Култура и туризам

ПОГЛАВАРОТ Г.Г. МИХАИЛ И НЕГОВИТЕ АКТИВНОСТИ ВО САД ДЕЛ II (13)

116

116

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Во врска со улогата на свештеникот, а потоа архиепископ г.г.Михаил во македонското иселеништво треба да се нагласи дека тој служел во  голем брпј македонски православни цркви во САД, затоа треба да се одбележи следното:

Една од одредбите на Црковно-народниот собор што се одржа во Охрид од 17 до 19 јули 1967 година, кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија, беше донесена и одлуката на Светиот архиерејски синод да се формира Американско-канадско-австралиско-македонска епархија.

Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, Славе Катин, оваа значајна црковна институција, од почетокот до денес, меѓу другото,  има за цел да ги продлабочува врските и да ја јакне љубовта, верата и надежта меѓу македонските иселеници во прекуокеанските земји со Татковината и со Црквата, како и да биде мост за подобро запознавање и зближување на Македонија со земјите кадешто тие живеат. Во почетокот епархијата беше заедничка за САД, Канада и Австралија. Подоцна, се одлучи за Австралија да се формира Австралиско-македонската епархија, а денес Австралиско-новозеланд-ско – македонската епархија, која се оддели како посебна институција, а се формира и Европската епархија.

Според одлуката на Синодот на МПЦ, за прв архиереј на целата Епархијата беше избран тогашниот викарен епископ тивериополски, г. Кирил, кој на 10 август 1969 година беше интронизиран како нејзин надлежен епархиски архиереј. Чинот на интронизацијата беше извршен во најголемата македонска иселеничка колонија и црковно-културен центар на Македонците од сите делови на Македонија – Торонто, од страна на тогашниот дебарско-кичевски митрополит г. Методиј.

Во службата на интронизацијата учествуваа свештени лица, а во присуство на голем број Македонци од сите македонски колонии од Канада и САД, бројни гости и официјални личности на македонските организации и асоцијации, како и претставници на канадската влада и на медиумите.

На 4 октомври 1969 година, во просториите на МПЦ “Св. Климент Охридски” во Торонто, со учество на бројни делегати и гости за прв пат е формирано Епархиско собрание, како највисоко тело на оваа Епархија. Потоа се избраа: верификациона комисија, записничар, потпретседател, како и Епархиски управен одбор, Епархиски црковно-судски совет и Епархиски црковно-просветен совет.

1167  
Црквата „Света Богородица“ во Детроит

По дванаесет години, Американско-канадско-македонската црковна епархија беше официјално регистрирана пред американските власти на државата Њујорк. Тој чин претставува историски момент за македонските иселеници и еден од најзначајните настани во животот и дејноста на МПЦ на северно-американскиот континент. Регистрирањето на ова високо управно тело на МПЦ во САД и во Канада, имаше силен одраз во натамошната афирмација на македонското име и духовните вредности на македонските доселеници во новите средини.

Беше тоа 12 септември 1981 година, светол датум за Македонците од САД и од Канада, кога во МПЦ “Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

Имено, по одржувањето на молитвата во храмот “Св. Димитрија”, во хотелот “Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архиерејот и архиерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа 15-на црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија.

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање на македонските, во американските и канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник “Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.


Митрополитот Кирил беше првиот наджен архиереј, а Митрополитот Методиј е сега надлежен архиереј на Епархијата.

Продолжува

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top