Култура и туризам

АРХИЕПИСКОПОТ МИХАИЛ – ЧЕТВРТИОТ ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА – ДЕЛ III (3)

15 copy

15 copy

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА ДУХОВНО ПОЛЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА  Г.Г. МИХАИЛ

Методи Гогов (архиепискот Михаил) бил меѓу првите мисионери во Австралија. Бил испратен во 1966 година, а се вратил при крајот на 1970 година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде предавал англиски јазик, омилитикам и пастирско богословие.

Покрај англискиот зборувал француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици. Харизматичниот дедо Михаил ќе остане запаметен како неповторлив професор по омилитика (црковно ораторство).

Од 1972 година бил генерален секретар на Македонската архиепископија, а за архиреј бил хиротонисан на 25. 12. 1988 година. Неговото Блажество Г.Г. Михаил е познат е по тоа што несакал да ги чита своите богослужбени слова, но е запаметат по неговото ораторство со кое ги надминуваше сите архиереји. Како образован и начитан човек умеел со своите беседи да проникне во душата на македонскиот народ, а заедно со нив доживеа да ужива во плодовите на независноста на Република Македонија.

Методи Гогов (архиепискот Михаил) како епархиски архиереј, Митрополит повардарски, со божја волја бил избран за поглавар на македонската православна црква на 4.12.1993 година. Архиепископот Михаил доаѓа на чело на МПЦ две години по осамостојувањето на Македонија која како држава требаше да докаже дека овој народ има своја државотворност, своја историја и своја црква.

Како божји гласноговорник, моќен оратор и беседник, кој се залагаше за автокефална Македонска православна црква, македонскиот православен народ во него гледаше со надеж и полна доверба дека во спорот со СПЦ нема да ја премине црвената линија на достоинството на Македонската православна црква.

Овој мудар белобрад старец, како што го нарекуваа во Црквата, беше единствениот духовник на кого му е понудено местото на претседател на државата. На почетокот на деведесетите години дедото Михаил требаше да биде еден вид македонски Макариос, претседател во мантија, но тој се откажа од овој предизвик несакајќи да ја замени црковната со државничка позиција,

Методи Гогов (архиепискот Михаил) бил ревносен богослужител, пријатен соговорник и внимателен кон секого. Работеше на градење на единството и угледот на МПЦ, дома и во светот. Свесен дека без сплотеноста на неговите браќа архиереи – митрополити на МПЦ, нема растеж на Црквата, го возобнови работењето на Синодот на МПЦ.

155 

Богословскиот факултет „Св, Климент Охридски“

Иако беше по чин највисок во јатото, за да се развие сплотеноста на Црквата тој ги слушал своите браќа и соборски ги донесувал значајните одлуки за животворноста на МПЦ. Работел да се зголеми бројот на архиереји, зошто „стадото било големо, а пак овчари биле малкумина“.  Токму на барање на Михаил во 1995 година се вратија од Света Гора монасите Наум и Климент, кои подоцна станаа владици. Нивното враќање го овозможи возобновувањето на македонското монаштво, чин со кој се гордее Македонската православна црква.

Како надлежен за Американската епархија, дедо Михаил успеал да ги прибере и сите залутани верници, да ги надмине сите спорови, а со таа овозможи оваа епархија да заживее со полн црковен живот. Сепак тој неуспеал да отпатува за Австралија, затоа што несакал да биде пречекан од поделените, туку од сите обединети верници Македонци.

Водел преговори и со преставници на Српската православна црква за воспоставување на духовно единство меѓу двете цркви. Свесен за сложеноста на ова прашање кое го наметнува СПЦ, ќе го остави заветот дека никој нема право да го премине прагот на црвената линија со што би се нарушило достоинството на МПЦ и македонскиот народ и дека секој треба да се заложува за жива и здрава автокефална Македонска православна црква.

За време на неговото архиепископување направени се потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и норми. Исто така за негово време се збогати издавачката дејност во МПЦ, при што се отпечатени се повеќе богослужбени изданија и книги со богословска содржина.

Методи Гогов (архиепискот Михаил) сваќајќи ја потребата од новото време, односно од доближување до православните верници и пошироката јавност, беше често присутен во електронските и печатените медиуми, како дома така и во странство. Ваквиот пристап на поглаварот на МПЦ, овозможи Црквата да излезе од гетоизираноста наметната од поранешниот режим, а со тоа и да придонесе за афирмација на Црквата.

Во 1999 година Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил мирно ќе замине на Небеското царство. Погребан е во црквата „Св. Наум Охридски“ во Радишани, а за негов наследник на тронот на Македонската православна црква е избран Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г.Стефан.

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top