Култура и туризам

Министерот за култура Канческа – Милевска во посета на Пустец

beti-ministerstvo
Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура денеска ја посети општина Пустец во Република Албанија.

beti-ministerstvoВо рамки на посетата, Канческа-Милевска со градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко разговарала за можностите за продлабочување на соработката во областа на културата.

На средбата Темелко изразил благодарност за досегашната поддршка што ја добива од Министерството за култура.

Во последните две години преку Годишната програма на Министерството за култура се поддржани повеќе проекти преку кои се афирмира културата во Пустец, меѓу кои се „Македонскиот младински фоклорен фестивал“, во организација на здружението „Млади во акција“, „Македонско културно лето во Албанија“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и други.

Канческа-Милевска денеска во Пустец ги посетила основното и средното училиште во овој регион и ги подарила едициите на Министерството за култура – „130 тома македонска книжевност“ и „Превод на добитници на Нобелова награда за литература“.

Најново од: Култура и туризам

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

To top