Култура и туризам

ИЗЈАВИ НА АРХИЕПИСКОПОТ Г.Г. МИХАИЛ ЗА ДЕЛАТА „ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ И „40 ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КИРИЛ ФИЛОЗОФ “(16)

5555

    5555

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“ е израз на долготрајната истражувачка дејност на авторите д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин на животот и делото на сесловенските (македонските) просветители светите Кирил и Методиј“.Таа е монографија на „Матица македонска“ од Скопје, отпечатена во 1994 година, на 212 страници на македонски јазик. Рецензенти на ова дело се проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска и архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил, а беше издадено во 1994 година, кога се навршуваа 50 години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија. 

Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, пак, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина  години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил  за оие публикации ќе напише дека Кирилoмлометодиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени во Макеоднија. Вредните ученмци на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил темелмте на Охридската книжевна школа. Оттогаш низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година. Истата годииа свети Наум го напуштил бугарскиот црковно-просветен и книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во Охридската школа.

Оваа просветителска и културна дејностна преставниците од почетоците на формирањето на словенската писменост и киижевност оставала траги низ вековиге во Македонија. За оваа забележана траднција е досга често пишувано во славистиката. Притоа, се заклучува дека и во пишаните извори, а и во народната усна традиција постои континуираност.

Токму затоа, со ова издание авторите сакаат да ги проследат во еден преглед поважните дејности во врска со кирилометодиевската традиција, во периодот од 1944 до 1994 годииа. На овој начин се регистрирани барем поважните појави во Македонија, поврзани со епохалното дело на светите браќа и нивните ученици, укажувајќи на длабоките кореии на оваа традиција во Македонија, зачувана и во нашето современо живеење и чествување, како долг кон бсспримерните наши учители.

                          55555

                                      Сан Клименте во Рим

Македонскиот јазик спаѓа во јужнословснските јазици, а се формирал од словенските              племиња што се населиле најјужно на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во IX век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок. Прашањето за литературниот современ македонски јазик било поставено уште во XIX век, а решено дури со победата на НОБ.

Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација, со одлуките донесени на АСНОМ 1944 годииа, Во изминатиот седумдесетгодишен период растеше јазично-творечката дејност. Во трудот иа Блаже Конески, со наслов „Македонскиот литературен јазик” (Реферати на македонските слависти за XI Меѓународен славистички конграс во Братислава, Скопје 1993 9-33), не случајно е истакнато:

„Развитокот на функционалните стилови иа македонскиот литсратурен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.

Веднаш по НОБ се обновија училиштата во Македонија. Повеќе од нив го задржаа или го добија името „ Кирил и Методиј”, и „ Климент Охридски”. Овие имиња на нашите современи македонски училишта не се само симболични наслови, туку една жива врска на писмената, книжевната и културната традиција, што ја вкоренија солунските браќа и светители Кирил и Методиј во IX век.

Во ова издание се одразени и повеќеродни дејности, манифестации, собири, инсштуции, личиости, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста и работата на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него ги проследуваме и јубилеите, кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на културната манифестација „Во чест на свети Кирил” и поклоненијата на светиот гроб на свети Кирил во Рим во период од 25 годиии (1969-1994).

Посочуваните прослави собири, зборници, изданија, библиографии, даваат можности и за други посериозни потфати. Секако, сметаме дека и овој труд ќе даде прилог за поцелосното согледување на повеќе реализирани дејности во врска со епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј и на иивиите ученици, во Република Македонија и пошироко, во периодот од 1944 до 1994 година.

Продолжува

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top