Култура и туризам

Црква „Пресвета Богородица Перивлептос“ – Охрид

perivlepta

perivlepta

Црквата Пресвета Богородица Привлептос се наоѓа во Охрид, Република Македонија. Црквата била изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата, 1295.

Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиската империја. Деволскиотепископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела (посветена на Григориј Богослов), а потоа била соѕидана јужната капела (посветена на Свети Никола) и отворениот трем околу црквата каде што се насликани портретите на некои ктитори и на други современи историски личности. По уривањето на манастирскатацрква Свети Пантелејмон, во црквата Богородица Привлептос се пренесени моштите на Свети Климент (па затоа е наречена Климентова црква), а истовремено таа станала и седиште на охридските архиепископи и на „музејот на архиескопијата“ со својот печат (засега најстар на Балканот).

Црквата има основа на византиските куполни цркви со впишан крст во правоаголен простор. Куполата во наосот се потпира врз четири слободни столба, а слепа слепата купола во нартексот на четири пиластри. Ѕидана е од камен, бигор и тули, а со нивна комбинација се подигнати различни декоративни површини (меандер, шаховско поле, рибина коска). Овој начин на ѕидање се заснова врз традицијата пренесена од византиската метропола, но црквата Богородица Привлептос, како и некои други во Македонија, укажуваат и на непосредни врски со градителството од 13-тиот век во Епир.

Извонредните уметнички вредности на фреско-декорацијата и ризницата од икони на оваа црква заземаат истакнато место во науката. Врз основа на откриените потписи се знае дека фреските во 1295 ги извеле сликарите Михаил Астрапа и Евтихиј. Тоа се проминентни личности на ликовното творештво од крајот на 13 век и првите децении на 14 век на Балканот, а нивните дела по уметничкиот квалитет се рамни на современите остварувања во византиската културна метропола.

„Енциклопедија на Југославија“, II издание (I изд. на македонски јазик). Загреб: Југословенски лексикографски завод. 1985.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top