Култура и туризам

НА СВЕТА ПЕТКА ВО СЛАВНОТО СЕЛО ЦРВЕНА ВОДА

8 copy copy

8 copy copy

Беше пладне кога го напуштивме Охрид и се упативме по патот кој води кон Скопје, за да стасаме на нашата дестинација, селото Црвена Вода во Дебрца. Патувањето по новиот пат кој е во интензивна изградба има свој правила кои моравме да ги почитуваме.

Само што го поминавме селот Ботун, недалеку од мостот на реката Сатеска, на десната страна се упативме по нов пат кој е во изградба и не е многу пријатен за возење. Стасавме до стариот пат за селото Црвена Вода и појдовме по стариот асфалтен пак. кој се одвојува како крак од магистралниот пат кај крстосницата за Слатино.

На неколку километри во висините на планината се наоѓа каменонолом, од кои, веројатно се прави целата нова патна мрежа. Но веднаш по таа голема градба започнува шумскиот бисер на планината на која е сместено селото Црвена Вода. Задоволство е да се гледа различната шума која му дава посебна убавина на овој крај.

Стасавме во планинското село Црвена Вода кое е сместено на источните падини на планината Караорман и се упативме кон домот на семејството на нашиоот колега и другар Веле Митаноски, новинар, публицист,политичар и пратеник во македонското Собрание . Неговата убава куќа, како и во минатите години и оваа година беше место на собир на бројни познати гости, меѓу кои: Поранешниот претседател на Собранието на Македонија, Трајко Вељановски, издавачот и поранешен претседател на Друштвото на  писателите на Македонија, Христо Петревски, четворица гости – членови на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)  од Мала Преспа, Албанија, предводени од Ефтим Митревски, потпретседателот на Алијансата, како и други гости од Скопје, Охрид и Дебрца.

Инаку, Црвена Вода е планинско село чиј куќи се изигнуваат на надморска височина од 1.000 до 1.200 метри. Селото има убава и поволна поставеност кон југоисток, опкружено со густо пошумени планински падини при што тоа изобилува со свеж воздух и во најтоплите денови. Имајќи предвид дека Црвена Вода е доста високо село со многу шума, поради својата поставеност тоа повеќе потсетува на утврдена населба (тврдина) при што тоа има специфична глетка: штом се здогледа една куќа така се гледа и целото село. Поради ваквото стратешко значење за време на Втората светска војна селото Црвена Вода било средиште на востаничката власт и војна и политика на македонските партизански одреди и органите на НОБ.

Потеклото на селото Црвена Вода дошло од тоа што на многу места на атарот и непосредно над самото село во многу голема мера е застапена почвата црвеница, односно има големи површини на земја и грутки со изразита црвена боја. Во услови на дождови сета вода која се слевала во долот од падините со почва црвеница непосредно над местото на денешното село била црвена, поради што најверојатно месноста и самото село поради тоа го добило името Црвена Вода. Од црвената земја се правени и тули со кои се градени постарите селски куќи кои заради ова карактеристика имаат црвена боја на ѕидовите

Селото Црвена Вода од Охрид е оддалечено 33 километри, чиј атар се издигнува високо на планината Караорман сѐ до билото на планината Стогово со врвот Бабин Сртч. Во густите шуми на атарот над селото најзастапени се листопадните шуми како буката, дабот, леската, јасиката, брезата, а во пониските делови и овошни дрвја како цреши и диви сливи. Од селото Црвена Вода водат повеќе шумски и планинарски патеки кон билото и врвот на Караорман како и врвот Бабин Срт на Стогово, при што тоа претставува завршна точка на првата западна македонска планинарска трансферзала.

Инаку, во пишаните историски документи е забележано дека селото Црвена Вода за првпат се споменува во 1582 година како дервенџиско село со 18 македонски христијански домаќинства. Тоа била дервенџиско село, односно село со посебни задолженија за чување на безбедноста на патните правци и во XVII век. Потоа селото престанало да постои, а денешното село било обновено околу 1820 година.

Селото има убава и поволна поставеност кон југоисток, опкружено со густо пошумени планински падини при што тоа изобилува со свеж воздух и во најтоплите денови. Имајќи предвид дека Црвена Вода е доста високо село со многу шума, поради својата поставеност тоа повеќе потсетува на утврдена населба (тврдина) при што тоа има специфична глетка.

888       88

    Манастирот „Св. Петка“                                    Вамќчо Николески

Поради извонредно стратешки значајната географска местоположба на селото Црвена Вода за време на Втората светска војна тоа било средиште на востаничката власт и војна и политичка на македонските партизански одреди и органите на НОБ на првата слободна територија во Македонија во славната Дебрца. Во селото Црвена Вода престојувале претставници на воените и политичките тела на народнослободителната борба, меѓу кои Кузман Јосифовски – Питу, Методија Андонов – Ченто и други

Исто така, на врвот Славеј на 18 август 1943 година била формирана првата регуларна македонска партизанска единица – Баталјотот „Мирчр Ацев“, а по неколку дена Дебрца станала првата слободна територија во Македонија. На самиот врв на Славеј Планина е подгинат споменик. Нападот на фашистичката војска на селото Црвена Вода во текот на Втората светска војна е опеан во народната песна „Силна ми војска идеше“.

Црква „Св. Атанасиј“ е главна селска црква. Изградена е во втората половина на XIX век, во времето кога според кажувањата на жителите селото имало 7 домаќинства. Денес црквата е возобновена и има простран двор со трпезарија и услужни објекти. Црковна и селска слава е Свети Атанас „пролетен“ во мај, додека друга слава на сите родови е Света Петка и Петковден. До 1946 година црквата во посед имала 10 хектари обработливо земјиште кое го добила на подарок од семејство кое не можело да има децаЦрквата, пак, Света Петка е во планинскиот дел на 4-5 километри оддалеченост од селото..

Најзначајна личност од селото Црвена Вода е, секако, Ванчо Николески— македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младинци. Во своето најпознато дело „Волшебното самарче“, како и други негови дела и песни го споменува и дава описи од родното село Црвена Вода наведувајќи го под името Мацково.

Основоположникот на македонската литература за деца и млади Ванчо Николески, преку здружението „Мацково“, седум година го организира Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”, единствената таква манифестација на Балкланот. Се одржува под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа”.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top