Култура и туризам

ПУБЛИКАЦИЈАTA ЗА СЛИМНИЧКИОТ МАНАСТИР ВО ПРЕСПА (1)

11 copy copy copy copy copy copy copy

11 copy copy copy copy copy copy copy

Монографијата „Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” на проф. д-р. Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин е  издадена на Книгоиздателството ,,Македонска искра” од Скопје. Тоа е луксузно издание, во колор, голем формат на 160 страници, на македон јазик издадена во 2007, исполнето со голем број фотографии. Монографијата е публицистичко дело за манастирот „Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” и за Преспа како целина, чиј ресензенти се:д-р Димитар Ќорнаков и проф. д-р Петре Ѓеорѓиевски.

Делото „Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа”  првпат беше промовирано на Велигден во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Ресен, на 10 април 2007 година.. Монографиајта ја промовираше д-р Димитар Ќорнаков, истакнат историчар на уметноста, а на присутните им се обратија Битолско-преспанскиот митрополит Петар и авторот Славе Катин..

    Книгата претставува обид да се осветли култот, славата и честа на Мајката на Исус Христос во светот и во Македонија, особено во  манастирот @Св. Богородица Слимничка во селото Сливница во Преспа. Таа го претставува нејзиниот лик кој е интензивно насликан на бројни икони и фрески во македонските цркви и манастири, како и пишани текстови поврзани со неа во бројни староцрковни книги.  

Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

111 copy copy copy copy copy copy copy

Дева Марија со Исус Христос

Затоа и монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. 

Во целиот свет доминараат светилишта посветени на Дева Марија кои го величат нејзиниот култ. Меѓу нив се црквите Св. Катерина Лабур во Париз, Св. Фатима во Португалија, Св. Гарабандал во Шпанија и други. Слични визии се забележани и во манастирот Св. Богородица Слимничка од страна на локалното население во селото Сливница.

Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

Инаку, Црквата е градена по примерот на повеќето цркви во поствизантискиот период односно во османлиското ропство на Балканот. Мала еднокорабна градба со едноставен кров на две води, без куполи и без украси на фасадите.  Кон западната страна во 1612 година е доградена припрата. Во 19 век во продолжение кон запад е изграден затворениот трем, една помала помошна просторија како и камбанаријата .

Во северниот дел од олтарскиот простор, во чест на главниот ктитор на црквата, насликана е фигурата на Купен, починатиот син на Михајло Петков, кој се упокоил неколку години пред изградбата на овој храм во 1599 г. Претставен како младо момче со свечена световна облека. Повторно се среќаваат имињата  главните ктитори Михајло и Стојна. Ваквите претстави се мошне ретки во средновековието.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top