Култура и туризам

Манастир „Свети Димитрија“ Велес

manastir-sv-dimitrija-veles

manastir-sv-dimitrija-veles

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир посветен на Свети Димитрија. Манастирот е изграден за верските потреви на населението и се смета дека во тој период служел како градска црква. Дека овој манастир има постара историја сведочат историските податоци кои се запишани од страна на патеписци, историчари и археолози. Од податоците се смета дека црквата е изградена во 14-от век но дека тогаш бил само обновен и проширен и одново изграден. Според преданијата на местото на кое денес постои манастирот се смета дека постоел друг храм кој што најверојатно бил помал. Се до 1855 година манастирот бил пет века под земја. Денешниот манастир се смета дека многу потсетува на првобитниот храм а доказ за тоа е базиликата која што по својата градба е еднокорабна со тристрана апсида од источната надворешна страна. На западната страна се наоѓа нартекс над кој се издигнува кула со камбанарија. Следејќи ги историските податоци кога турците по битката на Марица во 1371 година дошле во Македонија, пашата Тимурташ во 1385 година го освоил Велес а топовите ги поставил од левата страна на Вардар спроти манастирот. Велес бил бомбардиран а тогаш бил урнат и самиот манастир. Некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиме но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот се возобновил манастирот при што зографските работи ги извршил познатиот зограф, Хаџи Коста Крстев. За самата црква може да се каже дека е изработена од делкан камен но за да се постигне познатиот ефект на полихромија користена е тула со спојки од малтер. Кога ќе ги погледнете фасадите ќе забележите дека истите се оживеани со орнаменти како што се: шаховски полиња, меандри и запци. Страните на апсидата се расчленети во нишки и аркади а венецот во горниот дел е запчесто изведен со тули. Влезовите и прозорците од северната страна се асиметрично поставени и истите завршуваат полукружно. По завршувањето на Втората светска војна споредните манастирски згради во дворот се служеле како конаци и манастирски простории. Од источната страна по целата должина на дворот во манастирот на север-југ имало две згради кои биле на приземје и кат, во приземјето се складирала стоката кои доаѓале на манастирската слава Св. Димитрија, првиот петок по Велигден и на некои други поголеми празнични денови. Како традиција кога целиот Велес е испаднат на улиците е празникот Источен Петок-Балаклија односно првиот петок по Велигден. Празник кој што е посветен на Пресвета Богородица а чија што најстара икона се наоѓа во самиот манастир. Граѓаните на овој ден им се поклонуваат на светците во манастирската црква и палат свеќи за здравје а притоа ги посетуваат и околните цркви Св. Јован, Св. Никола, Маркова меана и други. Убавините, историјата, опкружувањето се доволна причина да дојдете и да го посетите овој стар манастир и да се запознаете со сето она што го нуди. Но и во истовреме да запалите свеќа и да го побарате сопствениот душевен мир и да му се помолите на Бога.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top