Култура и туризам

ВО ЊУ ЈОРК – СВЕТСКАТА МЕТРОПОЛА НА ФИНАНСИИТЕ, МУЗИКАТА, ЉУБОВТА, ПОЛИТИКАТА…(42)

92 copy

92 copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Њу Јорк, со пошироката градска околина има околу 17 милиони жители и претставува најголемо пристаниште, најголем стопански и културен центар во светот. Овој велеград се развил на утоката на реката Хадсон и на бреговите на заливот кој го затвора ос­тровот Лонг Ајленд

По Торонто следната наша дестинација беше Њујорк. Се поздравивме со нашите домаќини, а потоа се упативме кон излезот кон најсветскиот од сите светски градови  Њујорк. Точно во 10.30 часот, полетавме кон височините загледани во панорамата под нас. Најпрвин, долж брегот на езерото Онтарио, а потоа кон исток, за околу два часа да се најдеме на западната страна на Њујорк. Во далечината се гледаше поголем дел од светската метропола, како и бројни објекти во државата Њу Џерси, која е на десниот брег од реката Хадсон. Поврзани со неколку тунели и мостови, меѓу кои и мостот „Џорџ Вашингтон“, кој е на два ката и еден од најголемите и најубавите мостови во светот. Авионот слета на аеродромот „Њуварк“ во Њу Џерси точно напладне.

Поминавме низ градот Патерсон кој некогаш бил најголем центар на свила, за што сведочеа и бројните објекти од минатиот век. А во продолжение на Њуварк, покрај Патерсон следеа и Клифтон, Гарфилд, Пасаик, Тотова и други градови кои се нанижани еден до друг и кои ги дели некоја улица или канал, што за посетителот од Европа не е многу јасно, бидејќи сите тие градови претставуваат една целина што се протега долж автопатот бр. 80, кој преку автопатот бр. 95 е главната артерија меѓу Њу Џерси и Бронкс во Њујорк.

Од Њу Џерси преку реката Хадсон се доаѓа, главно, преку подводните тунели „Холанд“ и „Линколн“, како и преку мостовите „Џорџ Вашингтон“ и „Верзано – Нероуз“. Се движевме по автопатот бр. 4 и затоа се прик-лучивме во долгата колона автомобили што ја преминуваше реката Хадсон преку мостот „Џорџ Вашингтон“,  по линиите на кат, како што ве-лат њујорчани. За десетина минути се најдовме во Менхе-тен, од каде што продолживме долж реката кон југ, да ја видиме големата метропола  светскиот Њујорк. 

Њујорк, со пошироката градска околина има околу 17 милиони жители и претставува најголемо пристаниште и најголем стопански центар во светот. Овој велеград се развил на утоката на реката Хадсон и на бреговите на заливот кој го затвора островот Лонг Ајленд. На почетокот на најважниот дел од Њујорк, кој се вика Менхетен, од источната страна на реката Хадсон, Холанѓаните во 1625 година подигнале тврдина, а неколку години подоцна за ситници, вредни 24 долари, од Индијанците го откупиле Менхетен.

Тој денес е најскапиот дел од овој голем град, каде секоја педа земја се плаќа со баснословни суми пари и злато. Холанѓаните го нарекле Нов Амстердам. Меѓутоа, во 1664 година тој простор го освоиле Англичаните и го нарекле Њујорк. Во 1789 година станува главен град на Соединетите Американски Држави, кога Џорџ Вашингтон е прогласен за прв претседател на Соединетите Американски Држави.

Се шетавме со автомобилот на нашите пријатели кои постојано ни раскажуваа некои нови податоци за овој град. Велеа декаспоред официјалните податоци, бидејќи најголемиот број од американските доселеници дошле преку Њујорк, тоа значи дека секој ден се доселувале по околу 3.000 луѓе, од сите раси, меридијани и народи. Меѓу нив најмногу има Ирци, Италијанци, Евреи, Германци, Руси, Полјаци и припадници на други народи.

Денес во Њујорк живеат околу 200 нации, а и весниците се печатат на 200 јазици. Бројот на припадниците на некои народи е многу голем. Така, во Њујорк живеат повеќе Ирци отколку во главниот град на Ирска – Даблин. Италијанци има повеќе отколку во Рим, а со над 500 000 Афроамериканци, Њујорк е голем град на таа раса.

Њујорк е граден во европски стил, со збиени улици и квартови. Должината на улиците во Њујорк изнесува 9.000 км, колку што изнесува растојанието од Охрид до Рио де Жанеиро. Улиците, главно, се прави и наместо имиња се означени со броеви, и во одделни делови на Њујорк се движат повеќе од 5,5 милиони патнички возила 1,5 милиони автобуси и повеќе од еден милион жолти такси-возила. Освен тоа, во Њујорк од разни правци и градови дневно влегуваат околу 600 000 автомобили. За да се сфати колку е жив сообраќајот, треба да се додаде и тоа дека и под-земните железници дневно превезуваат околу 10 милиони патници. Бројки што навистина пленуваат и збунуваат.
       
923
МПЦ „Свети Кирил и Методиј“ во Пасаик

         
Животот во Њујорк е на улиците, но и под земјата, каде се наоѓаат милион дуќани, локали и др. Под површината на њујоршките улици и згради се наоѓа густа мрежа на подземни патишта и пруги на подземни железници, водоводни цевки, канали, електрични и телефонски инсталации и други уреди. Затоа често се вели дека по улиците на Њујорк никаде не може ни кол да се забие в земја, а камоли на некоја длабочина, а да не се оштети нешто под нив.

Ете, тоа се дел од особеностите на овој голем град, кој има жители колку Белгија и Австрија заедно. Тоа е градот на прочуената Статуа на слободата, на 11 универзитети, театри, музеи, галерии, значајни издавачки куќи, економски, трговски, научни и други институции; тој е седиштето на Обединетите нации, градот на филмот, музиката, љубовта…

Поради сето тоа Њујорк стана многу привлечен мегалополис. Најпосетена е зградата на ООН, низ која дневно поминуваат повеќе од 3.000 луѓе, потоа Емпаер стејт билдинг, Статуата на слободата и други. Низ Њујорк годишно поми-нуваатмилиони туристи. Њујорк е пристаништен град, полн со движење и работа, со богатства, сиромаштија и раскош, со најголеми контрасти. Вистинска арена на отворено.

Често се вели дека патиштата на северноамериканскиот континент, главно, водат, се вкрстуваат или заминуваат од светската метропола – Њујорк. Овој мегалополис по многу нешта е карактеристичен, контроверзен, убав и значаен, ако не и најзначајниот град на светот, чија архитектура, култура, минато и сегашност се еден импозантен и многу впечатлив мозаик, кои му даваат посебен и уникатен белег.

Затоа, не случајно се рекло дека да се види Њујорк значи да се почувствува големината, постигнувањата и развојот на човештвото, со вистините кои се видени на филмското платно, преку малиот екран, во фантазиите, мечтите на јаве. Меѓутоа, се чини дека од сè највпечатлив е Њујорк од авион, кога сите карактеристичните згради, авениите и друмовите со своите нишани од птичја перспектива се имаа како на дланка и ја збогатуваат американската разгледница и силните впечатоци на туристите.

Македонците кои живеат и работат во САД, главно, се организирани преку македонските православни црковни општини, во кои, покрај духовното живеење, ги задоволуваат и своите културно-просветни потреби. Во тие македонски светилишта, го јакнат патриотскиот дух, го чуваат мајчиниот македонски јазик, богатиот фолклор, песните и своите традиции.

Еден од таквите значајни македонски центри е, секако, Македонската православна црковна општина “Свети Кирил и Методиј” од Пасаик во државата Њу Џерси.a е една од позначајните македонски црковни општини на Северноамериканскиот континент. Идејата за изградба на овој македонски дом била одамнешна. Меѓутоа, организирањето на Македонците на црковен план почна во 1972 година.     
           .

За купување на зградата на првиот објек на црквата се заслужни поголема група Македонци, меѓу кои посебно место му припаѓа на Ѓорѓи Танев, по потекло од Ресен. Тој е и најзначајниот донатор за оваа црква и за првиот македонски манастир во странство “Св. Ѓорѓи”, во Њу Џерси. Исто така, голем придонес имаат и другите 21 член на управата избрана од Собранието. Нејзин прв претседател беше Богдан Симоновски, Ѓорѓи Танев е почесен претседател, а големи заслуги, покрај другите, имаат и претседателите Панде Димитровски, Науме Наумовски, Наум Трајковски и др.

Еден од светлите датуми на овој значаен македонски центар е 15 март 1973 година, кога е извршено регистрирањето на црквата кај американските власти во Њу Џерси. На 27 мај истата година, надлежниот архиереј митрополитот Кирил, во една руска православна црква ја отслужи првата света литургија на македонски јазик, на која присуствуваа неколку стотини Македонци од повеќе американски држави.  

Потоа, со одлука на членовите и Управата е купен друг објект во Пасаик Кој е преуреден и адаптиран за потребите на македонските верници. МПЦО “Св. Кирил и Методиј”, на 24 ноември 1974 година, официјално е осветена од митрополитот Кирил, во сослужение на Методи Гогов, тогашниот повардарски митрополит Михаил, а потоа поглавар на МПЦ, прота ставрофор Борис Поповски и тогашниот парохиски свештеник Јован Босеовски, а во присуство на неколку илјади Македонци.

Како продолжување на традициите на изгорената православна македонска црква “Свети Кирил и Методиј во Пасаик, Македонците од Њу Џерси во 1993 година решиле да градат нова црква. Така е купено место од десетина хектари заедно со времена сала во 1994 година, на кое е изградена македонска православна црква, исто така во стилот на Света Богородица во Калиште, односно по планот на црквата Свети Никола во Кентон, Охајо, но со зголемени димензии. Потоа на 7 август 1993 година беше осветен камен-темелникот од митрополитот Михаил. На оваа свеченост меѓу другите присуствуваа видни личностиод САД и Македонија, меѓу кои и тогашниот претседател на Република Македонија г-дин Киро Глигоров.

Продолжува

 slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН  

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top