Култура и туризам

Свадбите во Дебрца се прават најчесто во есен по Петковден

svadbeni_obicaji

Народни обичаи и верувања

svadbeni_obicajiСвадбите во Дебрца се прават најчесто во есен по Петковден, откако ќе завршат полските работи, или во зима во мрсниците, меѓу Божик и Месни поклади. Но пред да се почне со свадбата има ред други претсвадбарски процеси.

Во рамките на овие интересни дејствија спаѓа развивањето и китењето на свадбарскиот бајрак. Бајрак се развива во четврток или петок. Всушност развивањето се означува со ружањето на бајракот. Обично сестра или ако нема сестра момчето, некоја негова братучетка го ружа бајракот. На врвот на еден подолг стап, што обично се чува во црквата, ќе се закачи јаболко, а околу јаболкото ќе се закити босилек и неколку алени или црвени поголеми и помали шамии.

Додека вака се кити бајракот, се пее песната:

Развил бајрак, развил бајрак, јунакови дворје,
развила го, развила го, јунакова сестра,
развиле го, развиле го, јунакови браќа.
На бајракот, на бајракот, киска босилкова,
во киската, во киската, црвено јаболко,
до киската, до киската, црвена шамија.

Откако ќе се испее песната бајракот ќе се постави на чардак и преку него три пати се пука со пушка.

Истата група девојки, откако ќе се развие бајракот пристапува кон плетење рогузина. Порано, бидејќи немало кревет како задолжителен свадбарски реквизит, за младите била рогузината. Таа се плетe од долга невршена слама `ржаница. Додека девојките ги плетат витките и ја сврзуваат рогузината се пее песната:

Плетит Мара ситна рогузина,
ќе ми сопијат момче и невеста…

Откако ќе биде готова рогузината, на неа се фрлаат бонбони и метални парички. Машки деца ќе се истркалаат и ќе ги соберат бонбоните и парите. Потоа свиткана рогузината се остава во некој агол од собата каде што ќе спијат младенците.

Истиот ден претпладне се прават венците за зетот и невестата. Венците од лозинки со шеќерен конец и босилек, ги завива кумот. На нив може да се стави и друго цвеќе и ќе се наврзат шеќерчиња.

Додека кумот ги плетел венците, девојките, блиските роднини и сосетки на момчето, ја пеат песната:

Плело моме, три зелени венци,
први венец од бела пченица,
други венец од горски гороцвет,
треќи венец од бели босилек.
Тој што ми е од бела пченица,
го пуштиле в поле по пченица,
тој што ми е горски гороцвет,
го пуштиле в гора по гороцвет,
тој што ми е од бели босилек,
го однесле ќе млада невеста.

Вечерта спроти свадбата, кај момчето се меси сваќата (обредниот леб), а кај невестата утрото на денот на свадбата. Сваќите се прават од брашно, а се додава малку шеќер, мед, јајце, млеко од некоја жена што има машко дете и метална пара. И кај момчето и невестата замесувањето на сваќата го започнува некое машко дете, кое три пати завртува во тестото со прстенот од зетот или невестата. Озгора сваќата се шари со прстенот. Тогаш се пее:

Исчисти се, избистри се,
Бели, Бел Дунаве,
да налеја, да набистра,
чиста бистра вода,
да замеса бела сваќа.

Или.

Царот имал, царот имал
до трине радости,
прва радост, прва радост
сина ќе си жени,
друга радост, друга радост
ќерка ќе си мажи,
трета радост, трета радост
внуче ќе крштава.

Во саботата и неделата утрото се врши канењето за на свадба. Млади девојчиња, облечени во кошули одат од куќа на куќа по селото, со карта вино, накитена со шарпи и ѓердани и ги канат сите на свадба. На ист начин се канат и роднините и пријателите, само неколку дена пред свадбата. Притоа се носеле и погачи.

Почетокот на свадбените дејствија, на денот на свадбата (неделата) се означува со бричењето на зетот. Зетот го забричува кумот, а ќе го добричат двајцата девери.

Преку песната, што се пее кога се изведува бричењето, се акламира на неговата машкост, да не ја посрами сета рода наоколу.

Милоша го два бербера бричат,
Милоша го дремка надолило,
ќе ми паднит на земја сурова,
ќе посрамит рода наоколу,
и таткова и мајкина.

Веднаш по бричењето момчето се облекува во зетовско руво.

Тогаш се пее песната:

Китета мајка учеше,
лепа го ука учеше:
– Ките ле, мили синко ле,
ќе одиш место далеку.
Кога ќе миниш крај Дунав
ничкум да глава навалиш,
кој ќе те види завиди,
мајке ти да е заблазвит:
Блазе на мајка со сина!

Откако ќе се наружа зетот, сите сватови и сваќи излегуваат во двориштето за да се заигра бајракот. Девојката што го кити бајракот, таа и го заигрува. На главата ја реди капата од зетот, а над неа венецот од зетот. Потоа се редат и други капи од сватовите. Девојката, што е на орото до неа, го носи венецот од невестата.

Кога се заигрува бајракот три пати се завртува оро и се пее песната:

Извил, развил, црвен бајрак,
на бајракот киска цвеќе,
киска цвеќе босилкова,
во киската црвено јаболко.
Во бајрак се мила рода пулит,
во бајрак се мили татко пулит,
во бајрак се мила сестра пулит,
во бајрак се сета рода пулит.

Претпладнето сватовите со зетот кинисуваат по невестата.

Зетот е качен на коњ, а другите сватови одат пешки. Истовремено заминуваат тројца мустулџии, на коњи да однесат абер во домот на невестата, дека кинисале сватовите.

Песните што ги пеат сватовите кога кинисуваат од кај зетот, кон невестата и назад, претежно содржат љубовни мотиви и укажуваат на склучувањето на брачната заедница и обврските на невестата во бракот и семејството. Сватовските песни ги пеат заедно мажи и жени и обично со сите песни се игра на оро и се пратат со гајда, а во поново време и со други музички инструменти.
Најпрво кога ќе тргнат сватовите од кај зетот кон невестата, ја пеат песната:

Земало моме земало,
земало пари на шака,
лудо ми шака не знало,
ми пособрало сватои
сватои само одбрани…

Од книгата – „Оздолени, Слатински Чифлик, Сошани“ од Димитар Смилески, Охрид 2008 г.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top