Култура и туризам

ВО ТОРОНТО – КАНАДСКАТА МЕТРОПОЛА И ВТОРАТА „МАКЕДОНСКА ПРЕСТОЛНИНА“ (40 )

11111 copy

11111 copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Да се биде во Канада е вистинско задоволство и голем предизвик за дојденците, патеписците, уметниците… Денес Канада се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална земја се од­ви­ваат значајни социјални, културни, образовни и еко­ном­ски прео­­бразби, а со тоа и голема трансформација во неј­­­зиниот етнички состав.

Таа е прва земја во све­тот ко­ја официјално го признала мул­ти­кул­тур­но­то ша­ре­­нило и ја продолжува континуираната и дос­ледна не­­дискриминациска политика, со што мул­ти­­кул­ту­рата се прогласи за политика на Владата на Ка­нада, каде што секој има право на слобода на свеста, ве­рата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, негување на сопствената кул­тура, про­па­гирање и применување на сопс­тве­на­та религија и упо­треба на мајчиниот јазик.

Но, сите тие претставници со различита етничка припадност, се канаѓани државјани и со документи и со душа, затоа со гордост истакнуваат дека се Канаѓани, што не е случај во нашата Македонија.

Често се вели дека Канада е „ветената земја“ за Македонците, особено од егејскиот дел на Македонија, кои во Канада ги уживаат сите човекови права. Додека во своите родени земји Грција (Елада) и Бугарија се еден вид туѓинци: немаат свои училишта, ни цркви; им се оспорува на­цио­налниот идентитет; врз нив се врши аси­ми­ла­ција денационализација и систематско ис­тре­бу­ва­ње од род­ната грутка. Затоа, со право и со гордост Ма­ке­дон­ците во Канада ја пеат химната „О, Ка­нада…“

Кога човек пристигнува во Торонто, главниот, најголемиот и најубавиот град во провинцијата Он­тарио се чувствува како да е во светот во кој се из­ме­шала амерканската и европската култура, ста­рото и новото. Торонто е општосветски град во кој живеат повеќе од пет милиони жители од сите меридијани. Тој е сместен на северозападниот брег на езерото Он­тарио, едно од трите најголеми езера во Северна Аме­рика и во светот, кое заедно со езерото Хјурон и Ири преку речниот тек на Лоренцовата Река по­вр­зува голем број американски и канадски мет­ро­по­ли кон Атлантскиот Океан и светот. 


При нашата посета на таа важна канадска и светска метропола со ог­ромни перспективи, од бројната литература на англиски и на француски бевме информирани дека Торонто е формиран  во 1793 година под името Јорк, а во 1839 година го добил сегашното име. Метрополата се простира од Оквил до Ошава на растојание од околу сто километри. Тој е бисерот на Онтарио, во кој се сместени, меѓу другото, голем број об­ра­зов­ни центри: тогаш највисоката кула во светот, позната како „Си Ен Тауер“, Забавниот парк „Онтарио Плеис“, „Харбоур фронт“, каде што се одржуваат голем број музички, театарски и други претстави, Спортскиот и културен центар „Скај Дом“, Научниот центар „Онтарио“ и голем број знаменитости познати ширум светот.

Торонто е град во кој културното живеење е со долги традиции и е многу блиску до она во Европа. Гра­дот има голем број современи театарски куќи и дру­ги центри на културата, во кои чести гости се врв­­­н­и уметници од си­­те делови на светот. Притоа, привилегија е да се при­­суствува на некоја од културните манифестации во оваа метропола, особено на оние на кои за билет се чека подолг период и потребни се повеќе пари.

Исто така, во Торонто е задоволство, меѓу другото, да се посети некој од многубројните паркови. Таму во прекрасните амбиенти на парковите, каде се вишнее познатиот ка­­надски јавор, чиј лист во исто време е симбол на на­­цијата, човек се чувствува пријатно, опуштено и безгрижно. Тука се измешале и посетителите и верверичките, кои во Канада се заштитени со за­­кон. Врие од народ. И бели и црни и жолти од сите делови на светот. Секој се забавува на свој начин во парковите каде што се чувствува свежина и чист воздух.

Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во оваа канадска метропола и главен град на Онтарио живеат повеќе од сто нации, меѓу кои и Македонците. Често се вели дека Торонто е третиот македонски град по големина, по Скопје и Битола, во кој се задомиле околу 100.000 Македонци. Нив ги има од сите делови на Македонија, од многу градови и села во етничките граници на Македонија, меѓутоа, се чини дека најголем е бројот на македонските доселеници и нивните поколенија кои се од егејскиот дел на Македонија. Се претпоставува дека баничани, желевци, буфчани, ошчимци, преспанци и битолчани се најбројни во Торонто и околните места. 

Тешко се определува нивниот број, бидејќи тие дошле со разни патни исправи и, за жал, во зависност од тоа нивните презимиња и националната припадност се приспособувале според земјата од каде дошле, а не кој се.

111112

Св. Климент Охридски во Торонто

Одреден број од Македонците во Канада припаѓаат на различни политички, национални и други организации. Многу од нив и го згрешиле патот и избегале од македонското јадро. Пропагандата од соседните земји ги вознемирила, ги преобразила и ги натерала да си го заборават својот род.

Меѓутоа, со обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и со изградбата и осветувањето на првата македонска православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн во 1960 година, и во Торонто во 1965 година беше изградена и осветена првата македонска православна црква во Торонто, „Свети Климент Охридски“, што претставува пресврт во македонското движење во Канада. Таа е еден од најпознатите црковно-просветни центри на Македонците во Северна Америка, најголема и најимпозантна што ја имаат македонските иселеници во овој дел од светот.

Инаку, промените во економската, социјалната, образовната и квалификационата структура, паралелно со остварениот материјален потенцијал, условуаат и делумна трансформација на животните навики на македонските иселеници во Торонто. Притоа, голем број од нив, особено од егејскиот дел на Македонија се пробиле во повисокото општество во кое живеат. Меѓутоа, во политичкиот живот во новите средини и општества, македонските доселеници осетно заостануваат зад другите етнички групи, а тоа е случај и со другите иселеници од балканските земји. Сепак, нивните постигнувања на економски, духовен, образовен,  културен и спортски  план, се’ повеќе придонесуваат тие да бидат третирани како интегрален и важен фактор во новите  средини во мултиетничките општества на Канада.

И покрај разликите што иселениците од македонско потекло во Канада ги поседуваат во социјалната структура, а кои се резултат на различните нивоа на образование и материјална состојба, за нив се карактеристични некои заеднички обележја во социјалниот живот. Така, голем број од доселениците од етничка Македонија, на одредн начин, се асимилирани или се наоѓаат “зовриени’ во котелот на асимилирањето. Поголемиот дел, пак, само привидно ја прифатиле интеграцијата во тамошното општество, а му остануват верен на традиционалниот македонски начин на живеење.

Тие и понатаму се тесно врзани со семејството, во суштина засновано и одржувано во традиционален и патријархален македонски дух. Обезбедувањето и комплетирањето на семејството претставува еден од приоритетните животни цели на македонските иселеници во новата средина. Затоа, поголемиот број македонски доселеници ја продолжуваат поврзаноста и се групираат во македонските етнички заедници.

Така, првите форми на собирање меѓу македонските иселеници датираат од времето на масовното доаѓање во новите средини, кога со себе ја носат својата култура, традициите, религијата и обичаите. Како резултат на тоа, во сите поголеми центри во Канада уште на почетокот се формираа заемно-помошни , културни, црковни асоцијации и друг вид друштва, со имиња од родната Македонија.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН   

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top