Култура и туризам

ВО ЧЕСТ И СЛАВЕ НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА – ДЕЛ II (4)

11111 copy copy

11111 copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Славата и честа што ѝ се оддаваат на Пресвета Богородица во Македонија ја паметат многу генерации наназад. Нејзиниот лик е достоинствено и интензивно обработуван во бројните живописи и икони во македонските цркви и манастири. Нејзиниот ореол не ги одминал и книжевните и народните творби. Токму затоа, целокупното богатство собрано во Македонија, опфатено со нејзината личност, дело и бројни добродетели, нужно бара широки истражувања.

Нејзиниот култ е присутен во Македонија и во дијаспората, но тој бара и многу опсежни студии во областите на црковно канонското наследство, книжевно, историско – уметничко, археолошко, социјално, историско, теолошко, фолклорно, итн. Бројните уметнички дела во црквите и манастирите, ракописите во старите и новите книгохранилишта, иако празнети низ вековите заради скапоценостите што ги содржеле, бараат нови заокружени видувања и анализи.

Инаку, широкиот ореол на Пресвета Богородица е присутен низ цела Македонија. Преспанскиот регион брои над шеесет црковни градби со нејзино име. Овој регион со сите убавини и богатства што ги поседува, со Преспанското Езеро опколено со зачувани природни убавини, чува вековна традиција и култ кон Пресвета Богородица.

Покрај тоа, Преспа е полна со историски настани и случувања: Распослана на римската магистрала Виа Игнација, седиште на првата Самуилова престолнина, место на првата словенска Митрополија, со учество на дванаесет комитски чети во Илинденското востание, со бројни паднати жртви во НОБ, а денес израсната во напреден туристичко – стопанска област во Македонија.

Вековните верски и други преданија и легенди ги памети и современиот жител крај вековните црковни градби и култни места. Не случајно во оваа прилика истакнуваме само еден карактеристичен пример, а нив ги има Македонија во изобилство – Сливничкиот манaстир и Пресвета Богородица.

111111

Нејзините соседи со векови наназад, а и денес раскажувале и раскажуваат за „присутноста на Пресвета Богородица во манастирот” во Сливница. Ако во светот доминираат светилиштата на Богородица, кои се јавуваат со растот на нејзиниот култ ширум светот, како на пример, случајот со „Катерина Лабурс„ во Париз, “Фатима” во Португалија, “Гарабандал” во Шпанија, не помалку се важни повторливите настани во Сливничкиот манастир, раскажувани од сé уште живите околни жители. Вакви примери имало и има честопати во сакралните култни маста и живеалишта.

Насоките кои го откриваат култот на Дева Марија создаван низ вековите во Македонија, а присутен во нашата современост, помогнаа да се множат црковните градби со нејзино име. Еден убав пример ни открива сливничкиот манастир „Пресвета Богородица“, сместен во живописот на чистата планинска и шумска пољана, на Баба Планина во Преспа, во длабок спокој и сон, недостапно допрен дури и од љубопитниот Македонец во Преспа. Таа тајновитост и убавина не можела да не го разбуди народниот творец да ја воспее и да ја возвиши.

Инаку, во дворот на манастирот „Пресвета Богородица“, постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Се смета дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.

Исто така, покрај манастирот „Света Мала Богородицаво“ во Сливница постојат и уште пет македонски православни цркви и тоа: селската црква „Свети. Димитрија“, потоа „Свети Атанас“, која е лоцирана на патот и целосно е реновирана и доби нов изглед како новите македонски православни цркви изградени од камен, потоа црквите „Свети Петар и Павле“, „Света Петка“ и “Свети Никола“, како и локалитетите од археолошко значење, Крш Полена, населбата од доцноантичко време Кула, населбата од римско време Шуица и други.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top