Култура и туризам

ИСТОРИСКАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА (6)

4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Баба Планина, заедно со Националниот парк „Пелистер” се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и, како член на Родопскиот ситем, ја претставува најјужната планина која има алпински карактеристики. За национален парк, уште на просторите на поранешна Југославија, „Пелитер” е прогласен на 30 ноември 1948 година. Со тоа се зголемува неговото значење во севкупната историја на македонската држава.

Основниот феномен на „Пелистер” е петоигличестиот бор молика, реликт од терциерот и балкански ендемит, кој е откриен од страна на австрискиот ботаничар Гризебах во 1839 година. Пелистеровиот масив е испресечен со бројни живописни планински реки, но, посебно атрактивни се двете глечерски езера, Големо и Мало, наречени „пелистерски очи”.

Вегетацијата на „Пелистер” има специфично ботаничко значење и претставува природен реткост. Тука растат 88 видови дрвенети растенија, класифицирани во 23 фамилии. Планинската вегетација на „Пелистер” се расчленува на повеќе растителни асоцијации. Од областа на дивата фауна на „Пелистер” живеат 62 вида животни, меѓу кои се издвојуваат: еленот, срната, дивокозата, дивата свиња, мечката, рисот, зајакот, волкот.

Инаку, Баба Планина  е најпозната по Пелистерските Очи кои се леднички езера и кои се лоцирани на висините на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро.

Од страната на Битола, до езерата може да се стигне од две страни по две одлично обележани планинарски патеки. Исто така има и неколку планински патеки кои водат од повеќе места на Баба Планина кон Преспа и Преспанското Езеро. Така, едена патека води кон Аевати и Крани и последната која ја поврзува  Битола со Долна Преспа. Тоа е патот кој води од двете пелистерски езера преку Баба Планина кон селото Брајчино, а од таму кон  Љубојно и Долна Преспа.

Инаку, често се вели дека Претор и Сливница кои се наоѓа на падинините на Баба Планина, под врвот Пелистер, а на самото Преспанско Езеро се раскрсница меѓу Горна и Долна Преспа. Тие заедно со Отешево се едни од значајните домашни туристички места во кои вратите секогаш се отворени за сите туристи, посетители и намерници.

Претор и Сливница се познати туристички места во Македонија со своите летувалишта, песочните плажи, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Неколку стотици викед куќи се нанижани од местото каде постоеше некогашната Пумпата за вадење вода за наводнување на Преспанското Поле се’ до атарот на селото Сливница, во подножјето на намастирот „Света Мала Богородица“ во Сливница.

44 copy

Големото Езеро на Баба Планина

Исто така, денес летовалиштата Претор и Сливница може да се пофалат со бројните ресторани кои се нанижани како преспански гердан покрај Преспанското Езеро и во кои убавите и богати софри се надоплнуваат со надалеку познатиот преспански крап и нивичката белвица (позната како циронка). Затоа, многумина велат дека овие летовалишта со своите песочни плажи и убават храна се рај за одмор на душата. Воздухот и тишината, се чини прочистуваат од корен и ги поттикниваат посетителите повторно да дојдат во Преспа.    

Инаку, Претор е археолошки локалитет во Преспа кој претставува населба од доцноантичко време.  Локалитетот се наоѓа источно од селото, на просторот што се протега до атарот на селото Курбиново. Откриените остатоци од римски вили и некрополи во Претор, чие име се совпаѓа со седиште на управител на Римска провинција, зборуваат дека се работи исклучиво за античка населба, со која Преспа треба да се гордее.

Тука е пронајден редок примерок на плочка, еден од само трите пронајдени примероци во целиот свет, посветен на култот на античката малоазиска божица МА, мајката на природата и боговите, од некогашната римска провинција Кападокија. Исто така е најдена  и една апликација од држалка на сад со претстава на човечка маска. Во два објекта има остатоци од системи за затоплување – хипокаусти изведени од кружни керамички плочки, а откриен е и под со мозаик. Сите овие наоди се чуваат во Музејската збирка во Ресен и во Музејот во Охрид.

На ова локација постојат траги и на средновековна населба за што најдобар пример е црквата „Свети Сава“ од 14 век. Од неа посебно е заштитена иконата на Свети Јован Крстител, која е презентирана на повеќе светски изложби.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy  

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top