Култура и туризам

Света преподобна маченица Параскева – Света Петка 8.VIII/26. VII

sveta_petka-1

sveta_petka-1Света Петка – Летна

Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.

Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и се празнува на 27/14 октомври, и поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и Света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид.

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхирстијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

Првата Света Петка  е преподобната маченица Параскева Римјанка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани, дека биле христијани и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви. Уште од мала била воспитувана во христијански дух, а и самата влијаела врз луѓето да се однесуваат христијански. Рано и умреле родителите, а таа целиот имот го раздала на сиромаси и се замонашила. Како монахиња со уште поголема жар го проповедала христијанството иако во тоа време оваа вера била забранувана и најжестоко прогонувана од римската власт. Пакосните Евреи први ја наклеветиле кај императорот Антониј Пиј, кој најпрвин со ласкања се обидел да ја придобие да се откаже од својата вера. Но кога во тоа не успеал ја подложил на жестоки измачувања ставајќи и на главата вжештен шлем. Но и од овие страдања на чуден начин се спасила, побегнала од Рим и продолжила да ја проповеда вистинската вера Христова. Уште на два пати, односно уште во два града Параскева била измачувана но пак на чуден начин се спасила, неверојатно брзо излечувајќи се од раните. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, а кога била фрлена во котел со врело масло и со катран, таа останала неповредена, а од течноста му прснало на императорот во очите по што тој ослепел. Параскева се помолила на Господа и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале многумина ја примиле христијанската вера. За да ја скријат вистинската причина за нејзиното брзо оздравување, паганите нејзините чуда ги објаснувале со маѓии, а оздравувањето му го припишувале на нивниот Бог. Но самата Параскева еднаш на мачителот му рекла: „Не ме излекуваа твоите Богови, туку мојот единствен Бог Исус Христос.” Најпосле некој кнез по име Тарасиј ја исекол со меч. Тоа се случило во ИИ век. Подоцна моштите и биле пренесени во Цариград.

Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пр. Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата. (Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top