Култура и туризам

Неолит

neolit

neolitНеолит (ново камено време) е термин со кој Џон Лубок во 1865 ја означил епохата карактеризирана со појавата на првите праисториски заедници чијшто опстанок се базирал на производството на храна, која како доминантна стратегија на опстанокот, може да се смета како карактеристика на неолитот.

Во науката е познато дека неолитот е првата најзначајна и по својот карактер најреволуционерна етапа од културно-историскиот развиток на човештвото. Со појавата на земјоделствотото и припитомувањето, настанале наполно нови промени во изборот на животната средина, начинот на живеење, стопанисувањето, материјалната култура и во општественото уредување. Неолитскиот човек сите живеалишта и населби ги подигал на терени богати со плодна земја, вода, пасишта и шуми, во средини со оптимални услови за земјоделство и сточарство, т.е. за организирано стопанисување.

Внатрешните односи подредени на општите интереси за благосостојба и опстанок, се со посебен углед и општествен статус кои ги стекнала жената. Како родилка и мајка таа е носител на биолошката репродукција, одржувањето на семејството и определувањето на потомството. Затоа нејзината функција била поистоветена со функцијата на култот на плодноста, култот на Големата Мајка богинка, на што укажуваат фигурите од печена земја, чија иконографија привлекува посебно внимание.

Во рамките на домот отпочнало ракотворењето на предмети за секојдневни потреби, кое постепено прераснало во занаетчиство (ткаење, плетење, обработка на кожа, орудија и слично). Најразвиено било производството на керамиката т.е. грнчарството. Предметите говорат за голема продукција, совршена технолошка обработка, разновидни облици како и орнаментика со уметнички вредности. Садовите биле правени од печена земја, рачно без грнчарско колце, во облици и димензии зависно од намената. Едни биле за чување на храна, други за готвење на јадење, пиење, а постоеле и садови за религиозни обредни цели.

Од досега евидентираните неолитски населби чија концентрација е понагласена во котлинските предели, таа бројка е необичо голема за овој период во Македонија. Таа упатува на густа населеност која најверојатно произлегувала од динамичните општествени промени и се` поголемиот наталитет на населението. Според стратиграфските податоци и наодите, откриени со скромните и невоедначени истражувања, сите населби се повеќе слојни. Живеалиштата биле обновувани по два или повеќе пати, едни врз други, во хронолошки континуитет.

Традиционалната и општо прифатена периодизација на европскиот неолит се дели на три главни етапи:

Со оглед на различните причини и времето на нивното настанување неолитските култури можат да се пратат само во строго регионални рамки. Од хронолошка гледна точка и македонскиот неолит исто така може да биде поделен во три одделни фази (ран, среден, доцен) во согласност со периодизацијата применета за неолитот во Југоисточна Европа.

Македонскиот неолит може да се подели на:

  1. Источномакедонски неолит, кој се манифестира со културните групи Анзабегово-Вршник (I-IV) за ран и среден неолит и Ангелци-Зелениково II, кој е претставник на доцниот неолит.
  2. Западномакедонски неолит

Хронолошки е поделен на: ран, со културен носител од страна на културната група Зластрана (Охридски крај), Велушко-Породинската културна група (I-IV) од крајот на раниот и средниот неолит, како и културните групи Мала Трнска Тумба во Пелагонија и Устие на Дрим во Струга, носители на доцниот неолит.

Извор:

  • Н. Чаусидис, Предисторија, Македонија културно наследство, 1995, Скопје
  • Д. Симоска, В. Санев, Предисторија во Централна пелагонија, 1976, Битола.
  • В. Санев Неолитот и неолитските култури во Македонија, Цивилизации на почвата на Макдонија, МАНУ, 1995, Скопје
  • В. Санев, Младо камено време во Македонија, Археолошка карта на Македонија, МАНУ, 1994, Скопје
  • В. Санев, Праисторијата во Македонија, Од археолошкото благо на Македонија (каталог), 1981, Скопје
  • М. Гарашанин, Проблеми неолита и енеолита Централног Балкана у вези са резултатима истраживања у Македонија, МАА 10, 1989, Скопје
  • M. Garašanin, Centralnobalkanska zona, Praistorija jugoslovenskih zemalja II – neolitsko doba, 1979, Sarajevo
  • И. Микулчиќ, Уметноста во каменото време, Уметничко богатство во СР Македонија, 1981, Скопје
  • М. Гарашанин, В. Санев, Д. Симоска, Б. Китановски, Предисториски култури во Македонија, 1971, Штип
  • М. Гарашанин, Еден осврт на праисторијата на Македонија, Гласник на ИНИ, 1968, Скопје
  • А. Бенац, Неки проблеми односа Македоније и западног Балкана у неолитском добу, МАА 10, Скопје
  • A. Benac, Ohridsko jezero i južna Pelagonija, Praistorija jugoslovenskih zemalja II, 1979, Sarajevo

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top