други места во Македонија. Тие дошле во се­думдесеттите години како “привремено вра­бо­те­ни”, а сега како “постојани жители” свиле семејно гнездо во овој убав град. Во демократска Шведска ги ужи­ваат сите социјални, политички, човекови права и сло­­боди, а возвраќаат со тоа што претставуваат при­­мер на трудољубие, работливост, честитост, ло­јал­­ност… Во гратчето Еслев цветаа јоргованите кога се одржуваше Македонскиот фолклорен феестивал.

Малме, едно од најужните места на Швед­ска, го посетив во делник. Градот се споменува уште од 1275 година. Бла­го­дарение на својата местоположба, овој убав и пре­кра­­сен приморски центар во средниот век пре­рас­нал во големо и богато трговско место, за потоа да се раз­вие во индустриски, а денес и во културен и ту­рис­тич­­ки град. Често Малме го нарекуваат градот на пар­ко­вите, бидејќи во него има голем број познати и со мно­гу нешта карактеристични паркови, како што е пар­кот Кунгспаркен, во кој се наоѓа познатиот дво­рец што им припаѓал на тогашните управувачи на покраината Сконе, изграден во 1500-та година. Стариот дел на градот е опкружен со ка­нали и изобилува со градби што потекнуваат од сред­­ниот век.

11133 

Св. Наум Охридскиво Малме

Исто така, овој дел врие од рес­то­рани, кина, дискотеки, бутици и други објекти. Денес Малме претставува влезно-излезна порта на Шведска која се отвора кон Европа и кон светот. Во скоро време се очекува да биде пуштен во сообраќај мостот Оресунд кој го по­врзува Малме со Копен­ха­ген, односно Шведска со Данска. На пуштањето на овој значаен објект пре­ку кој ќе поминуваат милиони автомобили, камиони, ве­лосипеди и мо­то­цикли и преку кој ќе биде развиен же­лезничкиот соо­браќај во Третиот милениум.

Во Малме ги посетив про­сто­риите на Македонското спортско друштво (КСД) “Ма­ке­донија” што се наоѓаат во центарот на градот и кои претставуваат место на дру­гарување, на забава,  при­јателствување и национално дру­же­-ње на  Ма­кедонците од Малме и по­ши­роко. А Македонци на овие простори има околу 1600. Инаку КСД “Ма­ке­до­нија” е формирано на 20 ное­мври 1969 година од група ентузијасти и вљу­бе­ници во фуд­балот и фолклорот. Таму, се срет­нав и со прет­став­ни­ци на Македонско православна црковна општина “Св. Наум Охридски”, значаен духовен и национален храм, формиран во 1973 година кој претставува  важен центар за Македонците од Малме. Исто така и средбата со преставниците на Македонското друштво  “Македонија ’92” ќе ми остане во сеќа­ва­ње од конструктивниот разговор за голем број прашања.

Го напуштив Малме напладне кога сонцето беше далеку на југ, а на пристаништето каде беше по­с­тавен бродот имаше голем  број патници за Ко­пен­хаген. Велат дека Швеѓаните повеќе го сакаат да­н­ското пиво, кое, патем, е и поефтино, затоа  тие често “се прошетуваат” кон запад, кон Данска.

Бродот како да лебдеше над морската по­вр­шина, овој пат, во спротивна насока од Малме кон Копенхаген. Повторно го гледав мос­тот Оресунд што ги поврзува овие два града и две балтички земји. Повторно се одушевував на постигнатиот тех­ничко-технолошки напредок и на  прекрасната глет­ка што ја имав од прозорецот на белата лаѓа. Посакував так­ви и слични мостови да се градат насекаде, па и на нашите простори, за да можат да ги поврзуваат и приб­лижуваат луѓето и земјите во ова наше глобално “село”.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top