Култура и туризам

ОСВЕТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО АВСТРЛАЛИЈА ОД СВЕШТЕНИКОТ МИХАИЛ ГОГОВ ДЕЛ I (8)

15 copy

24

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Во врска со улогата на свештеникот Михаил Гогов (архиепископ г.г.Михаил) во македонското иселеништво во Австралија треба да се нагласи следното:

1, Во монографијата „Митрополитот Кирил“ се вели дека црковно-народниот живот почнал да се интензивира во 1967 година, кога во македонската средина во Перт дошол прота ставрофорот Методи Гогов, подоцна поглавар на МПЦ-ОА кој првпат отслужил богослужба на македонски јазик. Потоа, со формирањето на првата македонска православна општина „Свети Никола“, се постигнати извонредни резултати во македонската комуна.

Инаку, како резултат на силниот патриотски дух и приврзаноста кон родната земја-Македонија, уште во 1962 година Македонците од Перт покренале иницијатива за формирање македонска црковна општина. Потоа било купено местото на аголот од улиците Алберт и Кеили, со цел во почетокот да се изгради културен центар, a потоа црковна општина. Така, била донесена одлука истата зграда да биде наменета и за дом и за црква.

Според зборовите на митрополитот г. Кирил, за успехот на овој потфат се заслужни голем број македонски доселеници, од кои посебно место им припаѓа на: Мита Мијас, Трпче Пеов, Коста Капинков, Коста Ангелковски, Сем Кристи, Томе Миовски, Ване Цигулев, Ване Боршов и многу други донатори и патриоти.

Свеченото осветување на општинската црква „Свети Никола“ е извршено на 6 април 1969 година од митрополитот г. Кирил и дебарско-кичевскиот архијереј, митрополитот г. Методиј во сослужение на свештениците-мисионери: Методи Гогов (подоцна архиепископ на МПЦ-ОА), Методи Лазаревски и Ѓорги Кацарски, збогатена со присуство на голем број истакнати личности од австралискиот јавен живот и неколку илјади Македонци и нивни пријатели.

Црквата го доби името „Свети Никола“ и е втора македонска црква во Австралија. Меѓутоа, за митрополитот г. Кирил тоа беше прва посета на Австралија и прв осветен објект на Македонците. Затоа, често тој живо се сеќаваше за средбите, разговорите и успехот што го постигна во таа средина.

2. Еден од најзнчајните датуми за историјата на црквата „Свети Илија“ и за Македонците од Квинбијан и Канбера е, секако 20 април 1969 година – осветувањето на храмот, ден што се претвори во големо славје и неизмерна радост.

Црквата била осветена од тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил, заедно со митрополитот  Методи, свештениците Методи Гогов (подоцна архиепископ на МПЦ) и Методи Лазаревскиа во присуство на бројни иселеници, посетители, тогашниот амбасадор на Југославија Гојко Секуловски, претставници на градот на Католичката и Презвитеранската  црква, високи претставници на Министерството за емиграција на Австралија и други.

26 

Св. Илија во Квинбијан

Инаку, првата црковната зграда била изградена во 1872 година, и, како споменик на културата, била заштитена со австралиските закони. Во последните години црковниот храм е нов, преуреден, до него е изградена голема сала и други простории и претставува значаен македонско-црковен, културен и национален центар за Македонците кои живеат во Квинбијан и околните места.

3. Почетните  активности за собирање и заедничко живеење на Македонците во Аделајд започнале во 1947 година.Тогаш бил покренат апел за собирање помош за подигање иселеничка болница во Скопје за помагање на македонското партизанско движење во егејскиот дел на Македонија.

Тогаш биле поставени темелите на првото македонско друштво “Александар Велики” кое подоцна стана претходник на сегашната македонска црковна заедница која во 1957 година била регистрирана како Македонска општина.

На 16 декември 1967 година пред повеќе од 500 луѓе бил отворен Македонскиот народен дом, во кој подоцна била адаптирана капела за богослужба,каде Македонците ги вршеле своите религиозни потреби. Првата служба на македонски јазик за отслужи свештеникот и мисионерот Методи Гогов.

Овој духовен и културно-просветен храм се вбројува меѓу најубавите во Австралија.По архитектура е правена по угледот на Св.Наум во Охрид. Во состав на Црквата дејствува

женската секција, фолклорната група“Билјана”,Играорната група ”Слобода”,Фудбалскиот клуб “Македонија”,македонското неделно училиште“Св.Кирил и Методиј”,библиотеката и радио-часот

Продолжува

6a-slavek copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top