Култура и туризам

ВО ПЕЛА – КАКО ВО ВРЕМЕТО НА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (39)

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Нашето патување го продолживме во Егејска Македонија и се упативме кон Метеора. Се искачивме по патот на кој има многу свиоци и угорнини од кои на посетителот му застанува здивот, глетката беше прекрасна. Како од орловско гнездо го гледавме градот и целата околина кон исток, кон Солун. Секој брзаше да се фотографира, да се овековечи заедно со сета природна убавина на овој манастирски комплекс во кој илјадници калуѓери го поминале својот живот како војници.

Го посетивме манастирот на Спасителот Исус Христос познат како „Голема Метеора“, изграден на највисоката карпа што се издига на близу 500 метри од нивото на реката. До манастирот се стасува преку 150-ина скалила изделкани во карпите. Манастирот е лоциран во многу живописен предел и е исполнет со бројни простории насликани со фрески и икони, исполнети со голем број црковни книги и други предмети од времето на првиот монах Атанасиус, па до денешни дни. Таму се запознававме со историскиот дел не само на овој, туку и за монашкиот ред и другите карактеристики на манастирот „Свети Стефан“ и помалите манастири, во кои во тој период немаше монаси.

Во Метеора, меѓу другото, ни се вртеја мислите на монахот кој напишал книга на македонски јазик, но со елинско писмо. Тоа зборува дека одреден број монаси биле Македонци, кои со молитви кон Спасителот Исус Христос на својот мајчин македонски јазик оставиле вечни траги. Исто така, во Метеора разговаравме за тешкиот монашки живот, како оној на архимандритот Никодим Царкњас, кој поучен од своето братство ја изгради Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во селото Соботско, во Меглен, која ја посетивме во текот на нашиот престој во Беломорска Македонија.

Ги напуштивме манастирите на Метеора и се упативме по патот што води кон Солун, градот што го добил името по сестрата на Александар Македонски, а го создал нејзиниот сопруг Касандар. Тој е убав приморски град, кој како трговски центар ги мами, па дури и ги заведува посетителите со својата убавина, медитеранската клима, околните песокливи плажи и, над сѐ, со гостопримството на локалното население. Тој е сместен на полуостровот Халкидики и е познат по бројните зелени површини, по Беас Куле, по солунските атентатори, по многуте други културни споменици, како и по манастирите на Света Гора, каде што дел од својот живот минале и извесен број монаси од Република Македонија.

И не само Солун, кој е престолнина на Беломорска Македонија, туку и целата таа македонска земја е прекрасна, започнувајќи од мистичната Пела – древната македонска престолнина – па преку божествените водопади на Воден, пејзажите на Костур, убавините на карпестите цркви и фрески по бреговите на Мала Преспа… Таа питомина и широчина е збогатена и со зелените предели на планините разделени со границата, а меѓу нив, како бисер, патникот оддалеку ужива во сјајот на Кајмакчалан.

Затоа, античките Македонци токму овде ја подигнале својата престолнина. Еден дел од Пела денес е достапен на посетителите, но огромен дел, како што велат и постарите жители на Постол (Пела), сѐ уште лежи под земјата. Токму поради славата на древната престолнина на Филип и Александар Македонски, кои го посеаја македонското семе, во туристичките проспекти целиот тој регион Грците го нарекуваат Пела со главен град Воден (Едеса).

Секојдневно низ Пела минуваат голем број туристи, кои потоа со години ги носат спомените и мирисот на мермерот по кој чекорел големиот Александар Македонски.

Од Пела, патувајќи крај широките полиња со памук, кои постепено се заменуваат со овошни насади од праски и црешни, за кратко време стасавме во Воден. Тој се наоѓа во средината на патот меѓу Солун и Битола, на висорамнината која како голем чардак се надвиснува над полето кон Пела. На тој „чардак“ веќе две илјади и седумстотини години опстојува Воден и исто толку време, течејќи кон него, од работ на „чардакот“ во полето се истураат бујните води на прочуените водопади. Во засекот на карпите може да се слезе десетина метри под брегот и да се помине под водопадите.

Тоа доживување не го пропушта никој кој дошол во Воден. Кулминација е, секако, моментот кога ќе се стигне до најдолната топка под водопадот, каде што пред нозете на посетителите водата, буквално паѓа во коритата што низ векови се издлабиле. Познат по реките и водопадите, по македонското виножито што се издига од рамниот дел, истовремено, Воден претставува и едно од најпривлечните места во Егејска Македонија. Тој е градот за вљубениците во природата, но и за заљубените и град на љубовта. Затоа Воден често се нарекува и место на природата и на историјата; тој е град на водата, град на убавината…

Тоа е само дополнување за Беломорска Македонија која е уште поубава во пролет, кога цутат овошките во Воденско, Мегленско и Преспанско, во лето, кога морскиот брег е преполн со гости од целиот свет, во есен, кога златните лисја ги покриваат планините од Лерин до Костур, и во зима, кога Кајмакчалан покриен со снег се вишнее над убавиот Меглен.

33 copy copy copy copy copy copy
Воден

Во Егејска Македонија има многу прекрасни места што треба да се видат. Меѓу нив особено се издвојува градот Костур и раскошната природа што ја нуди овој убав град. Градот на крзното и на кожарската индустрија се наоѓа на полуостровот што го дели Костурското Езеро на две подеднакво убави половини. Едниот дел од градот што се издигнува на полуостровот се огледува во едната, а другиот дел во другата половина на езерото. Куќите се извишуваат една над друга, па навечер, ако се гледа од брегот на езерото, сето тоа изгледа како некоја огромна новогодишна елка со илјадници лампиони кои се огледуваат во позлатеното езеро.

Со својата географска положба, со плодната котлина полна со овошки, со блескавото сино Костурско Езеро и културно-историските споменици, Костур претставува важен туристички, културен и стопански крај, привлечен во сите сезони. Тој е убав и за живеење и за одмор и за рекреација. Поради добрите климатски услови: чистиот и свеж воздух, надморската височина и сите убавини што природата му ги подарила на Костурското Езеро и неговата околина, угостителско-туристичкото стопанство од година во година зазема сѐ позначајно место.

Костурското Езеро, пак, е типичен пример на езерата од егејската зона, спаѓа во групата на десаретските езера и ги има сите својства на езерата од овој тип: висока температура на водата во летниот период, широко крајбрежно подрачје во кое се развива буен животински и растителен свет, карактеристична конфигурација, својст-вен изглед, посебни климатски услови и интересно историско минато.

Кога човек е во Костур и на брегот на Костурското Езеро има чувство дека се наоѓа во Охрид и на Охридското Езеро, бидејќи Костур наликува на Охрид и по својата местоположба и по природните убавини. Тука природата подарила многу убавини кои, за жал, не се целосно искористени.

Инаку, градот Костур се наоѓа на југозападната точка на Македонија, на брегот на Костурското Езеро. Некои учени луѓе мислат дека името дошло од реткото животно кастор што се одгледувало во Костурското Езеро и од чија кожа се правеле многу убави и раскошни бунди. Исто така, во Костур има многу цркви, познати базилики и други споменици од историјата и културата.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top