Култура и туризам

ВО ЗАГРЕБ – ГЛАВНИОТ ГРАД НА ХРВАТСКА И ЕВРОПСКА МЕТРОПОЛА – ДЕЛ I (34)

543

543

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Хрватска е една од светски познатата и призната пријателска земја за посетителите и патниците намерници. Таа е држава на Балканскиот Полуостров која географски е сместена на раскрсницата на патиштата за  Средна Европа  и  Средоземјето. Хрватска граничи со   Словенија  и  Унгарија  на север, со  Србија,  Босна и Херцеговина  и  Црна Гора на исток, а го зазема најголемиот дел на источниот брег на Јадранското Море.

Хрватска беше една од републиките во рамките на СФР Југославија, а во 1991 година прогласи независност. Таа е полноправен член на НАТО и членка на Европската унија.

Први познати племиња на територијата на денешна Хрватска биле Илирите и Келтите  во внатрешноста, а   Хистрите, Либурните, Далматините и други  на јадранскиот брег. Во IX век меѓу Цетине и Велебит се создало јадрото на хрватската држава, од каде за време на владеењето на домашните кнезови од семејството наследници на кнезот Трпимир постепено се проширила на далматинските градови.

Кнезот  Томислав  го запрел навлегувањето на  Унгарците, меѓутоа во 1102 година унгарскиот  крал Коломан  со семејството  Арпадовиќ ја освоил цела Хрватска. Оттогаш па сè до 1918 година Хрватска се развила како повеќе или помалку автономна државна творба во составот на унгарската држава. Хрватска се протега од подножјето на Јулиските Алпи на северозапад и Панонската Низина на исток, преку планината Динара во централниот регион, до јадранскиот брег на југ. Во неа живеат околу 4,5 милиони, главно, Хрвати, со римокатоличка  вероисповед, а нејзин главен град е Загреб, во кој живеат околу осумстотини илјади жители.

Ако Загреб е типична, централна европска метропола, со архитектура од XIX век, тогаш Ровин е стар венецијански град, а пристаништа се Пула, Задар, Сплит и Дубровник. Затоа, со право се вели дека Хрватска е благословена со славно крајбрежје и прекрасни острови, со што се смета за една од поважните и познати светски туристички дестинации.

А, да се биде во Загреб кој е главен, административен, политички, културен и економски центар на Република Хрватска, значи да се почувствува пулсот, напредокот, престижот и иднината на оваа европска држава.

Најголемиот центар на Хрватите – Загреб, е распослан во котлината на реката Сава и во благите падини на подножјето на планината Сљеме, чија местоположба го прави да биде еден од најзначајните европски центри што го поврзуваат Балканот со Европа преку железница, автопат или воздухопловна врска.

Загреб е центар со богат културен живот, универзитетски меѓународен центар, престолнина на музиката и убавата уметност, познат по школата на наивците од Хлебиње, по анимираните филмови… Тоа е град во кој во текот на годината се организираат и се одржуваат бројни изложби, концерти, саеми и други манифестации.

И покрај тоа што првите пишани документи за Загреб датираат од 1094 година, сепак, овој град отсекогаш постоел на истото место, по должината на реката Сава и зад гребените на планината Медведница. Според историските податоци, по падот на Римското Царство, Загреб бил освојуван од различни племиња, меѓу кои од Хуните и Аварите, за во VII век да дојдат прадедовците на Хрватите од зад Карпатите и засекогаш да се населат на тие простори.

Инаку, македонската црковна историја има многу сличности со хрватската. Имено, ако црковно-националното живеење на Македонците започнало под тврдините на цар Самуил во Охрид и Преспа, во Хрватска црковната историја започнува во Градец, каде е изградена првата тврдина, а на падините, покрај ова значајно здание, ќе никне црква која ќе стане средиште на духовното живеење на северозападна Хрватска.

Подоцна, во 1094 година била основана првата бискупија, која заедно со населбата и со црквата станала град чија повелба за камен-темелникот од таа година, всушност, е најстариот документ за градот и се одбележува како година на формирањето на Загреб.

Историјата на Загреб е многу бурна. Така, за првпат се споменува како главен хрватски град во 1557 година, кога бил нападнат од војската на Османлиското Царство, за потоа да биде опожарен и разурнат од неколку земјотреси. Од ноември 1662 година со првото предавање на професор Стјепан Гавач во новата Академија, станува универзитетски град, а со изградбата на железничката пруга Ѕидани Мост – Загреб – Сисак станува и железнички јазол во овој дел на Европа.

5434 

Споменикот на Кочо Рацин во Сомбор

Меѓутоа, најважен период за Загреб, па и за Хрватска, секако, е XX век, кога се постигнати врвни резултати на сите полиња во животот и кога се остварени повеќе соништа на хрватскиот народ. Конечно, Хрватска станува самостојна, независна и меѓународно призната држава, а Загреб метропола за сите Хрвати, нејзин главен град кој во 1994 година го прослави своето деветстолетие од постоењето.

Република Хрватска е земја каде што на Македонците им се гарантирани сите права како национално малцинство. Таа е земја каде што Владата, преку материјална и финансиска помош, го помага развојот на малцинствата за афирмација а нивните национални, културни и јазични вредности. Со тоа Македонците служат како мост за развивање на пријателството помеѓу Хрватска и Македонија афирмирајќи ја, на тој начин, Република Хрватска како демократска и граѓанска земја.

Таму Македонците се организирале во Хрватско-македонска заедница, заедничка организација на културно-уметнички душтва во поголемите градови во Хрватска. Потоа има црковни општини на Македонската православна црква и тоа во: Загреб, Сплит и Пула, а од 1993 година, Заедницата го издава и списанието „Македонски глас”.

 Преку сите тие асоцијации, Македонците во Хрватска остваруваат богат културно, просветен, спортски и духовно-верски живот, настојувајќи да го задржат и да го развиваат својот македонски идентитет. Притоа, конечно, Македонците се наоѓаат на најразлични врвни места во науката, високото образование, културата, судството, стопанството и во други подрачја на општественото живење во Хрватска.

Хрватска отсекогаш била интересна земја за Македонците, кои се доселувале времено или постојано. Така, еден од првите доселеници од Македонија во Хрватска е Константин Миладинов, од Струга, којшто се вработил како личен секретар на бискупот Јосип Јурај Штросмајер и со негова финансиска и морална помош, во 1861 година го издал прочуениот „Зборник на македонски народни песни”, преку кој македонското народно творештво му стана достапно на целиот културен свет и битно придонесе за афирмација на македонското литературно народно творештво.

Меѓу двете светски војни Хрватска, како најразвиен индустриски и трговски дел на новосоздадената држава СХС, привлекла многу деловни луѓе од Македонија, како и луѓе кои барале можност за работа. Исто така, многу млади Македонци се патиле на школување, на студии. Така, на загрепските факултети биле запишани стотина студенти од Македонија, а Загреб станал центар на македонското револуционерно движење, преку студенскиот клуб „Вардар”.

Пред Втората светска војна во Загреб престојувал и големиот македонски поет Кочо Рацин, од Велес, кој, во работничките весници, напечатил повеќе статии. Кон крајот на 1939 година, во Самобор, Кочо Рацин ја отпечатил и првата збирка песни „Бели мугри” на македонски јазик, која претставува голем придонес за македонскиот јазик и книжевност.

По ослободувањето во 1945 година, и формирањето на Народна Република Македонија, одреден број трговски и интелектуални фамилии од Македонија се преселиле во Хрватска. Исто така, млади луѓе од Македонија се запишале во средните стручни училишта, воените училишта и високите школи и факултети на Загрепското светилиште.

Така, се смета дека по војната во Загреб имало повеќе од илјада студенти од Македонија. Нивниот број, во наредните години, се смалувал, паралелно со отворањето на поодделните факултети во Скопје. И по скопскиот земјотрес, во 1963 година, од Македонија организирано во Хрватска дошле голем број Македонци кои останале сè до денес.

Во Македонската заедница во Хрватска се вклучени друштвата „Илинден” од Риека, „Македонија” од Сплит и „Браќа Миладиновци” од Осиек, како и македонските православни цркви: „Света Злата Мегленска” во Загреб, „Свети Наум Охридски” во Сплит и „Свети Јован Осоговски” во Пула, кои претставуваат собиралишта и за млади и за стари, места каде се негуваат македонската песна и ора, традициите и обичаите, христијанската религија и културните вредности донесени од Македонија.

По основањето на Заедницата на Македонците во 1992 година, на денот на светите браќа Кирил и Методиј, во Католичката (Унијатска) црква во Загреб, беше одржана и првата богослужба на македонски јазик во Хрватска.

За првпат во една од републиките на поранешна Југославија, надвор од Македонија, тогаш се слушнаа молитви кон Господа на мајчин македонски јазик. На 11 декември 1993 година, пак, беше формирана и Македонската православна црковна општина, што го доби името на светата великомаченица Злата Мегленска.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top