Култура и туризам

Во Охрид дводневен Меѓународен симпозиум по повод 1.100-годишнината од смртта на Свети Наум Охридски

simpozium-ohrid-sv-naum
Годинава во Република Македонија, преку најразлични манифестации и научни собири, се одбележува 1.100-годишнината од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот.

– Во одбележувањето се вклучени најразлични државни, високообразовни и научни институции, Македонската православна црква и други субјекти, што покажува дека како држава, како народ, како граѓани, знаеме да го почитуваме, да го чуваме и надградуваме нашето историско и културно наследство, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на отварањето на дводневниот Меѓународен симпозиум што по повод одбележувањето на годишнината од упокојувањето на големиот Свети Наум Охридски се одржува во Охрид.

simpozium-ohrid-sv-naum

Вељаноски подвлече дека за животот и делото на Свети Наум Чудотворец, како што го именува народот, денес имаме многу богата научна литература зад која стојат имиња на научници и академици, не само од Република Македонија, туку и од Балканот, но и многу други европски држави. Исто така, многу научници и истражувачи истакнуваат дека делото и животот на Свети Наум сè уште се предизвик за многу сериозни научни истражувања. Тој изрази верување дека токму сега, кога се одбележува 11 века од неговото упокојување ова ќе биде дополнителен мотив, пред сè за младите, да продолжат да го истражуваат неговото дело и да создадат нови научни дела и потсети оти Свети Наум и неговото дело биле инспирација и мотив за многу книжевни дела, пред сè на македонските писатели.

– Ова е доказ дека пред 11 века Македонија била значаен верски, духовен и просветителски центар, од кој во тогашниот, христијански свет се ширеле многу духовни и културни вредности. Македонскиот народ и другите етнички заедници кои денес живеат во Република Македонија, може да се пофалат дека на овој простор живееле и создавале великани како што се Светите Браќа Кирил и Методи, Свети Наум и Свети Климент, рече тој.

simpozium-ohrid-sv-naum2

Отварајќи го Симпозиумот, поглаварот на МПЦ, Архиепискотпот Охридски и Македонски г.г. Стефан истакна дека светото дело и духовниот подвиг на Свети Наум Охридски-Чудотворец дури и денес зрачат и остануваат да бидат предизвик и пример за следба во монаштвото и мисионерството, во книжевноста и просветата, но и во богољубието и човекољубието.

– На 23 декември 910 година се упокоил Свети Наум Охридски –Чудотворец, и бил погребан на јужната страна на храмот на манасторот што самиот го изгадил на јужниот брег на белото езеро. На погребението чиноначалствувал неговиот брат, Свети Климент, Архиепископот Охридски.  Вака може накратко да се опише настанот за кој оваа година одбележуваме 1.100 години. МПЦ и сите институци што имаат чувство дека се продолжувачи и наследници на грандиозното дело на Свети Наум му одаваат или ќе ми оддадат достојна почит на големиот мисионер, просветител, подвижник, светител, чудотворец, рече поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

Инаку, во работата на Меѓународниот симпозиум што се одржува во организација на Дебарско-кичевската епархија и Македонската православна црква, ќе учествуваат педесетина научни работници и експерти од Македонија, Србија, Бугарија и Русија.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top