Култура и туризам

УБИСТВОТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРИНЦЕЗА АРСЕНИЈА ВО ЕФЕС, АНАДОЛИЈА. ЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА. РИМ

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

 11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Марија Емилија КУКУБАЈСКА

(Меѓународен симпозиум за турската култура, Универзитет Гоце Делчев Штип, 7.5.2025)

111 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Принцезата Арсенија IV

Република Туркие постанува моќна културолошка и археолошка сила, со наоѓалишта меѓу најстарите во светот. Boncuklu Tarla, Göbeklitepe, Çatalhöyük, Aşıklı Höyük, Hattuşa, Truva, Didim, Ефес. Анадолија е еминентен феномен на листата интензивни светски истражувања на цивилизациски наследства. Алгоритмите на вештачката интелигенција проценуваат дека на светско ниво се откриени само околу 1/1000 дел од 1% материјални културни наследства, подземни и подводни, а од нив само 1/10 од 1% се истражени. Човековиот гениј е упатен кон меѓуѕвездени истражувања, а на планетата земја остануваат неистражени точки насекаде, од Гиза и Баалбек, до Турција, Јапонија, Македонија. Сеуште не се пронајдени посмртните останки на Великиот Александар Македонски и татко му Филип, на Клеопатра и сестра и’, но етичката компонента во науката копа кон минатото, ослободувајќи го од старо-новите геополитички интереси.

Случајот со споменикот во Ефес, посветен на убиената Арсенија, принцеза од македонската династија на Птоломеите во Египет, е објективен  доказ за непристрасно, благородно истражување и почит на турските културолошки науки и кон светското наследство убицирано на нивна територија, тогаш дел од Римска империја. Најновите истражувања демантираат дека остатоците од младата девојка во саркофагот и’ припаѓаат на Арсенија, иако архитектонскиот октагон сугерира Александриски идентитет. Сепак, овој споменик отвара и други значајни и комплексни прашања од уредувањето, законодавството и религиите во тогашните општества. Како се регулирани ривалските односи меѓу кралските семејства, меѓу нив и нивните воени и цивилни поданици, како е третманот на жената во време на мир или војна.

1111 copy copy

Храмот на Артемида, место на масакрот

Амбициозните истражувачи обновуваат мноштво неодговорени прашања за вистинската причина за злосторот над Арсенија, за неоткривање на нејзиниот гроб, и за  претпоставките дека тогаш платенички јонски племињата од денешна Елада имале удел во дестабилизација и денационализација на Анадолија. Една од претпоставките е дека Римската власт ги користела ноторните интриги на јонските пљачкаши за креирање на кризи и проширување на нивните постојани упади на територијата на Селевкидите и останатите три дела од македонското царство на Александар Велики. Веќе преовладува теоријата дека од труењето на Александар III Македонски од страна на јонските шпиуни (323 г.), се’ до убиството на неговата далечна роднина Арсенија II (41 г.), јонските пропагандисти во поделената пост-Александрова Римска империја, вршеле предавничка индоктринација и против Анатолија, како и пред тоа, во Македонското царство, борејќи се против Македонија и со нејзиниот непријател Персија.

Денес научниот свет ја засилува својата борба против криминал и корупција кои биле уште посвирепи меѓу поморските крајбрежни предатори-пирати во старата ера. Ова иницијално истражување е дел од општите напори да се проверува точноста на новите показатели дека а) агентите за деструктивни промени во тогашниот светски поредок, насилно вршеле  фалсификати и врз случајот со убиството на Арсенија. Во тој случај и славната заводничка Клеопатра би се квалификувала за кралица заведена од јонските елински завери, во нивната бескрупулозност да го заменат Рим, и да ја инсталираат идната Византија. Друга одржлива теза е дека б) дека Арсенија е казнета за својата суверенистичка свест и организирана борба против туѓото, римско ропство, во Мала Азија, Африка.

Најновите истражувања во културната антропологија утврдуваат повеќе темни мрежи во енергетското поле на бескрупулозната Клеопатра. Таа го убила својот помал брат-сопруг, ко-владетел Птоломеј XIV.Стари ракописи наведуваат дека го наговорила својот татко, Птоломеј XII  Аулет, да ја убие и нејзината постара сестра Берениче (Вероника), а ја убива и својата помала сестра принцезата  Арсенија, која владее со својот брaт Птоломеј XIII (48-47 г.) Соработката меѓу турски и македонски научници во ова поглавје би можело да даде светски придонес во расветлување на  енигми од анадолската, балканската и медитеранската културна историја. Вклучувајќи ги и фемицидните форми на убиства во кралските фамилии.  

Фемицидот во современата криминалистика се смета за правен и политички злочин. Тој останува и стар лајтмотив во светската литература, уметничка, народна и документарна. Од автентички  настани во кралски палати и европски црковни монархии (Хенри VIII, Инквизицијата, Медичи), до древни неевропски народи во Средна, Јужна Америка, Индопацификот, до митолошките наративи од примордијални прашуми и пештери, жртвувањето, убиството на девојка, жена било третирано различно. Едни култури и религии го осудуваат како чин на врвховен грев од омраза, ривалство, или страст за поседување на туѓото. Други сеуште го релативизираат, како случај на убиство од чест, или одмазда. Фемицидот останува недоволно документиран феномен на екстремно насилство, и покрај законодавствата на светските организации (ОН, Светската Здравствена Организација, Националниот Институт за Здравство во САД) и влади на многу земји.

За убиство на Арсенија, Клеопатра, смислува перфидно сценарио: закана од сестринското ривалство кон Рим и кон Египет. Го убедува партнерот Јулиј Цезар, татко на нејзиниот прв син, дека сестра и’ Арсенија треба да биде биде погубена, иако Птоломеј XII ja поставил за крализа на  анадолскиот остров Кипар, во ко-регентство со помалиот брат Птоломеј XIV.   Клеопатра ја осудува Арсенија за опсада на Александрија. Арсенија, заедно со египетската војска, се бори против сојузништвото на Египет со колонистичката власт на Рим.   

Дел 1 (2) 

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top