Култура и туризам

ПОГЛАВАРОТ Г.Г. МИХАИЛ И НЕГОВИТЕ АКТИВНОСТИ ВО САД ДЕЛ III (14)

3333 copy copy copy

3333 copy copy copy

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Една од најважната активност на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собир, кој се одржува секоја година од 1975. Првиот собир се одржа во Торонто во 1976. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите на 30 цркви и два манастира, во кои служат 30 македонски свештенослужители и еден надлежен архиереј.

Идејата за одржување на црковно-народните собири на македонските доселеници коишто живеат во САД и во Канада, произлезе од македонската етничка заедница во Гери, Индијана, поточно од црквата “Св. Петар и Павле”, првата македонска православна црква на северноамериканскиот континент. Идејата беше прифатена од членството на црквата, а потоа и од другите македонски православни цркви во Северна Америка.

Така, на 19 и 20 мај  1975 годинаво црквата “Успение на Св. Богородица”, во Колумбос, Охајо се одржа средба на која беше договорено секоја година да се одржува црковно-народен собир во разни места, односно градови во Северна Америка, каде што има македонски православни цркви.

Основната цел на овој собир треба да биде зацврстувањето на единството на Македонците иселеници, како и јакнење и унапредување на дејноста на Епархијата. Се одлучи Собирот да се одржува секоја прва сабота и недела во месец септември во деновите на американскиот празник “Ден на работникот” и да трае два дена.

Првиот црковно-народен собир на Американско-канадската македонска православна епархија се одржа во Торонто, во 1975 година. Досега организатор, односно домаќин на собирите неколку пати била македонските православни цркви во Торонто, Колумбос, Хамилтон, Гери, Рочестер, Детроит, Пасаик, Чикаго, Бафало, Винѕор, Сираќуз, Мисисага и Кливеланд.

Во рамките на собирот се состанува Епархиското собрание и се одржува централниот собир. Одржувањето на црковно-народниот собир придонесува за афирмација на националните и културните вредности на Македонците-доселеници во САД и Канада. За време на манифестацијата се одржуваат претстави од најразличен карактер: спортски, музички, културни.

33333
Дел од свештениците на Епархијата

Првата вечер е посветена на Епархиското собрание, на кое се расправа за состојбите приликите и прашањата врзани со црковно-духовното живеење на македонските доселеници. Втората вечер, (саботата), пак, е посветена на фолклорот. Тогаш настапуваат културно-уметнички друштва, играорни групи и фолклорни секции од сите цркви и црковни општини. Фолклористите настапуваат ревијално, без нтпреварувачки карактер.

Третиот ден (неделата) е посветена на духовното и спортското живеење. Имено, предпладне се одржува заедничка богослужба, на која чиноначалствува македонски владика во сослужение на сите македонски свештеници  од Епархијата. Во текот на денот се одржуваат фулбалските натпреварувања кои имаат натпреварувачки карактер.

Тогаш доааѓаат до израз младите македонски генерации, кои во текот на Собирот покажуваат голема активност, ангажираност и заедничко живеење. На вечерта се одржува заеднички, семакедонски банкет, со што завршува Собирот.

Инаку, Митрополитот Кирил, чие свештено име му е Никола Поповски беше прв надлежен архиереј на новоформираната Американско-канадско-австралиската епархија, подоцна Американско-канадска епархија од 1967 до 1987 година.

Од 1987 до април 1989 година митрополитот Стефан беше надлежен за Епархија. Од април 1989 до 1992 година, пак,  Епархијата ја администрираше архиепископот Гаврил, а потоа Епархијата беше под административна надлежност на Синодот. Архиепископот Михаил го презеде администрирањето на оваа Епархија од 1993 до 1999 година, а архиепископот Стефан беше надлежен од 1999 до 2006 година.

Митрополитот американско-канадски Методиј, пак, чие мирјанско име му е Методиј Златанов ја превзеде надлежноста на Американско-канадскато-македонската епархија во 2006 година  и на чело на оваа Епархија е и денес, со седиште во Детроит.

Оваа година јубилејниот 40-ти по ред Црковно-народен собир на Американско-канадско-македонската епархија  ќе се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Детроит, Мичиген, на кој ќе земат учество сите македонски православна црква  од Соединетите Американски Држави и Канада.

Продолжува 

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top