Култура и туризам

СВЕШТЕНИКОТ МИХАИЛ ГОГОВ И НЕГОВИТЕ АКТИВНОСТИ ВО КАНАДА (10)

33

aaaa

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Во врска со улогата на свештеникот Михаил Гогов (архиепископ г.г.Михаил) во македонското иселеништво во Канада треба да се нагласи следното:

Четвртиот поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија господин господин Михаил како професор на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје има огромна заслуга за афирмација на духовно-националното живеење во Македонија и македонското иселеништво во светот.

Архиепископот охридски и македонски господин господин Михаил (Методи Гогов) беше четвртиот поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по нејзиното обновување. Михаил беше свештеник и вероучител, даровит црковен оратор и мудрец, и остана запаметен по прекрасните беседи.

Беше делегат на Првото заседание на АСНОМ, еден е од иницијаторите и организаторите на Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Македонија и поборник за возобновување на Охридската архиепископија, професор во Средното богословско училиште и професор и декан на Богословскиот факултет во Скопје.

Напишал повеќе дела и превел богослужбени книги. Беше архипастир со евангелско смирение, со апостолска доследност и со Светиклиментов самопрегор. Тој работеше со ист прегор за градење на единството и угледот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија како дома така и во светот, а беше меѓу првите мисионери во Австралија. Тој е единствениот духовник на кој му било понудено местото претседател на Република Македонија.

1. Свештеникот Методи Гогов (архиепискот Михаил)  беше свештекик и поглавар на МПЦ-ОА кој служел во сите македонски православни цркви во Канада. Секое доаѓање во Торонто, тој служеше во Св. Климент Охридски во Торонто. Оваа е прва македонска православна црква во Канада, која е катедрална и е една од најзначајните и најпознатите цркви и културно-просветни институции на Македонците во Северна Америка и пошироко.

aaaaa 

Св. Климент Охридски во Торонто

Иницијатива да се формира црковна општина се родила на четвртиот Илинденски пикник што националната организација “Обединети Македонци” го одржала во 1962 година.  Така, на собирот одржан на 7 август 1962 година било донесена одлука за изградба на црквата Св. Климент Охридски. 

На тие свечености, покрај големиот број посетители присуствувал и злетовско-струмичкиот епископ, митрополитот Наум, кој на 12 август истата година извршил за првпат богослужба на македонски мајчин јазик и прво крштевање. Потоа, на 5 април 1964 година бил поставен камен-темелникот на црквата, а на 18 април 1965 година биле предадени клучевите на новата Македонска православна црква Св. Климент Охридски и биле отворени нејзините свети порти за сите Македонци, без разлика од кој дел на Македонија дошле.

Тогаш, архиепископот Доситеј го извршил чинот на осветување во придружба на неговото високопреосвештенство митрополитот Злетовско-струмички Наум, на протаставрофорите Нестор Поповски и Атанас Попов, протаѓакон Стојан Јанковски и архиѓаконот Кирил Поповски (митрополит Кирил), пред сиот тој насобран народ кој специјално за оваа пригода од многу страни доЈде да го види на дело трудот на своите собраќа, ја осветија новата црква.

Денес, црквата Св. Климент Охридски поседува убав храм, во кој има резбан иконостас, а целиот храм е исполнет со живописни фрески и икони. Има три сали и кујна за над 2000 посетители, помошни простории и паркинг. Зградата на црквата е реновирана и претставува убав прилог на канадската култура.

2. Св. Пророк Илија во Мисисага.  Македонците од Мисисага започнале да се организираат во македонска православна црква уште во 1982 година кога било купено земјиште од 14-тина хектари и кое било именувано како “Македонски парк”. Веднаш потоа, на местото бил адаптиран времен македонски духовен храм посветен на Св. Илија, кој во 2001 година бил дислоциран. Во него имало олтар по православните обичаи и традиции и простор за 50-тина верници. Денес на местото во “Македонскиот парк” е изграден мал манастир кој потврдува дека е ова свето македонско место.

Исто така, во влезот на “Македонскиот парк” , на 29 јули 1990 година биле удрени темелите за изградба на храм и голем културно-просветен центар. Од повеќе објективни и други причини оваа желба на Македонците од Мисисага и пошироко останала, барем засега, нереализирана.  Затоа црковниот одбор и членството се одлучиле да купат постојан објект на католичката црква кој бил изграден уште пред 130 години, а бил купен во 1996 година. Во него било извршено преуредување; црквата била оспособена за вршење света богослужба на македонски јазик и на 6 април 1997 година била ослужена првата света литургија, а осветувањето е извршено на 11 мај истата година на чело со поглаварот Михаил.

На тој ден, по завршувањето на светата богослужба била извршена светата тајна – Венчавање на 24 брачни двојки, кои во минатото, од различни причини, останале не венчани. Меѓутоа, на најголемиот христијански празник – Велигден во 2000 година неодговорни тинејџери подметнале пожар. Во стихијата изгореле поголем број икони во олтарот и во храмот со што била направена голема материјална штета. Потоа храмот бил срушен и на негово место на 7 септември 2002 година бил поставен камен-темелник за нова црква.

Продолжува

6a-slavek copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top