Култура и туризам

Црква „Света Троица“ Радовиш

sv-trojca-radovis

sv-trojca-radovis

Радовишани можат со гордост да зборуваат и да се гордеат со новоизградената црква која се наоѓа во центарот на градот. Овој величествен Божји храм е посветен на денот кога се празнува Светата Троица кој што е празник на целиот град. Кога за првпат ќе ја видите црквата ќе бидете импресионирани од нејзината големина и нејзиното надворешно опкружување кое прави една целина која може само да се доживее на лице место. Камен-темелникот на соборниот храм посветен на Светата Троица беше поставен на 24-ти Април 1997 година а црквата беше осветена на 12-ти Октомври 2003 година од страна на Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со сите архиереи на МПЦ. Ктитор и комплетен финансиер на ова прекрасно и величествено здание е бизнисменот Ристо Гуштеров кој потекнува од Радовиш. Црквата е проектирана во консултација со најдобриот украински сликар, неколкумина архитекти од „Македонија проект“ а го изградиле градежните фирми „Маврово“ и „Пелагонија“. Црквата „Света Троица“ по нејзината архитектонска конструкција и концепција спаѓа во типот на еднокорабни цркви со развиен впишан крст во правоаголно пространство и сводна куполна партија која е покриена во византиски стил. На пресекот на краците на крстот се развива голема купола на десетостран тамбур и четири помали куполи на просторите помеѓу краците. Сетоа ова е направено со користени примери од македонското архитектонско културно наследство. Црквата е висока 21 метар а додека камбанаријата е висока 23,5 метри. Храмот е распослан на површина од 550 квадратни метри а поставен на локација од 4000 квадратни метри. Има партерно уреден простор околу самата црква а во нејзин скоп се камбанаријата, фонтаната, чешмата, административната зграда и паркиралиштето. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна има силно потенцирање со отворен трем со колонада од четири столбови на кои се носат три паралелни свода. Фасадата на црквата е класична ѕидарија по примерот на старата градителска традиција со видливо присуство на второстепена пластика во архитектурата. На покривот на објектот за прв пат во Македонија е применета постапката на патинација на бакарот со употреба на соодветен хемиски премачкувач. Истотака треба да се нагласи и збогатувањето на фасадната композиција со затворање на прозорите со витражно стакло во бронзени профили. Подниот мозаик е оформен од разни видови мермер и травертин. Камбанаријата се одликува со фасада која содржи богато компонирање во зони. Изработена е во богата архитектонска расчленетост на фасадните платна по вертикала и хоризонтала. Покрај витражните стакла во втората зона на камбанаријата впечатлива е мозаичката програма на четирите евангелисти: Св. Матеј, Св. Марко, Св. Јона и Св. Лука. Црквата не плени само од нејзината надворешност туку комплетниот впечаток се добива кога ќе влезете во нејзината внатрешност. Токму за нејзината внатрешност која плени со нејзината убавина и раскош треба да се напомене дека има елементи од сите македонски православни цркви но и од црквите од Украина, Грција и Русија. Сепак претпознатливоста на стилот се состои во стилот на класичното и модерното црковно сликарство а посебен впечаток се добива со иконописот. За внатрешноста на црквата биле задолжени украински и руски уметници додека витражите биле на охридскиот мајстор Митко Поповски, иконостасите на Данчо Калачев а канонските содржини биле реализирани под раководството на д-р. Димитар Чорнаков. Иконите на иконостасот се на Калчев од Гевгелија а фрескоживописот е дело на познатите украински мајстори: Димитри Нагурни, Владимир Недајборч, Виктор Блинов, Јура Левченко, Владимир Цах, Владимир Бовхун, Лариса Мишченко, Ѓеорги Журавски. Резбата е на тајфата на Владимир од Галич од Украина. Во црквата се заспатени елементи од античка Македонија така поставена е ѕвездата на Виргина, лаковите на Александар и Филип Македонски. Иконасот и столбовите се изработени од 24 каратно злато. На фрескоживописот претставени се следниве композиции на централната купола започнуваат со Исус Христос Седржател опкружен со ангели. Потоа следуваат композициите на куполата каде што помеѓу секои два прозори е насликан по еден старозаветен светец. Во тамбурата на централната купола се сместени четири претстави на Исус Христос и програмата завршува со претставување на четирите евангелисти. Програмата на сводната партија е составена од следниве композиции на источниот свод, Вознесение Христово, на јужниот свод, Страшниот суд, на западниот свод, Слегување во пеколот и на северниот свод, Преображение Христово. Програмата на живописот од сводната партија продолжува на вертикалните ѕидни платна и тоа на источното ѕидно платно ја има следната програма. Патот на голготата, Исус Христос на престол, Симнување од крстот, Благовештение, Богородица со Христос на трон а во апсидата е насликано Светото Тројство. Во апсидата на олтарот е насликана композицијата Причестување на апостолите и литургиска служба на Архиереите. Јужното ѕидно платно го сочинуваат композициите: Распетие Христово, Крштение Христово и Влегувањето во Ерусалим. На западниот ѕид во континуитет е претставена композицијата на Страшниот суд. На северното ѕидно платно е претставено Воскресение на Лазар, Раѓање Христово и Тајната вечера. Според програмата на живописот во првата и втората зона на северниот и јужниот ѕид се прикажани ликови на светители, светителки и свети воини. Над северниот портал се претставени Св. Кирил и Методиј а над јужниот портал се Св. Климент и Наум Охридски. Иконостасот во храмот е работен во крупна резба во дрво со позлата на одредени фрагменти под водство на авторот Данчо Калчев. Истотака царските двери и владичкиот трон и поголемиот дел од декорот во храмот се позлатени.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top