Култура и туризам

Источен Петок – Балаклија

balaklija

balaklijaПрвиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Според легендата изворот Балаклија, поврзан со името на Пресвета Богородица, се наоѓал во близината на Цариград и во него имало златни риби.

Источен петок во Малешевијата

Петок по Велигден (Богородица)

Тој ден Беровци и Разловчани ја празнуваат Св. Богородица. Тоа е таканаречен Источен Петок или Балаклија Се верува дека празнувањето на тој ден е примено од Грците, а е врзано за споменот на паѓањето на Цариград. Локалните свештеници велат дека тој ден Св. Дух бил на Христовиот гроб и дека му рекол на ангелот да и кажи на Богородица дека Христос воскреснал.

Прославата на тој петок во Берово народот го вика Беровска Богородица (за разлика од слични прослави во другите малешевски места – макар тие биле и во деновите на другите празници. (Беровци со тој собор први ја започнуваат прославата на „Богородица“. Потоа стануваат слични прослави во другите места.) Над Берово се наоѓа црквичка Св. Богородица, која скоро (1922 г.) е обновена на старите темели. Покрај таа црква има извор наречен Света Вода. Значи таа црква слави тој ден и водата се осветува, па народот од целата околина на Берово доаѓа (по цел ден, но повеќе претпладне) да нацрпи вода и да донесе дома (за лек). (Големо е настојувањето на народот да дојдат до водата и нема кој да одржува ред. Затоа многумина кои доаѓаат прашуваат дали може да се земе вода.) Сите што тој ден ќе дојдат во Берово имаат свои роднини кај кои ручаат (на гости) и по ручекот одат да играат на оро, а некои учествуваат и во борење (пеливани).  Понекогаш гостите ги победуваат Беровци во борење и тоа се раскажува преку целата година.

И во Разловци истиот ден има собор кај Светата Вода. На тој собор доаѓаат Малешевци и Пијанчани од околните села во голем број. По молитвата народот се мие од светата вода (тука болните оставаат по некое парче – крпа – од својата облека и по некоја пара. (Кај тие води и сличните  на нив места секогаш е полно крпи и пари од различни периоди.) Таа вода народот ја носи во садови во своите куќи со неа да се измијат и искапат оние болни кои не можеле да дојдат. За таа вода народот верува дека е лековита (околината на изворот е полна со железна руда). Попладнето младите одат на оро, а борачите (пеливаните) се борат. За тоа време локалните свештеници седат на тревата, каде што ги бројат и делат парите што тој ден ги добиле на крстот и иконите (кога народот ги бакнува крстот и иконата). Попладне околу 3-4 часот народот веќе почнува да се разотидува по своите куќи зашто куќите им се оддалечени од ова место.

Од книгата „Малешево и Малешевци“ од Јеремија Павловиќ, Београд 1929

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top