Култура и туризам

ПОД МАСЛИНИТЕ КРАЈ БЕЛОТО МОРЕ

Marija Vodenska

19-Marija Vodenska

Марија Воденска

Остарев и никако да ми излезе од умот денот кога се вратив назад. Не, не влегов  во селото. Не сакав некој да ме види оти сум вратена дома. Сакав само оддалеку да sирнам и да видам што останало од она, што го имав понесено како слика кога заминав. Слика во измаглина, која ем ме прогонува, ем ме гали, ем често во сонот ме буди.

Со илјадници детски стапалки и моите останаа втиснати во снежните намети, онаму, зад Границата. Веќе подзаборавам, но соништата не ме оставаат спокојно да си заминам.

Каде да заминам?

Да се вратам!

А, каде да се вратам? Годините како излижани броеници се разнижуваат по патот до дома. Катаноќ в соне ми доаѓа Македона, ме чопнува по главата и ме остава будна во сонот да го размрсувам детството, расчекорено од детските домови до светските метрополи и назад. Сонувам будна и се превртувам во постелата, а Македона не ме остава да се доспијам и да заборавам од каде сум дојдена, каде сум била и каде сум стигнала…

Заодот ми е клекнат пред прагот, а јас досега не успеав да го осмислам моето враќање назад. При секоја таква помисла, нешто силно ме штрекнува во градите. Ме притиска и боли. Со очите ококорени џбарам по темницава и рој темни мисли ме подјармуваат. И се’ иста мисла во сонот ме прободува.

Каде би се вратила? А, ако заминам за назад, таму откаде сум дојдена, дали е тоа враќање? Сега, јас, каде би се вратила?

И почнувам да се губам во мислите, разлетани како јато галеби и распрскани над морската шир. Неспретно станувам од постелата да се испулам самата себеси, дали сум тоа ЈАС? ТАА, што катаноќ си заминува отаде Границата и се враќа назад. А, каде е тоа НАЗАД ?

Во моменти на очај си го слушам испрекинатото мрморење-Боже мој, помогни ми да смогнам сили, барем еднаш да се вратам дома. И пак да сум тука кајшто сум…

Дали на соне или на јаве, но се’ некој зад мене мрмори: – Апостоле, каде си заталкал? Ќе се вратам, си одговарам повеќе за себе, отколку за собеседникот во мене. Врати се, ми вели, јас овде ќе те чекам. Многу си натокмен, за каде си се стокмил? Ќе се вратам назад, нели ти реков?! Погледни се Апостоле, со еден црн, а другиот бел чорап. Си се облекол во темница.

Ако, така треба да биде, мрморејќи продолжи собеседникот во мене. Со белиот чорап ќе се вратам назад, а со црниот ќе останам таму кајшто сум. Ако имам к’смет да ја поминам границата, ќе си поседам под маслините крај Белото Море.

Со таа мисла, Апостол се изгуби од таму кајшто беше и тргна со себе за таму кајшто ќе биде.

Морето разгалено плискаше врз белутраците издупчени од староста. Од Истокот зарумени зората со изворските очи, загледани во извишената испосница, што, како скаменет стожер го пречека утрово. Најдолго трае зората кога со неа заедно се дочекува руменилото пред изгрејсонце. Загледани во милозливата глетка, Апостол и не сети, дека Сонцето самошто плисна со бесконечната светлина. Свечено заблеска врз воденото огледало, со струните нурнати во тајните прегратки на беломорските длабочини. Замаен од убавината на взаемното рибешко балетување, седна, а потоа кротко се навали на маслиновото дрво, по чие огромно стебло висеа гранките натежнати со маслинки.

Утринската свежина со мирисот од беломорјето и маслиновите насади, му го разбистрија умот на Апостол и го вратија во спомените од минатото. Замрсеното клопче од неспокојните ноќи, со неодгатнати соништа што го мачеа, полека, во јасни слики одмрсуваа, сега во овј миг, во овј момент, во ова зачнато утро. Беше потпрен и навален под сенката на маслиновото стебло, чии корени го влечеа се’ поналегнато да се опушти.

Апостол пладнуваше крај Белото Море. Загледан во далечината, меѓу морето и небото, Апостол гласно се провикна:

– Господи дали е можно да сум туѓинец во својата Дедовина, во мојата Татковина? Како да побегнам од сопствената судбина и дали е можно да се закопа минатото? Каде е мојата родина и каде е мојот ДОМ? Каде заминувам и каде се враќам? Се вознемири и заплака како детенце по мајка си.

Неочекувано во мислите му се пикна Натрапникот. Во истиот момент го насети мрморењето, тука, од зад својата исткаена торбичка, во која си имаше понесено еден сомун бел леб и биено сирење. Попатно, да му се најде.

Папаѓорго, ја, мавни ми се од Сонцето! Ме засенуваш!

Аман бре Апостоле, како можам да те засенам кога ти си се издолжил и раширил под целата маслинова сенка?! Апостол, за првпат се наслуша себе си и се запраша:

– Дали овој пат успеав да се вратам дома во мене или буден сонувам…?

Взаемната хармонија меѓу беломорјето и небото, а помеѓу нив заодот со портокаловите ронки, Апостол ги понесе исполнет со надеж и верба, што е вратен и се враќа дома во Македонија.

Сонцето се спушти на другата страна од изодениот пат и спокојно се нурна во длабочините, оставајќи ја зад себе сребрестата опашка, по која Апостол остана уште долго загледан во неизвесноста. Зад себе ја здипли сета своја носталгија, прелеана со тага и чемер, натоварена со длабока воздишка откината од дното на душата. Потстана и кротко зачекори со својата длабока есен во градите да им се придружи на останатите во него и да им се предаде во прегратките на топлите и меки бранувања крајбрегот на Белото Море.

Таа!?

Таа остана од другата страна на Границата со копнежот и надежта дека тој ќе смогне сили да се врати назад во Македонија.

Бостон, јануари 2012 година.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top