Култура и туризам

Марија Емилија Кукубајска: ДОНИРАЊЕТО Е ЉУБОВ

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska copy

Повикан од космичката вдахновеност, од Бог, да и’ даде Христијанство на Европа преку  Македонија, Светиот Павле ја споделува мудростa „Благословите се поголеми кога даваме, одошто кога добиваме“ (Дела, 20:35). Оваа вистина најдобро ја знаат мајките; носат нов живот и даваат безусловна љубов на новороденчето. Детето, се чини, не знае да возвраќа. Но, постепено, кога се осознава, мајката, онаа вистинска, и неоттуѓена мајка, го учи детето да возвраќа, и свесно и интуитивно, да споделува – со своите, со браќа, сестри, другари…

Во ера на морална дегенерација, кога човештвото не цени споделување, за помош и развој на својата фамилија, народ и земја, кај него се развива криминална ненаситност, потсмев, омраза, криење од добродетелни чинители. „Домот не може да ми биде каде и срцето. Во високи кругови – таму небото ми е дом. Сам си го бирам тој дом. Не чекам милост од Бог“.

Оние кои знаат дека радоста на споделување се зголемува со верата во човечност, која доаѓа од Бог, го разбираат постоењето како давање на најдоброто од себе, за доброто на другите. Затоа, и малиот чин на споделување со другите, она што, можеби, мајките го  наследиле од својата мајка и татко, во суштина значи слобода. Благородно ослободување од она што сме го имале позајмено од Бог, привремено, и не за секогаш присвоено.  Давањето ја умножува радоста во неоттуѓеното битие, ги поддржува потребите за развој и напредок на светот и човекот, на моралните и духовните вредности.  

Чинот на споделување и на она малку што преостанало неодземено од државата во повеќе периоди од нејзиното владеење, за мене лично значи вложување во нови благосостојби. Тоа е несфатлива за оние кои алтруизмот го сметаат за апсурд, особено од дарител кој нема доволно и за себе. Но, и јас и моето дете Емилија, ќе сме вонредно среќни ако со други мајки споделиме макар и мали добродетелства, за добрини и убавини да никнуваат на ниви од радости, за, барем делумно, да се ослободуваат од страв за успешна и здрава иднина.    

Мајка сум, и во спомен на мојата мајка, татко и ќерка, подарувам дел од моја нива која ми преостана по експропријација на фамилијарно Кукубајско наследство, годинава во Штип. Мојата фамилија ја разбирала историјата на давање. Македонските мајки ги давале своите најдобри синови и ќерки во борби за слобода на македонскиот народ. Верувала дека имаат човеково, и универзално, право на живот во мир, среќа, радост и слобода. Сонувале, на Македонија да и’ даруваат свои вонредно вредни деца. Но, во светот завладува време на немање, немање разбирање за владеење на правда без омраза, за потрага по фамилијарна среќа, за гаење на своја нива, свој дом, свои деца. Однема верба во Доблестите на духот (Fruit of the spirit, Paul, Galatians 5:22-23), однема љубов во човекот, и кон човекот.

А без љубов, нема здрава екологија за тие Плодови на духот, тие вселенски законитости.  Свет без љубов е средина без суштина, систем без срце, без споделување на даденото од Бог. Во тоа верува и толкувачот на космосот и освојувачот на науките, Илон Маск, и оние сеуште нероботизирани, морално нестерилни, неалчни, нелукави мајки, татковци, деца…

МАЈКИ НА МАКЕДОНИЈА, И СВЕТОТ, имајте плодни ниви за натпревар во доблестите!

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top