Култура и туризам

ПРОМОВИРАН МАКЕДОНСКИОТ БУКВАР „АБЕЦЕДАРОТ – СТО ГОДИНИ ПОТОА“ (1925-2025)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy   12 copy

На 13 декември во Универзитетот „Скопје“ се одржа промоција на преобјавеното издание на Македонскиот буквар „Абецедарот – сто години потоа“ (1925-2025). Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Светскиот Македонски Конгрес „Абецедарот“ го промовираа проф. д-р Никола Жежов и проф.д-р Валентина Миронска-Христовска, а одломки од авторските статии читаа Исток Улчар и Игор Трпчески а со со авторски текстови настапија проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар 

Специјално направениот кириличен фонт, налик на латиничниот, употребен во “Абецедарот“, со чијашто помош се доближува до најмладата македонска читателска публика за која и бил наменет е дело на Ласко Џуровски, а техничкото уредување и креирањето на корицата е дело на ентузијазмот и креативноста на Симе Шандуловски.

Спонзор на препечатувањето на јубилејното издание на “Абецедарот – сто години потоа“ е Сојузот на тутунопроизводителите “Мака на тутуноберачите“ од Прилеп, кому организаторот упати посебна благодарност.

На почетокот на промоцијата, македонската национална химна ја испеја оперскиот пејач Кристијан Антовски, а Марија Ташевска и Ленче Димовска облечени во македонски народни носии од Леринско, ги изведоа македонските народни песни од Егејскиот дел на Македонија – “Мори чупи костурчанки”, “Луда ми тера три коњи” и “И ние сме деца на мајката земја”, за што беа наградени со громогласен аплауз.

Јубилејното издание „Абецедарот – сто години потоа“ се состои од два дела. Во првиот дел, покрај предговорот, поместени се три авторски статии на проф. д-р Нада Јурукова, проф.д-р Виолета Ачкоска и на проф. д-р Елка Јачева Улчар, а во вториот дел целосно е пренесен „Абецедарот“ во неговата оригинална форма на левата страна од книгата и транскрибираните страници со кирилско писмо, од десната страна

Модераторот на промоцијата, претседателот на Светскиоит Македонски Конгрес и генерален секретар на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“, Тодор Петров, во својот поздравен говор рече: “Почитувани, добредојдовте на промоцијата на македонскиот буквар „Абецедар – 100 години потоа“, отпечатен за првпат во Атина 1925 година, како сведоштво за постоењето на Македонците во Грција и светот – тогаш, денес и за навек.

Преобјавувањето на македонскиот буквар 100 години потоа, не е парастос за некое трајно минато свршено време, за чиј помен сме собрани денес, туку потсетување – таму каде што течела водата пак ќе протече! И не постоиме заради инает на други или затоа што други не’ создале.

Како Божји деца сме дел од македонската цивилизација со останатите, во светата земја Македонија. Неслучајно се вели – Македонија е феникс, Македонците се пиреј кој не венее туку вечно вирее! Абецедарот е дел од нашето постоење, за и сега да бидеме тоа, што и тогаш сме биле. Абецедарот е потсетник да зборуваме за унапредување на положбата и правата на Македонците во Грција и за враќање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни, двете светски војни и таканаречената Граѓанска војна во Грција. А, не како сега – обезимени со некрологот северномакедонци – преседан на велепредавство во светската историја на народите и државите, што генерира геноцид!

И не случајно, мислата на великанот на македонското револуционерно движење – Македонецот Гоце Делчев “Светот како поле за културен натпревар помеѓу народите” не претставува само како негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на една цела цивилизација – на македонската! А, бидејќи големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, би придодале – универзални вредности на македонската цивилизација на која сите ние заедно ѝ припаѓаме, се: мирот и љубовта, наспроти војната и омразата; толеранцијата и коегзистенцијата, наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; и културниот глобализам кој подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој тргнувајќи од профитните интереси на мултинационалните корпорации, врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка – рече Тодор Петров.

Промоторот проф. д-р Никола Жежов, пак, рече дека македонската историографија направи неколку реизданија на „Абецедарот“, а последното е овде, пред нас како примарен историски извор за признавањето од страна на Владата на Атина на македонската националност на нејзина државна територија.

–Денес, во новата историска реалност ние како Македонци имаме неспорен и вреден историски документ од пред еден век кој претставува директно сведоштво дека Грција во 1925 година планирала настава на македонски јазик за потребите на македонските деца во грчкиот образовен систем. Уште поголема важност на „Абецедарот“ му дава фактот што неговите автори се Грци по националност и што учебникот бил изготвен по налог на грчкото министерство за образование. Токму овие последни два неспорни факти треба да бидат нашите клучни аргументи пред светската јавност кога зборуваме и дебатираме за македонското прашање, за правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и за неисполнетите обврски на Грција и нејзиното отстапување од признавањето на постењето на Македонци на нејзинатата државна територија – истакна Жежов.

Според него, „Абецедарот“ реобјавен и дополнет со стручни текстови од професорките Јурукова, Ачкоска и Јачева Улчар треба да му го покажеме на секој странски научник, историчар, филолог или обичен човек кој се интересира за Македонија и за нејзината историја за тоа да биде, како што рече, директен одговор на грчката негаторска политика кон националниот карактер на македонското прашање.

 123  124

Проф. д-р Виолета Ачкоска изјави дека „Абецедарот“ е специфичен поради азбуката на која е напишан. – Абецедарот е напишан на латиница, веројатно тоа е грчки маневар  повторно да се избегне бугарската и српската кирилица, бидејќи Бугарите и Србите барале заштита на своето малцинство во Грција. Грците тврделе дека не се работи нуту за бугарско, ниту за српско малцинство, туку за автохтоно славоговорно население како што го викале, бидејќи одбегнувале да употребат епитет македонски. Славоговорно население во Грција кое е автохтоно, кое не е ни бугарско, ни српско, кое говори свој автентичен јазик. И Букварот всушност го изразува јазикот на тоа автохтоно подрачје, само што азбуката е на латиница заради овој политички контекст што бил присутен тогаш во таа историска клима, појасни Ачкоска.

Таа информира дека овој буквар не се употребувал во образовниот процес, делумно некои го виделе, но набрзо грчката држава го уништила.

–Но, штом се сочувал некој примерок, фактички дека тој бил виден. Така во 1985 година првпат се преобјавува во Грција. Постоел таму, го знаеле македонското население, но за жал како што воопшто не било признаено ниту македонско малцинство, ниту Македонците имале образовни, политички и национални права, така и овој буквар останал да не биде применет. Никогаш не бил ставен во практика. Во текот на Втората светска војна и во Граѓанската војна имало на територијата каде делувала Комунистичката партија имало отворање на некои македонски училишта, но тогаш се прави еден нов буквар, а не Абецедарот. Абецедарот дури по 60 години од неговото објавување првпат се преобјавува. Кај нас во Македонија, неколку пати е преобјавен, за сега ние да направиме едно покомплетно издание, поразлично од другите, заедно со транскрипција од латиница на кирилица што го направи колешката Јачева Улчар, со многу широк историски преглед што го направи колешката Нада Јурокава, а јас го направив делот на актуелизација, од денешен аспект значењето и колку историјата нам ни се повторува, од пред војната до денешен ден – истакна Ачкоска.

Александар Јаневски, претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ на промоцијата информира дека на 16 декември 2023 година Сојузот „Македон“ во МАНУ за време на академијата по повод деведесет и осум години од публикувањето на „Абецедарот“ во Атина, ја прифати иницијативата на професорките Нада Јурукова, Виолета Ачкоска и Елка Јачева – Улчар за негово преобјавување во 2025 година, а по повод 100-годишнината.

Бараме, како што рече, итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Протоколот Османи-Генчовска од 17 јули 2022 година, како и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, бидејќи претставуваат санкционирање на Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, а со цел: Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија.

-Бараме итно и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно, историско и генеричко име кое се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија! Бараме итно и безусловно еднострано распуштање на меѓувладините Македонско-бугарска и Македонско-грчка комисија за ревизија на македонската историја – рече Јаневски.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top