Култура и туризам

МИСЛЕЊЕТО НА архиепископот михаил за ДЕЛОТО „40 ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ФИЛОЗОФ“ (17)

9999

9999

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина  години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил  за публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”,  чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент дека е едно од значајните изданија на книгоиздателството „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, е формирано денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

„Македонска искра“  е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени.

Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

99999

Ватикан

Треба да се нагласи дека во публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, се проследени јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014). 

За ова дело Архепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, исто така, ќе напише дека пораката на светиот апостол Павле – помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо (Евр. 13, 7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун – светите Кирил и Методиј.

Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим” е запишано декачетириесет години Македонската републичка делегацијасвечено го одбележува Денот на словенските просветителисветите Кирил и Методиј во Рим. Во месец мај веќе 40 годиние претставувано македонското традиционално наследство, во кое е вткаена плодната дејност на солунските просветители, кои во основата на литературниот старословенски јазик ги вткаајужномакедонските говори од околината на Солун .

Во програмите во чест на свети Кирил Филозоф и свети Методиј, широко чествувани во Македонија, важно место зазедоа и тие во Рим, посветени на поклоненијатапред гробот на Свети Кирил Филозоф, починат во Рим , на 14 февруари стар стил, (27 нов стил), во 869 година. Во широкото откривањена Кирилометодиевското наследство, преку културни, научни идруги уметнички програми и манифестации во Рим, и МПЦ со пиететги одбележа изминатите чествувања, на кои посебно се задржувамево оваа книга. Разбирливо е дека ваквиот однос се засили со признавањетона автокефалноста на МПЦ во 1967 година, по што веќе во1969 година започнаа редовно одржуваните молебени на гробот насвети Кирил Филозоф во Рим.

Првиот архиепископ на МПЦ, г.г. Доситејим даде значаен белг на сите чествувања, кои понатаму го продолжијаистиот пат наредните архиспикопи, за да ја одбележи 40-годишнинатана поклоненијата денешниот охридско-македонски архиепископ г.г.Стефан.

На чествувањата во Рим и во Република Македонија земаат учество високи претставници на Владата на Р. Македонија, на Министерството за култура, на Министерството за надворешни работи, на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во училиштата ширум Македонија, кои го носат името на просветителите денот се одбележува празнична и свечено.

Продолжува 

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top