Култура и туризам

ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1990 ГОДИНа (22)

99999

34512

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Во продолжението од дваесет и второто поклонение во вечниот град Рим во 1990 година ќе одбележиме дека Повелбата на пергамент, испишана со калиграфија во духот на Охридската книжевна школа и иницијалите во позлата, што ја обликува ликовниот уметник Нико Този, а Друштвото на писателите на Македонија со Повелбата од 15 мај 1990година го прогласи Карел Војтила (Папата Јован II) за свој почесен член.

Исто така, треба да се одбележи дека во овој период во Македонија излегле од печат одреден број публикации чии теми се поврзани со прашањето на религијата, културата, науката и вистината, меѓу кои ќе ги споменеме следните изданија:

Цветан Грозданов „Студии за охридскиот живопис”, Скопје 1990. Во посочената книга своето место го наоѓаат вредни студии за значајниот охридски живопис, во кој својот одраз и израз ќе го најдат значајни општохристијански, но и локални светители. Не случајно во една од нив станува збор за месецословот на Асемановото евангелие и за постариот монументален живопис во Македонија. Во овој месецаслов ги среќаваме канонизирани имињата на светите Кирил и Методиј, на свети Климент Охридски итн.

Покрај 19 студии, застапени се: предговор, библиографска белешка, резиме на француски јазик, листа на цртежи и слики и индекс на имиња.

„Свето писмо на Стариот и Новиот завет”, изд. Македонската православна црква во соработка со Британско и инострано библиско друштво – Лондон 1990.

Ова капитално издание на Македонската православна црква е прво од ваков вид на литературен македонски јазик и претставува голем придонес во семејството на многуте преводи на „Светото писмо”. Целта на „Светото писмо”, наречено уште „Библија”, е човекот и неговите поколенија да се запознаат со основните Божји поставки и пораки. Со тоа на луѓето им се дава можност, не само преку збор, туку и преку симболи да ја разберат вечната Божја правда. Библијата е составена од 77 книги , од кои 50 од Стариот, а 27 од Новиот завет.

Стојан Ристески „Легенди и преданија за свети Наум”, Скопје 1990.

Авторот Стојан Ристески подготвил убаво издание, преку кое целосно може да се согледа свети Наум во народната традиција. Бројните преданиј а и легенди, групирани во четири циклуси, даваат колоритна претстава за односот и претставата на свети Наум во народот. Покрај тоа, авторот се погрижил да даде и опстоен предговор, со што посебно доаѓаат до израз целите и истражувањата на С. Ристески како автор. Покрај резимето на француски јазик следат и библиографски белешки и регистар на лични имиња.

345123

Македонска резба  Bibliski atlas, The times, uredio James В. Pritchard, “Cankarjeva zalozba”, Ljubljana – Zagreb 1990.

Ова ексклузивно издание на „Цанкарјева заложба” заслужува посебно внимание. Во неа својот интерес може да го најде и библиологот, и научникот, и обичниот љубопитник насочен кон вечната Библија. Посебно поглавје е посветено на развојот на Библијата кај Македонците, со примерите на кирилометодиевскиот превод на Библијата, и понатаму.

Ова поглавје и е доверено на Вера Стојчевска-Антиќ , која се јавува и како еден од соработниците и авторите на изданието број 51.

Мирослав Спировски „Борба за автокефалност”, Нова Македонија, Скопје 1990.

Со дејноста на светите Климент и Наум Охридски во Македонија се зацврстува темелот на организираниот црковен живот. Во Х век се формира и востановува Охридската архиепископија, која ќе се одржи се до 1767 година кога била укината и приклучена кон Цариградската патријаршија. Авторот на оваа книга понатаму го проследува патот на Македонската православна црква до нејзиното прогласување за автокефална.

Ратомир Гроздановски „Свети Климент Охридски основоположник на МПЦ”, Скопје 1990.

Авторот на овој труд ја нагласува светата кирилометодиевска словенска мисија, која го добила својот полн израз во делата на светите Климент и Наум Охридски. Тие својата широка дејност ја прошириле низ цела Македонија и свети Климент Охридски ја сфатил суштината на писмото, големината на „книгата” и започнал да ги расејува. На тој начин создал култура, услови за зачувување и потврдување на иден титетот и создал основа на црковниот живот во Македонија.

Митрополит Повардарски Михаил „Нашето свето православие”, Македонската православна црква, Скопје 1990.

Авторот митрополит повардарски Михаил  на овој труд се задржува врз хронолошките периоди низ кои минале Македонците во осознавањето и прифаќањето, а потоа и афирмирањето на христијанството, на нашето свето православие. Започнува со ширењето на христијанството меѓу македонските Словени. Христијанизирањето на Македонците пред добивањето на писменоста, пред IX век, било стихијно, зашто се одвивало на друг јазик, недоволно разбирлив за Славените. Со апостолското и просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј христијанството започнало суштински да се прифаќа.

Нивното дело во Македонија го продлабочиле учениците – светите Климент и Наум Охридски. Климент бил хиротонисан за прв словенски епископ во Велика. Во Х век се создава самостојна Македонска православна црква, олицетворена преку Охридската патријаршија (архиепископија). Митрополитот Михаил понатаму ја следи историјата и развојот, како и укинувањето на Охридската архиепископија, се’ до прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква на 17 јули 1976 година.

Славе Николовски – Катин „Македонски холокауст“, „Студентски збор” 1990, 1-236

Публикацијата „Македонски холокауст“ на авторот Славе Николовски – Катин претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, кои што со невидена упорност ја продолжуваа со години, децении и векови и сé уште упорно ја продолжуваат и се надеваат до конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот.

Авторот на публикацијата, меѓу другото, дава текстови за Македонската православна црква во Републиката и дијаспората, како и за судбината на Македонците во поделена Македонија.

Илија Велев: „Преглед на средновековните цркви и манастири во Македонија“, Скопје 1990.

Книгата на авторот Илија Велев претставува 887 македонски цркви и манастири, градени од времето на IX до XVIII век.

Списание „Свети Климентово слово”, Мелбурн, Австралија, 1990 година.

Ова Списание е периодична публикација и орган на Македонската православна епархија во Австралија. Првиот број се појави во април 1990 година, на 20 страници и 2 корици на среден формат, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште во Мелбурн. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има и бројни текстови на англиски јазик. Во текот на трите години од излегувањето се отпечатени 12 броја кои содржат бројни материјали за активностите на македонските православни црковни општини во Австралија и за македонските иселеништва на петтиот континент

Продолжува

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top