Култура и туризам

ПОГЛАВАРОТ Г.Г. МИХАИЛ ЈА ОСВЕТИ ЦРКВАТА „СВ. ДИМИТРИЈА СОЛУНСКИ“ ВО МАРКАМ, КАНАДА (11)

bbbb

bbbb

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ 

Во врска со улогата на свештеникот Методи Гогов (архиепискот Михаил)  во македонското иселеништво во Канада треба да се нагласи дека тој слуѓел во  следните македонски православни цркви.

Св. Димитрија Солунски во Маркам чиј почетни активности за формирање на оваа црковна општина датираат од 23 јануари 1988 година и од 5 март 1989 година кога во просториите на црквата Св. Климент Охридски во Торонто се одржало членско собрание на кое се заклучило да се регистрира друштво под името “Македонците од Маркам”.

Желбата била друштвото да прерасне во црковна општина, која во своите рамки ќе ги собере сите Македонци, без разлика од кој дел од Македонија дошле. Потоа, во февруари 1992 година управата донела одлука да го купи објектот кој во минатото бил библиотека и детска градинка и да го преуреди во македонски црковен храм. На 15 мај 1994 година поглаварот на МПЦ Михаил го поставил и осветил камен-темелникот на новиот храм.

Изградбата на црквата Св. Димитрија Солунски била завршена за неколку години и била осветена на 12 мај 1996 година од страна на поглаварот Михаил, во сослужение со голем број македонски свештени лица на северноамериканскиот континент.  Во состав на црковната општина активни се: играорната група “Билјана”, женската секција, фудбалскиот тим “Св. Димитрија Солунски” и пензионерскиот клуб “Александар Македонски”.

Потоа, почетните активности за формирање на црквата Св. Недела во Пикеринг започнале во март 1993 година, а на 23 април истата година било свикано првото генерално собрание на приврзениците и почитувачите на новата црковна општина.  Од повеќето имиња што ги одбрал народот со ждрепка архимандритот Никодин Царкњас го извлекол ливчето со името на Св. Недела.

А камен-темелникот на црквата го поставиле архиепископот Стефан и митрополитот Кирил на 17 септември 2000 година. Новиот храм, во кој е насликан олтарот и другите делови бил осветен на 8 септември 2002 година. Во него се активни: женската секција која организира пикници и други собирања и бинго секцијата.

bbbbb

Исто така, свештеникот Методи Гогов (архиепискот Михаил)  ја  осветил македонски православни цркви.Св. Наум Охридски во Хамилтон, Онтарио. Бидејќи на источниот дел на езерото Онтарио, во Торонто веќе постоела црквата Св. Климент Охридски, што потсетувала на Св. Климент во Охрид, било одлучено црквата во Хамилтон да го носи името на Св. Наум Охридски, на другиот голем просветител и да потсетува на Св. Наум во Охрид.

Иницијатор за формирање на оваа црковна општина биле членовите на националната организација “Обединети Македонци” – гранка Хамилтон. Пред конституирањето на црквата во Хамилтон постоел фудбалски тим “Обединети Македонци” кој подоцна го променил името во “Македонија”, а потоа и во “Илинден”. Членовите на овој клуб формирале иницијативен одбор за организирање на црковната општина.

Така, на 24 февруари 1970 година управата успеала да го регистрира овој духовен и културен центар пред канадските власти. Потоа, на 9 мај 1971 година, во присуство на голем број Македонци од Канада и САД, црквата Св. Наум Охридски била осветена од тогашниот дебарско-кически митрополит Методи.

Иницијативата за формирање на македонска црковна општина Св. Никола во Виндзор, пак, била покрената во 1969 година, кога била обслужена првата богослужба на македонски јазик за Македонците од Виндзор и Детроид. Потоа, бил купен плац од 6 хектари и црквата била регистрирана од канадските власти. Во 1979 година била завршена изградбата на црквата, а на 12 август истата година била осветена.

Меѓутоа, во 1980 година под непознати околности во пожар црквата изгорела, бил уништен голем дел од храмот. Затоа, македонските дозеленици во Виндзор изградиле нова црква и голема сала која е помогната од канадските власти и собира над 600-тини посетители, а во која повеќе пати служел пограварот г.г. Михаил.

Македонска православна црковна општина Св. Мала Богородица во Кембриџ е формирана на 27 јули 1987 година кога и е формирано “Македонското друштво”.  Потоа, во 1994 година била купена готова Копска православна црква која има сала за мали црковни обреди, за свечености, училници, библиотека, крштелна сала и други дополнителни простории. Во септември 1994 година била одржана првата богослужба на македонски јазик што ја обслужил поглаварот Михаил, заедно со митрополитот Кирил. Осветувањето на оваа црква било извршено на 19 септември 1996 година, а чинот го извршил поглаварот на МПЦ Михаил.

Продолжува

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top