Култура и туризам

ГОРДАНА ДИМОВСКА – ПОЗНАТА И ПРИЗНАТА НАСТАВНИЧКА, ПОЕТЕСА И НОВИНАРКА

5 copy copy copy copy copy copy

5 copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Гордана Димовска е една од најпознатите македонски литературни творци од Австралија. Таа пишува есеи, новинарски прилози кои се масовно прифатени и објавувани во „македонска нација“, МРТВ, „Курир“, „Народна воља“, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, потоа во весниците Денес”, како и во „Австралиско-македонскиот неделник“ од Мелбурн.

Таа како Македонка е посветена на името и вистината на македонскиот јазик и е личност достојна за пример за Македонките во иселеништвото. Од патриотски побуди ги дава своите сознанија за светлите македонски битности, особено од областа на културата. Исто такатаа се вклучува во преставувањето на теми и активности во заштита на македонската вистина пред австралиската и светска јавност. Доказ за тоа е нејзиното ангажирање во организирање, спроведување и учество на поранешните демонстации, дефилеа, организирање на јавни настапи пред австралиското општество, се со цел за зачувување на уставното име на Македонија

Гордана Стојчевска – Димовска, е родена во битолското село Оптичари на 20 декември 1970 година. Основно училиште завршува во Бистрица, недалеку од Битола. Уште од најрана возраст изразувала чувство и љубов кон книгата и македонскиот јазик, за подоцна да почне и да пишува најубави состави на разни теми, а со тоа и да се здобива со награди за истите. Така, како ученичка во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, почнува да пишува литературни состави за што има добиено и награди од наставничкиот колегиум, а има учество и во радио програма на Радио Битола.

Од 1993 година Гордана Димовска живее и работи во Мелбурн, Австралија. Со добиените квалификации во Монаш Универзитет во Мелбурн се вработува во Викториското училиште за јазици каде континуирано предава македонски јазик од 1999 година.

Во 2007 година се здобива со диплома за јазици при Меквори Универзитетот. Волјата да им се помогне и на други новодојдени во Викторија, ја натера да волонтира во Adult Migrant Education Centre како помошник на учителите во тој центар да ги учат новодојдените англиски јазик. За таа нејзина 5 годишната волонтерска работа добила и признание од австралиската влада.

Гордана е активист во Македонската заедница во Викторија повеќе од 22 години. Членувала во повеќе македонски организации а денес е претседател на Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ во Мелбурн, кое работи од 2014 година, а официјално е регистрирано 2016 година.  Таа, заедно со бројни други Македонци членови на Друштвото, десетина години успешно организираат саеми на книги, литературни читања и промоции на книги, со цел да се промовира македонскиот јазик и литература во демократска и мултикултурна Австралија.

Посебно место во новинарството и публицистаката има како една од уредниците на веб порталот „Македонска нација“, основач и уредник на блогот Macedonian timeline, член и на Литературното друштво “Григор Прличев” од Сиднеј а и еден од соработниците во уредувањето на литературното списание “Повод”. Објавува свои написи и во многу македонски весници: “Денес” од Мелбурн, “Нова Македонија”, СБС радио – Мелбурн.

Гордана Димовска е една од уредниците на порталот „Македонска нација“, од Скопје,  кој е продолжувач на „Македонска нација“ од 1971 година, а обновен во 2009 година.  Таа за „Македонска нација“ пишува статии со кои ја поттикнува свеста за зачувување на македонскиот јазик, македонското име и почит кон македонската историја, особено кај македонските иселеници ширум светот. Нејзините текстови, пред се` од национален карактер, секогаш се и со известувања за активноста во Македонската заедница во Викторија и пошироко во во Австралија, текстови кои се однесуваат на проблематиката и иднината за зачувување и изучување на македонскиот јазик, потоа за љубовта кон својата родна Македонија и гордоста за својата македонска припадност.

Гордана е еден од соработниците во уредувањето на литературното списание ПОВОД кое излегува двомесечно и го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Таа има и свој блог под наслов „Македонски времеплов“ каде редовно објавува прилози, интервјуа на македонски и англиски јазик. Гордана е долгогодишен член во „Македонската учителска асоцијација – Викторија“ и новоформираното „Здружение на наставници по македонски јазик во светот „Учиме македонски“.

Гордана Димовска е автор на следните дела: „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“, (2012) (легенда, во коавторство со Ванѓелко Лозановски, издавач е “Љубители на литература, култура и наука “Св. Висарион“; „Вечна светлина над Македонија“, (2014), која содржи поезија и историски записи, а издабал „Љубители на литература, култура и наука Св.Висарион“; „Патник под ѕвезденото македонско небо“, (2016), која содржи раскази, поезија за возрасни и деца, историски записи, а издавач е Агенцијата за иселеништво на Република Македонија; потоа романот „Љубов и завет низ виорите“, 2017, во коавторство со Ванѓелко Лозаноски, а издавач “Дата песнопој”; за статиите во делото „Одблесоци од вечноста“ (2018) издавач е “2 август”, Штип.; за делото „Поетски мозаик“, (2021), поезија; и делото издавач е “Дата песнопој”, на романот „За хероината Гордана Димовска“ (2024) автор е Гордана Такец,

Промоција на романот „За хероината Гордана Димовска“ (2024) чиј автор е Гордана Такец, се одржа во книжарницата Book’s house во Битола на 23 септември 2024 година во. Книга е посветена на ликот и делата, активностите на Гордана Димовска во Македонската заедница во Австралија. Делото е посветена на ликот и делата, како и активностите на Гордана Димовска во Македонската заедница во Австралија.

Инаку, Во Австралија и низ светот има искрени Македонци кои жртвувајки се себе си, посветувајќи љубов, време и средства се борат за македонските светлини со денови, месеци, години, децении. Благодарение на такви доследни личности со врста македонска свест кои восхитуваат, охрабруваат и импресионираат со македонски КОД е Гордана.

Гордана Димовска се јавува како литературен творец исто така како есеист, научник, публицист и новинар. Нејзините литературни состави со неизмерна љубов ги кити за родното поднебје и огништето. Пишува и за борците и националните празници.

Таа со силината на зборот и мудроста проткаена низ нејзините новинарски, научни и литературни дела храбро се бори за Македонија. Со посветеноста на делата за Македонија ја брани и воспева, будно и успешно се бори за откривање на вистината.

Нејзините активности во областа на културата и литературата продолжуваат и со основањето на МЛД “Кочо Рацин” Мелбурн во 2016 година, преку кои активности постојано го помовираат македонското литературно творештво и јазик.

Гордана Димовска е добитник на бројни признанија и награди. Така, на традиционалниот награден конкурс за „Прличевата награда за 2015 година“ во организација на Македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, таа е добитник на  четири награди и тоа: Прва награда  за расказот на годината за возрасни „Две солзи”; Трета награда за расказот за возрасни „Калина”; Прва награда за поемата за деца „Букви” и Втора награда за расказот за деца „Подарок”. Ова преставува несомнено голем успех а и вложен труд.

Исто ка Гордана Димовска во 2024 се здобива со неколку признанија од Фондацијата Димитар Димитровски – Такец: Меѓу другото, таа стана почесен член за остварувања во областа на литературата и културата; се здоби со Повелба за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската литература и нејзина афирмација во светски рамки низ нејзиниот специфичен сегмент, поезија и проза, како и доби меѓународно признание за посебен придонес во меѓународната афирмација на македонски литературни дела.

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top