Култура и туризам

АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКАТА ЦРКОВНА ЕПАРХИЈА (6)

9033456789

9033456789

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Македонските православни црковни општини во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализација на своите активности црковните општини, пред се’имаат добиено широка поддршка од Австалиската влада и од мајката – Светиклиментова православна црква во Македонија, почнувајќи од доаѓањето и активностите на свештеникот Михаил Гогов во 1966 година

Со формирањето на црковните општини во Австралија, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците што живеат вон границите на Македонија.

Македонските доселеници во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија и со какви патни исправи се дојдени во новите средини, преку МПЦО добиваат документи што сведочат дека се Македонци,а со тоа стекнуваат право да избираат да бидат избрани во црковно-општинските тела. Така, тие добиваат крштеници, венчаници и други документи кои се официјални и законски пред австралиската администрација.

Австралиско-македонската епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонските иселеници во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија потекнуваат.

Во почетокот Епархијата беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска и австралиска црковна епархија, кога во 1969 година за прв архиереј на Заедничката епархија беше избран митрополитот Кирил.

Од 16 ноември 1995 година за нов надлежен архиереј,Светиот синод го избра митрополитот Петар.Тој и понатаму е надлежен на Преспанскопелагониската епархија на МПЦ како администратор, а се именува како митрополит Австралиски, што значеше оваа прекуокеанска епархија на Македонската православна црква тој ја презема целосно со постојано место на живеење на петтиот континент.

Седиштето на оваа Епархија се наоѓа во Мелбурн,во државата Викторија, каде што постојано има архиерејски заменик.Прв и еден од најзначајните архиерејски заменици и мисионер на Австралија беше архиепископот Михаил. Австралиско-македонската црковна епархија одржувала епархиски собранија секоја втора година. Првото такво собрание било одржано во 1971 година.

Изборот на владиката Петар за митрополит австралиски се случи во периодот кога во иселеништвото во Австралија имаше силно превирање на национално, духовно и политичко поле.Се беше добро до времето кога се постави прашањето за опственоста на имотот на македонските православни цркви и црковни општини и манастири во Австралија.

90334567899

Тогаш, за жал, Македонците на петтиот континент се поделија на две групи.Едната ги одобри и поддржа постапките на владиката Петар,за воспоставување целосна контрола врз имотот и средствата на црквите,како новина во имотно-правните односи кај Македонците во дијаспората.

Другата група, пак, формира своја асоцијација спротивна на владиката Петар, со цел да ги задржи имотите и црквите да бидат на членството, односно на народот, на верниците.

Спорот се’ уште трае и има несогледливи штети врз духовно-националното движење и финансиското опстојување на македонските православни цркви во Австралија и на Македонците во целина. Со назначувањето за надлежен архиереј на митрополитот Петар името на Епархијата е променето во Австралиско-новозеландска и се настанати поголем број проблеми од црковно-национален, организационен и друг план. Во период од десеттина години митрополитот Петар формирал паралелно десетина македонски православни цркви.

Исто така, во декември 2012 година Светиот архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги прими 13-те цркви на Македонска православна епархија за Австралија (МПЕА), предводена од митрополитот Тимотеј под своја директна надлежност, како дел од потезите за надминување на 16 годишниот спор со владиката Петар. 

Македонска православна епархија потоа беше регистрирана и како правно лице во Австралија, во согласност со член 172 од Уставот на МПЦ-ОА и со австралиските закони за регистрирање на непрофитни, вклучувајќи и верски организации. Со овие 13 цркви владеат и управуваат органите на новата Епархија, која усвои Епархиски статут,кој го одобри САС и Архиепископскиот управен одбор на МПЦ-ОА.Избран е и привремен Епархиски управен одбор со кој претседава митрополитот Тимотеј.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top