Култура и туризам

АМЕРИКАНСКО – КАНАДСКО – МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА (7)

316

316

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Американско-канадската епархија е една од четирите задгранични епархии на Македонската православна црква.  Формирана на Третиот црковно-народен собор одржан во Охрид од 16 до 18 август 1967 година. Прв нејзин епархиски архијереј бил митрополитот Кирил, кој 20 години ја управувал епархијата (1967 -1987). Од 1987 до април 1989 година митрополитот Стефан ја носел титулата Американско-канадски; од април 1989 до 1992 година, епархијата ја администрирал архиепископот Гаврил, а потоа   епархијата била под административна надлежност на Синодот. 

Архиепископот Михаил го презел администрирањето од 1993 -1999 година, а архиепископот Стефан од 1999 до 2006, додека  митрополитот Американско-канадски Методиј (Златанов) од 2006 до денес.

Имено, веднаш по Црковно-народниот собор во Охрид од 1958 година, а особено по Соборот од 1967 година, до раководството на МПЦ многу позасилено почнаа да пристигнуваат голем број честитки со целосна поддршка на значајните историски оживотворувачки настани за Македонската света црква и со многу барања за формирање бројни македонски црковни општини. Тие почнаа да се претвораат во најсилното оружје против сите оние кои посегаа по светоста, името и достоинството на народот наш македонски.  

Македонците од сите делови на поделена Македонија во иселеништвото, градејќи го грандиозното црковно-духовно и културно-просветно сенародно македонско дело, се изградуваат, се интегрираат и стануваат чесни, трудољубиви, лојални граѓани на нивните нови татковини. Но, притоа не заборавајќи да си останат горди и верни синови и ќерки на Македонија и на својата мајка – Светиклиментовата македонска православна црква. Со севкупните богати активности тие се трудат да станат, а и се, вистински мост на искрено пријателство и соработка меѓу земјите во кои живеат и родната татковина Македонија.

 Затоа, свештеникот Методи Гогов (архиепискот Михаил)   тамошните медиуми го нарекувале поп што лета бидејќи работел и неуморно патувал – ги создавал првите црковни општини во Австралија.

Во врска со активностите како продолжение на духовно-национално поле на Северно-американскиот континент, треба да се одбележи дека останува во аналите светол датум 12 септември 1981 година за Македонците во САД и Канада.

На тој ден во МПЦ „Свети Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

Имено, по одржувањето на молитвата во храмот „Свети Димитрија”, во хотелот „Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архијерејот и архијерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа околу 15 црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија.

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање на македонските, во американските и канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник „Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на македонската нација во целина.

317

Една од најважните активности на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собир, кој се одржува секоја година од 1975 година. Првиот собир се одржа во Торонто во 1976 година. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите на над 40 цркви и два манастира, во кои служат 30 македонски свештенослужители и еден надлежен архијереј.

Идејата за одржување на црковно-народните собири на македонските доселеници коишто живеат во САД и во Канада, произлезе од македонската етничка заедница во Гери, Индијана, поточно од црквата „Свети Петар и Павле”. Идејата беше прифатена од членството на црквата, а потоа и од другите македонски православни цркви.

Така, на 19 и 20 мај  1975 годинаво црквата „Успение на пресвета Богородица”, во Колумбос, Охајо се одржа средба на која беше договорено секоја година да се одржува црковно-народен собир во разни места, односно градови во Северна Америка, каде што има македонски православни цркви.

Основната цел на овој собир треба да биде зацврстувањето на единството на македонските иселеници, како и јакнење и унапредување на дејноста на Епархијата. Се одлучи Собирот да се одржува секоја прва сабота и недела во септември во деновите на празникот „Ден на работникот” и да трае два дена.

Првиот црковно-народен собир на Американско-канадската македонска православна епархија се одржа во Торонто, во 1975 година. Досега организатор, односно домаќин на собирите неколку пати биле македонските цркви во Торонто, Колумбос, Хамилтон, Гери, Детроит, Пасаик, Чикаго, Бафало, Виндзор, Сиракуз, Мисисага и Кливленд.

Јубилејниот 40. црковно-народен собир на Американско-канадско-македонската епархија се одржа во црквата „Успение на пресвета Богородица” во Детроит, Мичиген, на кој земаа учество сите македонски православни цркви  од Соединетите Американски Држави и Канада. Присуството на Македонците од сите делови на Македонија беше на високо ниво,

Собирот на Американско-канадска епархија за 2017 година се одржа во Торонто, а домаќин беше првата македонска православна црква во Канада, катедралниот храм „Свети Климент Охридски”.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top