Култура и туризам

ВО НИЈАГАРА – МЕСТОТО НА СВЕТСКИТЕ ВОДОПАДИ, ВОЗБУДАТА И УБАВИНАТА (41)

313

313

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен на југозападната страна на езерото Онтарио и кој се вбројува меѓу водечките центри на железната индустрија во Канада. Таму, со успех работи Македонската православна црковна општина „Свети Наум Охридски-Чудотворец”. Во овој развиен индустриски град што се наоѓа на крстопатот меѓу Торонто и Нијагара, Македонци, претежно од егејскиот дел на Македонија почнале да се доселуваат уште во дваесеттите години од минатиот век.

Бидејќи на источниот дел на езерото Онтарио, во Торонто веќе постоеше црквата „Свети Климент Охридски”, што потсетува на црквата „Свети Климент” во Охрид, беше одлучено црквата во Хамилтон да го носи името на свети Наум Охридски, на другиот голем просветител и да потсетува на црквата „Свети Наум” во Охрид. Иницијатор за формирање на оваа црковна општина беа членовите на Националната организација „Обединети Македонци” – гранка Хамилтон. Пред конституирањето на црквата во Хамилтон постоеше Фудбалски клуб „Обединети Македонци” кој подоцна го промени името во „Македонија”“, а потоа и во „Илинден”. Членовите на овој клуб формираа иницијативен одбор за организирање на црковната општина. Така, на 24 февруари 1970 година управата успеа пред канадските власти да го регистрира овој духовен и културен центар на сите Македонци во Хамилтон и околните места.

Потоа, на 9 мај 1971 година, во присуство на голем број Македонци од Канада и Соединетите Американски Држави, црквата „Свети Наум Охридски” беше осветена од тогашниот дебарско-кичевски митрополит Методи. Во рамките на црковната општина уште во 1973 година започна со работа неделното училиште на македонски јазик. Потоа, започна емитување на македонска радио-програма како дел од мултикултурната информативна дејност, а во 1978 година за првпат се слушна македонскиот збор и на мултикултурната телевизиска програма.

Исто така, во состав на црквата активна беше Играорната група „Илинден”“, а денес се активни: женската и спортската секција. Црквата „Свети Наум Охридски”  денес е во новиот објект кој е поголем и овозможува подобри услови за бројни активности. Оваа црковна општина го одбележа своето 40-годишно постоење во октомври 2011 година, кога и се одржаа голем број активности.

Меѓутоа, да се биде во Канада, неодминливо е да се посетат Нијагарските Водопади. Ние го посетивме тој дел на Онтарио во делник кога пред нас се појави и најголемиот водопад од канадската страна, кој е поживописен и повпечатлив од помалиот водопад што е на американската страна. Тие изгледаа како скромни речни јазови што ги создала природата да бидат единствени на Земјината топка. Тоа беше глетка што не може да се заборави и остава трајни впечатоци кај посетителот.

Исто така, го посетивме и Веландскиот Канал, низ кој водниот сообраќај претставува главна артерија меѓу езерата Ири и Онтарио, а оттаму преку Сент Лоренц водената маса навлегува во Атлантскиот Океан.

Петте големи езера во граничната област меѓу Соединетите Американски Држави и Канада според површината што ја зафаќаат на­ликуваат на море. Не случајно и се нарекуваат Сре­доземно Море на Северна Америка. Нивните води во Атлантскиот Океан ги носи реката Сент Ло­ренц. Планот да се изгради континентален пловен пат во должина од над 3 700 км од утоката на Сент Лоренц до Дјулут на Горно Езеро е многу стар. Во 1932 година Соединетите Американски  Држави и Канада склучиле договор за заедничка изградба на водениот пат Сент Лоренц.

Меѓутоа, поради висинските разлики меѓу езерата и брзината на истекувањето на водата во реката било неопходно да се изградат брани и канали. Така, најголемиот континентален во­ден пат на светот бил готов во 1959 година. Шес­нае­­сет брани го подигнале овој воден пат до 184 мет­ри над морската површина.

Од езерото Ири истекува реката Нијагара која, по изминати 54 километри, се влева во езерото Он­тарио. Во почетокот реката Нијагара е широка 1200 метри, а по изминатите десетина километри се разделува на две ракавици меѓу кои е Големиот Ос­тров. Низводно повторно се соединуваат неј­зи­ни­те во­ди, кои течат преку брзаци и слапови, за по из­минати 7 километри да ги формираат прочуените Ни­јагарски Водопади.

Нијагарските Водопади кои се чудо на природата се ед­на од најпосетените туристички атракции на северноамериканскиот континент и на сите меридијани. Водената симфонија на Нијагара е спој на природата, митското, сонот и јавето.

Нијагарските Водопади со Козјиот Остров и островчето Лунен се разделени на два одделни водопада – лев и десен. Левиот дел – канадски, наречен „Потковица”, бидејќи има облик на голема коњска потковица, ги спушта водите од околу педесет метри височина, а во широчина речиси од еден километар. Низ „Пот­ковицата” која е најубавиот дел на водопадот, про­те­кува поголемиот дел од нијагарската вода.

314

Споменикот на Никола Тесла на Нијагара

Де­с­ниот дел на водопадот, пак, се наоѓа во Соединетите Американски Држави. Тој е по­­мал, висок е 51 метар и широк околу 320 метри. Силната бу­чава на водопадите се слуша во пречник од не­колку километри, бидејќи водената маса се стру­по­лу­ва од двете страни на Козјиот Остров. Во воздухот се издигаат пена и воден прав. Сончевите зраци се прекршуваат од нив, рас­турајќи се во спектар од бои. Виножитото се гле­да на оддалеченост од десетина километри. Спек­тарот од бои, пак,  е ист како и оној на македонското виножито.

За убавината на водопадот придонесува височината, од која околу 7 000 км3 вода во секунда паѓа во бездната од ог­ромната водена маса. Во за­висност од годишното време се менува и ликот на во­допадите. Есента е пријатна со изразити есенски тонови. Зиме водениот прав замрзнува уште во воз­духот и од врвот на водопадите до студената бездна се формираат прекрасни кристални завеси. А кога на­стапува пролетта и бујните води на Нијагара ќе ги по­несат огромните ледени блокови, трескотот што се создава при струполувањето и од триењето на мразот од ѕидовите на водопадот, е уште посилен.

То­гаш виножитото што се раѓа го разубавува денот. Меѓутоа, ноќните екс­кур­зии до Нијагара сè уште поинтересни. Осветлени со ил­јадници елек­трич­­ни светилки (реф­лектори), водопадите добиваат фантастичен изглед, кој го опијанува посетителот застанат пред ова чудо на природата.

Нијагарските Водопади постепено „ползат” кон езерото Ири, каде и започнува стрмниот дел. Пресметано е дека секоја година малиот водопад се повлекува за 5 – 6 сантиметри, а големиот за 60 – 70 сантиметри. Од создавањето па до денес „Потковицата” се приближила до езерото Ири за 11 километри. Тоа се објаснува со разурнувањето што го предизвикува водата и материјалот што го носи врз скалестиот праг. За се­гаш­ниот изглед биле потребни 6 000 години, а за да стиг­не до езерото Ири и да исчезнат во­до­па­дите или да бидат уште поголеми, потребни му се уш­те не помалку од 180 000 години.

За Канада и Соединетите Американски Држави Нијагара и нејзините водопади се голем из­вор на приходи. Водопадите ги посетуваат милиони посетители кои како на една своевидна авантура доаѓаат од целиот свет. Од дру­­га страна, пак, огромната водена сила се ко­ристи за добивање на електроенергија. Направе­ни се голем број гигантски хидроцентрали, особено од канадската страна.

Инаку, градот Нијагара се наоѓа на левиот брег на реката и претставува голем туристички центар. Во него живеат стотина илјади жители, кои претежно се занимаваат со туристички гранки.  Таму има бројни хотели, ресторани, казина и други атрактивни објекти, кои привлекуваат милиони туристи од целиот свет. И ние во Нијагара се чувствувавме како дел од глобалниот свет кој доаѓа и од американската, а повеќе од канадската страна на Нијагаските Водопади.

Ја посе­тивме пр­ва­та хидроцентрала што е сместена под градот Ни­­­јагара, а за која проектот го направил Никола Тес­ла чи­ја бис­та е на вид­но место во знак на благо­дар­­ност за не­го­­вото големо дело, од каде се шират  нијагарските хоризонти, а на восхитот на уникатните водени танци му нема крај. Кога го гледавме и се одушевувавме на постигнатото дело на Никола Тесла нашиот домаќин се насмеа и рече: „Еве што може да направи еден научник од македонско потекло”. Тој не убедуваше дека потеклото на Никола Тесла, кој го добил презимето од македонскиот збор „тесла”, било од Македонија, дека неговите предци биле ѕидари и дограмаџии и затоа ги нарекле „тесла”, а татко му бол поп. Ние му рековме на нашиот домаќин дека ова прашање ќе го оставиме на историчарите. Но факт е дека светската личност Никола Тесла како научник оставил траен белег на човештвото.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top