Култура и туризам

90 ГОДИНИ УСПЕШНА НАУЧНА РАБОТА НА ХИДРОБИОЛОШКИОТ ЗАВОД (ИНСТИТУТ) ВО ОХРИД

111111111111

111111111111

По повод 90 годишнината од основањето на Хидтробиолошкиот Завод, денес Институте во Охрид ќе се одржи свечена академиј на 4 септември 2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот во црквата Света Софија во Охрид. Настанот не е само прослава на годините, туку и сведоштво за децениската посветеност на науката, зачувувањето на природното богатство и трајниот дух на истражување кој живее во срцето на Заводот. Со тоа ќе се напишат наредните поглавја на науката, еколошката одговорност и интернационалната соработка, како што напишаа Д-р Орхидеја Тасевска, директорна Институтот (Заводор(-) дека тоа че биде минато што не обврзува и иднина што ја градиме

Хидробиолошкиот Завод (Институт) во Охрид е еден од првите четири научни институции во Македонија, а истовремено и е една од првите установи од таков вид на Балканскиот Полуостров. Тој е формиран во 1935 година, а од 1951 година, дотогашната Хидробиолошка станица прерасна во Завод, а денес Институт, продолжувајќи ја својата научна дејност како важна институција во Македонија.

Основач на Заводот (Институт) и најзаслужен за афирмацијата на Охридското Езеро и Охрид во земјата и во светот беше, секако,  професорот д-р Синиша Станковиќ. Уште со неговото прво доаѓање во Охрид и со почнувањето на пионерските испитувања на Езерото и на неговиот жив свет, тој се носел со идејата за отворање лимнолошка станица на брегот на Охридското Езеро. Така, во 1935 година, на истекот на Билјанините Извори, во непосредна близина на Охрид, изградена е денешната стара зграда на Заводот, подоцна поврзана со каналот, кој води од Заводот до Езерото. Во исто време, почнало да се гради и мрестилиштето за оплодување, развиток и за вештачко одгледување на млади рипчиња на охридската пастрмка.

Хидробиолошкиот Институт е образовно-научен институција во Македонија. Главна цел на Институтот е лимнологијата на езерата и реките во Македонија. Покрај научната дејност, Институтот располага и со мрестилиште за пастрмски видови со капацитет од 20 милиони зрна икра, младици или подмладок на ендемските видови пастрмки од Охридското Езеро. Од почетокот како Хидробиолошката станица до денес како Хистробиолошки  Институт имал за цел истражување на природните и вештачките езера во Македонија, како и речните текови во државата. Посебно внимание Институтот обрнува или е посветен на Охридското Езеро.   

Со основањето на Универзитетот во Битола во 1979 година Хидробиолошкиот завод станува потписник на Спогодбата за здружување во Универзитетот.
Организационата структура на оваа јавна научна установа опфаќа лаборатории, заеднички служби и библиотека. Основната дејност, биолошките дисциплини , се одвиваат во
неколкуте лаборатории за микробиологија, фитопланктон, зоопланктон, циприниди, фауна на дно, лабораторија за практично рибарство со мрестилиште, хидроботаника, хемизам на вода, паразитологија, како и лабараторија за молекуларна биологија.

Покрај мрестилиштето, институтот е опремен со високософистицирана теренска и лабораториска опрема за потребите на истражување и Програмата за мониторинг на Охридското и Преспанско Езеро, како и за изведување лимнолошки истражувања на други природни и вештачки езера

Покрај тоа, Институтот поседува и брод за теренска работа на Охридското Езеро, опремен со кран и чекрг, радар и ехо-сондер со ГПС, профајлер (темепература, пХ, спроводливост, О2), ПАР (фотоактивно зрачење), опрема за семплирање седименти, опрема за семплирање проби на води, планктонски мрежи итн

Хидробиолошкиот Институт (Завод) е изграден во 1935 година на иницијатива на биологот Синиша Станковиќ и од тоа време е единствена институција во државата од овој тип.. Објектот е граден на подлога од блато, со камени масивни ѕидови. Се работи за строго симетрична композиција со средишен испуштен дел и две странични крила и овој план се развива по сите катови. На фасадата се забележуваат декорации и второстепена архитектонска пластика околу прозорците и терасите, дрвена столарија која на места е затворена со пластични ролетни.

Основач на Заводот и најзаслужен за афирмацијата на Охридското Езеро во земјата и во светот беше, секако,  професорот д-р Синиша Станковиќ. Уште со неговото прво доаѓање во Охрид и со почнувањето на пионерските испитувања на Езерото и на неговиот жив свет, тој се носел со идејата за отворање лимнолошка станица на брегот на Охридското Езеро.

Така, во 1935 година, на истекот на Билјанините Извори, во непосредна близина на Охрид, изградена е денешната стара зграда на Заводот, подоцна поврзана со каналот, кој води од Заводот до Езерото. Во исто време, почнало да се гради и мрестилиштето за оплодување, развиток и за вештачко одгледување на млади рипчиња на охридската пастрмка.   

Треба да се нагласи дека мрестилиштето е мошне важен дел на Заводот. Така, само во периодот 1935-84 година, Охридското Езеро е порибено со околу 240 милиони млади рипчиња. Исто така, вршени се порибувања со охрдиска пастрмка на водите од Преспанското Езеро, акумулацијата Власина во Србија и на некои други води. Во пет зимски сезони, пак, во мрестилиштето е извршено одгледување на охридската белвица.

Хидробиолошкиот завод доживеа полн процут по Втората светска војна, со конституирањето на Република Македонија. Тогаш се организираше по примерот на два многу познати центри во Европа: Лимнолошката станица на Лунцкото Езерео – во Австија и Макспланковиот завод во Плен, во Германија.

Така, во Хидробиолошкиот завод се отворија лаборатории за физичко – хемиски проучувања на водата и на тињата, за микробиолошки проучувања, за проучувања на фитопланктонот, зооплантконот, фауната на дното и рибните популации, со соодветен научен и помошно – технички персонал. Исто така, во Заводот успешно работи библиотека со фонд од повеќе од 15.000 книги, која врши размена и има соработка со огромен број библиотеки, институции и установи во земјата и во светот.

По конституирањето на државноста на Македонија, Заводот беше под непосредно раководство на Министерствата за просвета и за земјоделство, а од формирањето на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, под Филозофскиот факултет, а подоцна под раководство на Природно – математичкиот факултет.

Од 1950 до 1954 година, Хидробиолошкиот завод беше сојузна установа, под раководство на Академскиот совет на тогашна ФНРЈ, а од 1954 до 1961 година повторно е републичка установа во рамките на Скопскиот универзитет. Со формирањето на Фондот за научни дејности на Македонија, се одвои од Универзитетот и од 1961 година е самостојна научна организација, финансирана од Фондот за научни дејности.

Подоцна, како таква стана членка на Универзитетскиот центар за биолошки и за биотехнички науки, додека, пак, од 1979 година Хидробиолошкиот завод стана организација – членка на Универзитетот во Битола.

Инаку, научен заклучок е дека Езеро е многу старо, а е старо најмалку два милиони години и богато со особен растителен и животински свет кој живее само во Охридското Езеро или во еден тесен регион околу него. Извесен број растенија и животни се сосем идентични или блиски на некои фосилни остатоци на Балканскиот Полуостров и на Средна Европа. 

Познато е дека големиот српски научник Јован Цвијиќ на крајот на деветнаесеттиот век, во Македонија, особено на Охридското Езеро ги извршил своите фундаментални географски, геоморфолошки, еколошки и лимнолошки испитувања, врз чии резултати и дела се засновуваат познавањата за Езерото, за неговата котлина, нејзиниот состав и потекло

Според податоците за академик Синиша Станковиќ, тој за првпат дошол во Охрид во 1922 година како доцент на Белградскиот универзитет. Откако го видел Охридското Езеро станал вљубеник до крајот на својот живот и остана ненадминат познавач на езерскиот жив свет. Меѓутоа, за важноста на Охридското Езеро знаел уште како студент, од проучувањата на виенските зоолози Ф. Штеидахнер и К. Стурану, кои во 1892 година откриле во Охридското Езеро извесен број ендемични риби и полжави.

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, етнолог, еколог, револуционер, општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид, со Македонија, со биолошкиот подем и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е мошне тесно поврзано со постоењето и со конституирањето на поранешна Југославија. тој бил вљубеник во Охридското Езеро, „македонското море“, како што го нарекувал, вљубеникот и заштитник на мајката природа.

Академикот проф. д-р Синиша Станковиќ бил великанот во лимнологијата и во научната мисла воопшто. Неговата научна и политичка активност бил единствен израз на неговата личност. Тој бил прогресивно ориентиран професор; еден од оние универзитетски професори кои му дале непроценлива помош и поддршка на напредното студентско движење во поранешна Југославија, особено на Белградскиот универзитет. Бил познат биолог во целиот свет и научник од светски глас.

За истражување на Охридското Езеро, на неговата околина, како и на Преспанското и на другите езера во Македонија, професорот Станковиќ приклучил голем број истражувачи од земјата и од странство, со што широко ги отворил вратите за меѓународна соработка на полето на науката. Тој, всушност, сè што правел и преземал, особено за Охридското Езеро, настојувал да биде длабоко научно фундирано, респектирајќи го притоа мислењето и искуството на рибарите кои му помагале во решавањето на секакви проблеми што се однесувале на Охридското Езеро.

Добиените резултати од истражувањата професорот ги презентирал целосно во монографијата „Охридското Езеро и неговиот жив свет“, што најнапред излегла на српско – хрватски јазик во 1947 година, а во 1959 година – и на македонски јазик, во издание на „Култура“ од Скопје. Овој научен труд претставува значајна публикација што им е достапна не само на стручњаците, туку и на најшироката читателска публика.

Во 1960 година излезе од печат капиталното дело на професорот Станковиќ „Балканското Охридско Езеро и неговиот жив свет“ на англиски јазик, во издание на В. Јанак од Хаг. Тоа беше инспирација за авторот на овие редови, Славе Катин да го подготви првото негово дело „Англиско-македонски лимнолошки лексикон“ во 1986 година и да ја преведе докторската дисертација на д-р Милчо Точко „Развој и исхрана на младите ципринди на Охридското Езеро“ во 1987(од македонски на англиски).

 Сумирајќи ги резултатите од истражувањата, како и од поранешните географско -геолошки изучувања, во своето значајно дело „Фауната на Охридското Езеро и неговиот жив свет“, објавено на германски јазик, направи крупни генерализации за потеклото и за фауната на Охридското Езеро и неговото биогеографско значење.

 Академикот Синиша Станковиќ бил роден на 26 март 1892 година во Заечар, Србија. Меѓутоа, неговиот дедо по потекло бил од Македонија, од селото Пожаране, Полошко. Честопати пред научните работници на Хидробиолошкиот завод, професорот го потенцирал своето потекло, а тоа особено било изразено во последните години од животот.

Многу ја сакал народната музика, а особено македонскиот мелос и често сам или пред студентите пеел македонски песни, а најчесто од сите македонски песни ја пеел песната  „Билјана платно белеше на охридските извори“.

Ги сакал Езерото, градот Охрид и Македонија, а таа љубов му била возвратена со иста мера, особено од Охрид, градот во кој го поминал поголемиот дел од животот. Охриѓани, меѓу другото, го прогласиле за прв почесен граѓанин. За нив тој бил и повеќе од тоа – бил нивен сограѓанин.

Академикот, професорот д-р Синиша Станковиќ, ја напушти неговата „рамка на животот“ на 24 февруари 1974 година, но неговите ученици и градот Охрид му остануваат трајно благодарни што токму тој, со своите истражувања, го направи Охридското Езеро познато во целиот свет. Затоа Македонија и македонски народ, заедно со  научниот свет од Македонија и од Балканот му благодари за неговата величина во лимнологијата и во научната мисла воопшто.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top