Култура и туризам

Свето Преображение – Манастирот Зрзе

manastir-zrze

Преданија и легенди

manastir-zrze

Западно од Прилеп на околу 25 километри, над селото Зрзе е манастирот посветен на Св. Преображењние, познат како манастир Зрзе. Кон северната страна на манастирската црква негде во 17 век дошло до проширување на црквата посветена на Св. Петар и Св. Павле, а подоцна оваа црква била обновена и е позната како Овчарска црква.

Некаде кон средината на 18 век османлискиот одметник од турската власт војводата Матлија се засолнил во манастирот и оттука вршел напади и грабежи. Во тие прилики во голема мера настрадал и самиот манастир.

Како последна обнова на манастирот била во 19 век и тоа на црквата Св. Петар и Св. Павле. Во оваа наречена Овчарска црква се наоѓа убавиот портрет во фрескоживописот на овчарот претставен во народна носија, па оттука црквата го добила името Овчарска црква. Како што кажуваат старите од селото во оваа црква бил убиен овчарот кој бегал од нападите на Арнаутите.

Беровскиот манастир Свети Архангел Михаил

Манастирот се наоѓа на излезот од градот Берово нагорно кон реката Брегалница. Познат е како женски манастир од неговото постоење до денешен ден.

Најзаслужен за изградбата на црквата бил поп Пецо од Берово, кој се изборил за одобрување за подигање на црквата пред турските власти. Од страна на Турците било условено црквата да се изгради за четиртиесет дена и да не биде повисока од патот што водел кон изворите на реката Брегалница. Турците го условиле попот Пецо да ја даде најмалата ќерка во харемот. Црквата била изградена за четириесет дена, не повисоко од патот, но поп Пецо не ја дал ќерката во харемот на султанот. Поради тоа тој бил одведен во зандана.

Манастирот Св. Архангел Михаил бил тесно поврзан со востанието во село Разловце на чие чело стоел Димитар Поп Георгиев, внук на поп Пецо, учител и прв човек на манастирот.

Полошки Манастир Св. Георги – Тиквешко

Во Тиквешко се наоѓаат две најстари цркви од средниот век, едната е во село Дреново – западно од Кавадарци во близина на селото Возарци и потекнува од 11 век и е посветена на Св. Богородица. Другата е манастирот Св. Ѓорѓи Полошки манастир во непосредна близина на Тиквешкото Езеро. Од селата Бегниште и Драгожел е оддалечен на половина пат од езерото во правец на устието на реката Црна Река, кај што се влива во езерото. Единствен пат денес да се стигне до манастирот е исклучиво воден пат, со чамец.

Во поодамнешните времиња се сретнале двајца селани – едниот бил од Дреново, а другиот од село Полошко, село кое денеска не постои, а има остатоци и се наоѓа од спротивната страна на  манастирот Свети Ѓорѓи. Човекот од Дреново му рекол на тој од Полошко:

– Нашата црква е најстара и најубава. – Нему му одговорил тој од Полошко:

– Не нашата црква Св. Ѓорѓи е најубава, односно поубава од вашата во Дреново.

– Не му рекол човекот од Дреново, вашата црква е полоша од нашата. Оттука денешната манастирска црква Свети Ѓорѓи народот ја нарекува Полошки.

Од книгата „Манастирите и црквите во народната традиција“ од Танас Вражиновски, Скопје 2011.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

To top