Култура и туризам

Денови на Св.Кирил и Методиј – културен мост меѓу Македонија и Словенија

kiril-i-metodij

kiril-i-metodijСловенечкото здружение „Франце Прешерен“ – Скопје, во рамки на проектот „Денови на Св. Кирил и Методиј – културен мост меѓу Македонија и Словенија“, денес 10.11.2010 на Филозофскиот факултет во Љубљана – Катедра за македонски јазик и книжевност, организира предавање на професор д-р Анета Серафимова, на тема „Ликовни рефлексии на сесловенската мисија во Македонија“.

Предавањето што организирано во соработка со љубљанскиот Филозофски факултет, Институтот за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет од Скопје и Кинотека на Македонија,  ќе биде збогатено со изложба „Македонски ликовни амблеми – портретите на светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски во уметноста во Македонија од 9 до 19 век“ и проекција на документарниот филм „Кирил и Методиј сесловенски учители“ на режисерот Трајче Попов.

Во соработка со Младинскиот културен центар – Скопје, здружението „Франце Прешерен“ на студентите кои студираат на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филозофскиот факултет во Љубљана бесплатно ќе им ја подели книгата „Новеченто“, од авторот Александро Барико.

Првиот дел од проектот „Денови на Св. Кирил и Методиј – културен мост меѓу Македонија и Словенија“ беше реализиран на 18 мај годинава во Скопје со организирање неколку настани на кои беше промовирана словенечклата култура. На 30 јуни во Љубљана, здружение „Франце Прешерен“ организираше предавање на тема „Мегалитската опсерваторија Кокино во 2000 год. п.н.е“.

Проектот „Денови на Св. Кирил и Методиј – културен мост меѓу Македонија и Словенија“, што го реализира Словенечкото здружение „Франце Прешерен“ – Скопје, со поддршка од Генералниот секретаријат на македонската Влада, има за цел зајакнување на македонско – словенечкото пријателство преку промоција на националните, културните и научните вредности на Словенија во Македонија, како и промоција на македонските вредности во Словенија. Планирано е овој проект да стане традиционален.

Најново од: Култура и туризам

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

To top