Култура и туризам

ВО ЧЕСТ И СЛАВА НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА – ДЕЛ I (3)

Manc5

Manc5

Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион.

Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

Во Сливница живее исклучително македонско население. Населбата е малечка, но заедно со викенд населбата на атарот на Сливница и Претор е една од најголемите и најзначајните туристички населби на Преспанското Езеро. За жал, многу од нејзините жители се иселиле во Австралија, Америка, Канада, по европските земји, како и низ градовите на Македонија, така што бројноста на населението постепено се намалува. Но, иселениците одвреме-навреме, особено во летниот период, си го посетуваат селото, кое е привлечно за живеење и одмор

Селото Сливница е повеќевековно христијанско село во Преспа и е надалеку прочуено по манастирот „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија.

Сливница, како и други македонски села, името му го должи на овошјето. Така, етимологијата на името Сливница потекнува од зборот – слива. Старите жители на селото раскажуваат дека на ова место некогаш имало многу сливи од разни сорти од кои селаните вареле многу вкусна ракија – сливовица. Исто така, Сливница е прочуено и по добриот асортиман на грозје, но сливите порано доминирале и така, поради многуте насади од сливи, луѓето населбата ја нарекле Сливница..

Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливничкиот манастир посветен на Пресвета Богородица.

Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос сопруга на Јосиф.  Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието на католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Manc55
Црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид

Според евангелието, таа живеела во Назарет во тогашната покраина Галилеја на арамејски јазик, нејзото име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил архангел Гаврил  и ѝ соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.

          Инаку, Во 1917 г., за време на првата светска војна се случува чудо во манастирот, кога граната испукана од француски топ, од покривот паднала директно во олтарот и не експлодирала. На местото од ударот на подот сеуште постои вдлабнатина, додека пак покривот, од каде што паднала гранатата е прекриен со малтер.

         Тоа е доказ дека Пресветата Богородица будно го чува својот дом. Во дворот на црквата постои и извор со лековита вода.

         Низ генерациите се пренесува сеќавање дека првобитната локација на овој манастир била на брегот на Преспанското езеро, на денес археолошкиот  локалитетот Грмада Нисија, кај с Езерани. На 2 км јужно од селото е откриена хеленистичка населба и црква  од среден век. Околу црквата се откриени и гробови и според кажувањата пронајдените подколенични коски биле подолги. Црквата поради поплави била дислоцирана на денешната локација во с. Сливница.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy  

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top