Култура и туризам

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ НА ГРОБОТ НА СВ, КИРИЛ СОЛУНСКИ ВО РИМ (19)

11111113

11111113

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Во 1975 година, на 24 мај во Рим, во базиликата „Свети Климент Римски”, македонскиот народ и Македонската православна црква го прославија и му заблагодарија на свети Кирил Солунски, кој јазикот на нивните предци го удостои во писменото кажување и токму со тој јазик им даде можност на македонскиот и на сите словенски народи за писмено разбирање и молитви. А оддавањето почит и изразувањето благодарност за делото коешто двајцата Солунски браќа ги издигна на ниво на светители почна со пеењето на тропарот на светите Кирил и Методиј на македонски јазик.

На гробот на свети Кирил Солунски беше шефот на делегацијата на Македонската православна црква, митрополитот американско-канадски и австралиски г. Кирил, заедно со членовите: протојереј-ставрофор Методи Гогов и протоѓаконот Александар Цандовски.

Во молебенот на гробот на свети Кирил Солунски, во базиликата „Свети Климент Римски” учествуваа протојереите-ставрофори Цветко Крстевски, архијерејски намесник од Прилеп, Дамјан Поповски, архијерејски намесник од Тетово, Кирил Николов, старешина на скопската црква „Свети Ѓорѓи” во Чаир и протојерејот Васил Поповски, парох при црквата „Света Недела” во Битола, како и хорот на битолската црква „Свети Димитриј”.

Крај гробот беа и претставници на повеќе понтификални просветни институции во Рим и мноштво поклоници од СР Македонија. Делегацијата од културата на СР Македонија ја сочинуваа г. Живко Василевски, републички секретар за култура, како шеф на делегацијата, а членови беа мецосопранот Милка Ефтимова , виолончелистката Душка Тасева и пијанистката Јасминка Чакар, кои, за разлика од претходните години, имаа мошне скромна програма за манифестацијата ,Денови на македонската култура” во Рим, што се одржа од 21 до 25 мај 1975 година.

Според податоците во делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент, било донесесено следното решени:

Имено, почнувајќи од 1978 година, со одлука ма Меѓурепубличкиот координационен одбор за културна и просветна соработка на СФРЈ со странство, досегашната манифестација „Денови на македонската култура”, беше заменета со пошироката манифестацијапод наслов „Југославија во чест на свети Кирил” , која воиднина треба да го прикажува творештвото на југословенските народи.

11111115

Колосеумот во Рим

Како општојугословенска заедничка акција нејзината програма ја сочинуваат приредби од сите републики и покраини на СФР. За непосредна координација и реализација на манифестацијата е определена СР Македонија, односно Републичката комисија за културни врски со странство од Македонија.

Манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил” се одржа од 16 до 25 мај, а на програмата беа застапени следните активности: Изложба на фотографии „Поглед врз Македонија”, на која фотографот Благој Дрнков презентираше педесет фотографии во боја, на кои беа прикажани културното наследство, пејзажи и друго. Изложбата, која беше поставена во „Palaco del espozicioni”, ја отвори советникот за култура во Римската општина г. Ренато Николини.

Се изврши проекција на југословенски документарни и анимирани филмови во Рим и Неапол, коишто беа проследени со предавања за филмот од страна на режисерот Димитрие Османли. Д-р Марија Митровиќ, декан на Филолошкиот факултет во Белград и доцент на Катедрата за словенечка книжевност при истиот факултет одржа предавање за студентите на Институтот за славистика на двата универзитета во Неапол и Рим, на тема: „Хетерогеноста на стилските системи во современитејугословенски книжевности”.

Притоа, на Римскиот институт за славистика, д-р Томе Саздов, декан на Филолошкиот факултет во Скопје, подари 200 книги на македонски јазик. Поетско-уметничката вечер во Рим и Неапол, пак, беше составена од два дела: настап на солистот на Скопската опера Ѓорѓи Божиков, бас, во придружба на пијанистката Лилјана Иванова, а Камерниот оркестар на РТВ Скопје под диригенство на Олджик Пипек се претстави со дела од современи музички автори, меѓу кои од Томислав Зографски, Тома Прошев, Милко Келемен и други.

И годинава, по повод празникот Свети Кирил и Методиј и манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил”, чиј главен организатор беше „Театро-клуб, Премио Рома” престојуваше делегација на Светиот синод на Македонската православна црква, што ја предводеше митрополитот американско- канадски австралиски г. Кирил, а членови на делегацијата беа: протојереј-ставрофор Методи Гогов и ѓаконот Јован Таковски, професори на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје.

Првата југословенска државна и културна делегација ја предводеше Матеја Матевски, претседател на Комисијата за културни врски со странство на СР Македонија , а членови беа д-р Томе Саздов, декан на Филолошкиот факутет во Скопје и Ахил Тунте од СРМ, д-р Дамир Грубиша од СР Хрватска и д-р Марија Митровиќ од СР Србија.

Продолжува

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top