Култура и туризам

АРХИЕПИСКОПОТ МИХАИЛ – ЧЕТВРТИОТ ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА – ДЕЛ II (2)

33

33

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА ДУХОВНО ПОЛЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА  Г.Г. МИХАИЛ

Свештеникот Методи Гогов бил меѓу првите мисионери во Австралија во првата македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Бил испратен во 1966 година, а се вратил при крајот на 1970 година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитика и пастирско богословие.

Покрај англискиот зборуваѓе француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици.

Од 1972 година бил генерален секретар на Македонската архиепископија, а за архијреј бил хиротонисан на 25 декември 1988 година. Неговото Блаженство господин господин Михаил бил познат по тоа што не сакал да ги чита своите богослужбени слова, но бил запаметен по неговото ораторство со кое ги надминувал сите архијереи.

Во 1988 година е хиротонисан, кога е и митрополит во Повардарската епархија. Потоа на 4 декември 1993 година, на Црковно-народен собир во Охрид е избран за четврти по ред поглавар на Македонската православна црква. На тој чин архиепископот Михаил, меѓу другото, го изјави следното:

 „Ние, Михаил, избран и востоличен архиепископ охридски и македонски, се заколнувам во семоќниот Бог дека на Македонската православна црква и својата татковина Република Македонија ќе им бидеме верни и предани, ќе го почитуваме и чуваме црковниот Устав, ќе ја чуваме чистотата на светото православие, црковните канони и прописи, ќе го чуваме канонското единство на сите православни автокефални цркви, а посебно ќе ја почитуваме Македонската православна црква во сè, па и во своите дела и постапки ќе се раководиме исклучително од доброто и интересите на нашата Света Црква и Татковина, и дека нема да се согласиме со никаква измена што би била спротивна на нивните интереси“.

Архиепископот Михаил доаѓа на чело на Македонската православна црква-Охридска архиепископија две години по осамостојувањето на Македонија, која како држава требаше да докаже дека овој народ има своја државотворност, своја историја и своја црква. Како божји гласноговорник, моќен оратор и беседник, кој се залагаше за автокефална МПЦ-ОА, македонскиот православен народ во него гледаше со надеж и полна доверба дека во спорот со Српската православна црква, нема да ја премине црвената линија на достоинството на МПЦ-ОА.

333

Овој мудар белобрад старец, како што го нарекуваа во Црквата, беше единствениот духовник на кого му е понудено местото за претседател на државата. На почетокот на деведесеттите години дедото Михаил требаше да биде еден вид македонски Макариос, претседател во мантија, но тој се откажа од овој предизвик несакајќи да ја замени црковната со државничка позиција.

Дедо Михаил, како што го ословуваше авторот на текстот Славе Кати, бил ревносен богослужител, пријатен соговорник и внимателен кон секого. Иако по чин бил највисок во јатото, за да се развие сплотеноста на Црквата тој ги слушал своите браќа и соборски ги донесувал значајните одлуки за животворноста на МПЦ-ОА. Работел да се зголеми бројот на архијереи, зошто „стадото било големо, а, пак, овчари биле малкумина“.

Како надлежен за Американската епархија, дедо Михаил успеал да ги прибере и сите залутани верници, да ги надмине сите спорови, а со тоа овозможил оваа епархија да заживее со полн црковен живот.

Сепак, тој не успеал да отпатува за Австралија, затоа што не сакал да биде пречекан од поделените, туку од сите обединети верници Македонци. Водел преговори и со претставници на Српската православна црква за воспоставување на духовно единство меѓу двете цркви.

Свесен за сложеноста на ова прашање кое го наметнува Српската православна црква, ќе го остави заветот дека никој нема право да го премине прагот на црвената линија, со што би се нарушило достоинството на Црквата и македонскиот народ и дека секој треба да се заложува за жива и здрава автокефална МПЦ-ОА.

За време на неговото архиепископување направени се потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и норми. Исто така, за негово време се збогати издавачката дејност во МПЦ-ОА, при што се отпечатени сè повеќе богослужбени изданија и книги со богословска содржина.

Свештеникот Методи Гогов (архиепискот Михаил)   сфаќајќи ја потребата од новото време, односно од доближување до православните верници и пошироката јавност, често бил присутен во електронските и печатените медиуми, како дома така и во странство. Ваквиот пристап на поглаварот на МПЦ-ОА, овозможил таа да излезе од гетоизираноста.

На 6 јули 1999 година во Скопје почина архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил. Погребан е во црквата „Свети Наум Охридски“ во Радишани, а за негов наследник на тронот на Македонската православна црква е избран архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top